3ВМРО-ДПМНЕ: Скопје памети, 63 годишнина од земјотресот, во чест на жртвите со благодарност за солидарноста
Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
2Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
МакедонијаШто пишува во официјалниот извештај на Венецијанската комисија за законот за јазици?На 25 страници, и со слична содржина како и начелното мислење објавено во петокот – Венецијанската комисија ги објави сите забелешки и препораки за законот за употреба на јазиците.Клучни остануваат препораките во делот на правосудството и казнените одредби, но се додава дека предлог – законот излегува од предвидените Европски рамки. Во заклучоците на мислењето, се повторува барањето властите во земјава ја преиспитаат употребата на законот преку консултации со сите засегнати страни во земјава. -Мислењето на Венецијанската комисија е дека во одредени области, законот оди предалеку со наметнување на она што се покажа како нереална правна обврска врз јавните институции. Особено во случајот со одредбите со кои се предвидува употреба на албанскиот јазик во судските постапки кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка за да бидат целосно спроведени. Во мислењето се додава и дека на голем дел од одредбите им недостасува јасност и прецизност бидејќи некои членови од законот се премногу општи. Во мислењето, Комисијата дава и забелешки за идејата за двојазични униформи и банкноти, за кои вели дека се надвор од европските рамки, но не и без преседан. -Според комисијата, членот 8 од законот за јазиците оди далеку повеќе од минималните предвидени стандарди за заштита на малцинствата. Дури ни детално напишаната Европска повелба за човекови права, не предвидува такви обврски во врска со банкноти, монети, поштенски марки и униформи на една земја. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски денеска порача дека неговата партија ќе достави амандмани за законот за употреба на јазиците, кого го нарече правна дивоградба. Мислењето од Венецијанската комисија веќе неколку денови ја бранува јавноста, а предизвика и реакции во владината коалиција, од каде излегоа со различни толкувања за забелешките на комисијата. Премиерот Заев прво најави дека власта ќе ги почитува укажувањата, а потоа ретерираше и кажа дека нема да се дозволи повторно да се отворат работи кои би можеле да не поделат. Вицепремиерот Бујар Османи пак предупреди дека секое еднострано поместување на законот може да ја врати земјава во периодот пред 2001-та година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаГолем пожар во парк шумата Гази Баба (ВИДЕО)Голем пожар претпладнево избувна во парк шумата Гази Баба.Пожарот се заканува дека ќе ги зафати станбените објекти во околината на парк шумата Гази Баба. Од ЦУК информираат дека на терен делуваат противпожарните екипи на Град Скопје. Според последните информации од ДЗС , пожарот е ставен под контрола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика Ова раководство на ДУИ го мрази мнозинството Албанци кое ги испрати во опозиција. Нивната деструктивност и нагон за самоуништување зазема загрижувачки размери. Блокираат Закон за правична застапеност и директно работат против еден од темелните принципи на Охридскиот договор. Ова раководство на ДУИ боледува од политичко слепило. Не ја сфаќаат сопствената одговорност. Со нивното криминално владеење цели 22 години во Владите на СДСМ и ВМРО станаа најлошиот можен претставник на Албанскиот глас. Албанците повеќе не сакаат да бидат претставувани од луѓе кое злоупотребувале и проневериле ЕУ фондови и не им обезбедиле на граѓаните чиста вода за пиење. Албанците нема никогаш повеќе да се идентификуваат со ова нереформирано ДУИ кое е директно одговорно за обезвреднување на Албанската политика. За да се спасат од кривична одговорност за нивното коруптивно поведение во последните Влади на СДСМ, малата група околу Ахмети се нуди политички да одработи ВМРО да освои повеќе од 60 пратеници на следните парламентарни избори. Обидот да се создава лажна слика дека правата на Албанците се загрозени само затоа што ДУИ не е коалиционен партнер и во оваа Влада е свесно и со умисла одработување за политичките интереси на Македонската десница и предавство на Албанската кауза, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Скопје памети, 63 годишнина од земјотресот, во чест на жртвите со благодарност за солидарностаДенес Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година, ден што засекогаш го промени ликот на градот, но не и духот на неговите жители.Во чест на оние што ги загубија животите, со почит кон преживеаните и со благодарност до сите што помогнаа Скопје повторно да се издигне, денес на 63 годишнината, се поклонуваме пред историјата што нe научи на солидарност, храброст и човечност. Во овие моменти со пиетет им оддаваме почит на сите загинати, се поклонуваме пред храброста на преживеаните и со благодарност се потсетуваме на несебичната помош што пристигна од целиот свет. Благодарение на единството, човечноста и меѓународната солидарност, Скопје не само што беше обновено, туку стана препознатливо како град на солидарноста, симбол на надежта, отпорноста и вербата во подобрата иднина. Нашата обврска денес е да го чуваме тоа наследство. Да градиме институции што се грижат за граѓаните, да вложуваме во безбедност, отпорност и развој и да негуваме општество во кое солидарноста, единството и меѓусебната почит ќе бидат темел на секој напредок. Нека споменот никогаш не избледи, а пораката за единство и надеж продолжи да живее во секоја генерација. Скопје памети. Скопје не заборава, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook