СветТрамп: Би сакал да видам обединета ИрскаАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска, тврдејќи дека „тоа на крајот ќе се случи“.За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша тој. Еден новинар го праша за неговото мислење за ирското обединување. Свртувајќи се кон ирскиот премиер Михол Мартин, кој седеше до него, Трамп додаде: „Разговараме за тоа, а вие го имате вистинскиот човек овде кој би можел да го придвижи процесот. Но, да, мислам дека тоа би било фантастична работа“. Q: What’s your view on Irish unification? Trump: I’d love to see it unified. I think it would be a great thing. How could it be bad? pic.twitter.com/88FOXsBOoM — Acyn (@Acyn) September 12, 2026 „Новинарите се обидуваат да ми наместат стапица“ Тој подоцна дополнително го нагласи својот став за време на обраќањето во резиденцијата на американскиот амбасадор. Тој се потсети како еден новинар го прашал што мисли за обединувањето на Северна Ирска и Република Ирска. „Морате да разберете дека со новинарите – барем кога станува збор за мене – секое прашање е стапица. Тие секогаш се обидуваат да ви наместат стапица, прашувајќи: 'Што мислите за обединувањето на Северна Ирска и Ирска?' Мислам дека дадов добар одговор. Утре ќе читаме за тоа“, предвиде Трамп. „Тоа е едно од оние прашања на кои, без разлика што ќе кажете или колку добро ќе го кажете, нема добар одговор, нели? Има четири или пет такви – би можел да набројам и други, но нема да ве охрабрувам. Сепак, тоа беше едно од тие прашања. Всушност, реков дека, искрено, тоа би било многу одлична работа. Мислам дека би било одлично“, додаде тој. За време на средбата со Мартин, тој рече дека односите меѓу Ирска и САД „никогаш не биле толку добри како сега“. Тој го опиша Мартин како „пријател“ и рече дека „имале одличен однос уште од почетокот“. Трамп подоцна ќе отпатува во своето одморалиште за голф во Дунбег, округот Клер, каде што се одржува турнирот „Ириш опен“. Бурнам ја отфрли можноста за референдум Британскиот премиер Енди Бурнам поттикна политичка дебата на островот Ирска претходно оваа година, кога изјави дека референдум за обединување „не доаѓа предвид“. Според одредбите на Договорот од Белфаст, односно Договорот од Велики петок од 1998 година, британскиот министер задолжен за Северна Ирска е должен да распише референдум за статусот на Северна Ирска доколку смета дека обединувањето ќе биде поддржано од мнозинството гласачи. За да дојде до уставна промена, и граѓаните на Република Ирска мора да гласаат за обединување. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање. Поднесени се над 100 амандмани. Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то. Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 7 Попова Шапка, 9 Крушево, Лазарополе, 10 Гевгелија, 11 Скопје – Петровец, Струмица, 12 Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Тетово, Битола, 14 Прилеп, Куманово, Берово, 15 Велес, 16 Штип, Крива Паланка, Виница, Демир Капија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 9 Лазарополе, 5 Пожаране, 3 Битола, 2 Претор, 1 Попова Шапка, Крушево, Куманово. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook