Штипските такси превозници од новиот локален совет ќе бараат повисоки цени на такси превозот

​Здруженијата на такси компании од Штип и од источниот регион од новите Совети на општините ќе бараат зголемување на цените на такси превозот.

Глигор Арсов, претставник на Здружение на такси возачи – Штип, вели дека барањето им е подготвено, се чека само формирањето на новите локални совети.

Според штипските таксисти, стартната цена од 50 денари треба да се зголеми на 70, бидејќи возат со загуба, а се зголемува и цената на горивото. Арсов вели дека ако пред четири години во Штип имало 300, сега има 150 такси возачи. Причина за намалување на такси возилата низ улиците е пандемијата, како и неисплатливоста да се занимаваат со овој бизнис.

Арсов посочува дека новите законски одредби за смена на регистерските таблички кои се веќе во сила, односно, секое такси возило мора да има жолта регистерска табличка, им оди во прилог на поголема професионализација на такси превозот и јасни правила во овој бизнис.

– Новите жолти регистерски таблички, како и доколку се прифати и ограничувањето на староста на возилата, а во моментов се возат и возила од деведестеттите години ќе придонесат за поголема професионализација, но, и за поквалитетни услуги кон патниците. Нема да има диви такси превозници, а ќе имаме осигурани возила, како и патници, вели Арсов.

Такси возачите регистерските таблички треба да ги заменат во рок од една година, односно кога ќе го регистрираат своето возило. /МИА

Новите полицајци му ја запеаја на мин. Тошковски - Бисер Балкански!

На денешната промоција на новите припадници на МВР во Идризово се обрати и тех. премиер Џафери на албански јазик.

За време на официјалниот дел на овој свечен чин присуствуваа: Таљат Џафери, мин. Панче Тошковски, доп. мин. Митко Бојмацалиев и дир. на БЈБ Саши Тасевски.

Новите припадници на полициските служби беа поздравени од тех. премиер Џафери на албански јазик, а по завршувањето на церемонијата во центарот во Идризово, при спуштање на македонското знаме, новите македонски полициски сили кои ја завршија обуката ги поздрави мин. Панче Тошковски а тие му возвратија со поздравна песна - легендарната Бисер Балкански.

Конте седнува на клупата на Наполи

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Италија, Антонио Конте, се согласил да застане на чело на Наполи, пренесува денеска Раи Спорт.

Според истиот извор, 54-годишниот Италијанец ќе потпише тригодишен договор.

Неговата плата ќе изнесува 6,5 милиони евра годишно.

Конте својот последен тренерски ангажман го имаше на клупата на лондонски Тотенхем, од 2021 до 2023 година.

По 33 кола Наполи е на 8. место во Серија А со 49 бодови.

Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев

Со откривање на спомен биста на патронот во ОУ „Никола Карев“, во Кочани почна одбележувањето на 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер и претседател на Крушевската Република.

На свеченоста на која присуствуваа ученици, вработени, граѓани и претставници од централната и локалната власт, беше нагласено дека по три децении од преименувањето, училиштето добива соодветно спомен обележје што ќе го краси училишниот двор.

- Во 1993 година нашето училиште се одделило од друго основно училиште со кое заеднички носеле име на револуционер од југословенското минато. Во таа учебна година го добило сегашното име и имало многу време и простор да се постави обележје на патронот, но токму денеска, нам ни припадна честа да ја реализираме иницијативата. Бистата ја изработи и ја донираше скулпторот Борче Србиновски, за што упатуваме голема благодарност, истакна Александар Андов, директор на ОУ „Никола Карев“.

Учениците и наставниците од ОУ „Никола Карев“ организираа свечена програма со која го одбележаа патрониот празник, а признанија им беа оддадени на сите соработници, поддржувачи и вработени кои во изминатиот период дале придонес во унапредувањето на условите за настава.

Во рамки на одбележувањето на годишнината, денеска претставници од општините од регионот и од граѓански здруженија го посетија спомен паркот во месноста Свиланово, кај кочанското село Рајчани, каде загинал револуционерот. Исто така, почит на великанот му беше на оддадена со положување свежо цвеќе на спомен обележјата во Паркот на Револуцијата во Кочани и кај селото Тркање.

притисни ентер