Премиерно изведена претставата „Мац Мац“ во велешкиот театар - Канал 5

Премиерно изведена претставата „Мац Мац“ во велешкиот театар

На сцената на велешкиот народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа премиерно беше изведена претставата „Мац,Мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски.

Премиерно изведена претставата „Мац Мац“ во велешкиот театар

Во неа настапија актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева.

Музиката е на Мориц Вернер од Германија, сценографија на Дардан Жегрова од Косово и Филип Петковски, а костимографијата е на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Режисерот Филип Петковски појаснува дека Вилијамс честопати презентира длабоко несреќни и маргинализирани ликови кои се борат со своите внатрешни демони, социјални притисоци и комплексност на нивите човечки односи. Најчесто тие се аутсајдери желни да станат дел од некаква заедница.

Додава дека и во неговата претстава „Мац Мац“ публиката проследи една длабоко несреќна фамилија која сонува за живот, а во кој депресијата не е опција. Но за жал излезот го бара во погрешни вредности и супстанции за да ја прими дневната доза допамин. Појаснува дека тоа за жал тоа се луѓе кои сите ние добро ги познаваме со кои можеме да се поистоветиме или луѓе кои и ние самите сме биле. Потенцира дека за жал тоа е еден од главните проблеми на нашето депресивно општество.

Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура.

Инаку претставата има најава дека ќе биде изведена на фестивалот ФИАТ во Подорица, а потоа и на уште неколку фестивали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започнува преместувањето на мигрантите во Сеута

Шпанската национална полиција и Цивилната гарда денес започнаа операција за преместување на мигрантите од плажата Ел Трамполин во Сеута во прифатните центри што ги основа шпанската влада.

Започнува преместувањето на мигрантите во Сеута

Владата подготви два објекта за сместување на 1.800 лица, со планови за проширување на овој капацитет наскоро.

Први што ќе бидат преместени ќе бидат мигрантите што моментално се наоѓаат на плажата Ел Трамполин и во областа Лома Колменар, пишува Паис.

Во соопштението од шпанското Министерство за инклузија се наведува дека во координирана акција на безбедносните сили, владата на Сеута спроведува доброволно преместување на мигрантите во овие објекти.

Претседателот на регионалната влада на Андалузија, Хуан Мануел Морено, објави дека денес ќе пристигне во Сеута.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Мицкоски живее во свој свет - граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери

Владата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет .

Филипче: Мицкоски живее во свој свет - граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери

Владата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет да ги убеди граѓаните дека живеат подобро граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

„Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во земјоделството. Имаме најлош извештај од Европската Унија, нема владеење на правото, нема реформи во правосудството, нема слобода на медиумите“, рече Филипче.

Тој посочи дека Мицкоски продолжува да им се обраќа на граѓаните со потсмев и потценување и дека бројките што премиерот ги презентира немаат допир со реалниот живот на луѓето.

„Вчера го слушам на интервјуто, платите растеле 70 пати или проценти, што и да сакаше да каже, побрзо, пензиите, замислете, 325 проценти, се споредува со времето на владите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Меѓутоа, граѓаните не можат да се излажат“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека статистиката што ја презентира Мицкоски постои само во светот на премиерот и на малата група луѓе околу него, додека реалноста на огромното мнозинство граѓани е сосема поинаква.

„Тие бројки кои што премиерот ги кажува, очигледно од светот во кој што само тој и неговата мала група на луѓе околу него живеат, граѓаните не ги чувствуваат. Тие ги гледаат празните паричници и празните фрижидери“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

YouTube video

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ повторно ќе го поднесе во Собранието предлог-законот за 600 евра минимална плата. Филипче посочи дека и покрај фалењето на премиерот Мицкоски со наводни економски успеси и раст на платите, граѓаните реално не ги чувствуваат тие бројки, туку се соочуваат со растечки трошоци и се потешко ги покриваат основните потреби.

„Граѓаните не можат да се прелажат, тие бројките кои што примерот ги кажува очигледно од светот во кој што само тој и неговата мала група на луѓе околу него живеат, граѓаните не ги чувствуваат, тие ги гледаат празните паричници и празните фрижидери. Ако е така како што кажува, дека сме трета, четврта економија во светот, ако добро и успешно се справуваат со инфлацијата, ако добро ги менеџираат финансите, еве прва мерка, повторно, на почетокот на септември, откако ќе почне со работа Собранието, ќе го дадеме законот во Собранието и минималната плата ќе побараме да биде 600 евро“, рече Филипче.

Тој нагласи дека со минимална плата од 600 евра ќе им се овозможи на работниците да ги покријат основните трошоци, особено во период кога почнува учебната година и растат семејните расходи.

„Не 26.000 денари како што е сега, туку толку колку што им е потребно на луѓето да ги закрпат основните потреби, основните трошоци, посебно кога почнува школската година и кога трошоците за живот, за функционирање многу растат“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, посочи дека паралелно мора да се зголемат и платите во повеќе сектори, по примерот на мерките што, кои Владата на СДСМ ги реализираше во првите две години од својата Влада.

„Освен тоа што ќе го бараме зголемување на минималната плата на 600 евра, ќе побараме, а согласно тоа што ние го работевме и го остваривме во нашата Влада, и тоа во првите две години, зголемување на платите во повеќе сектори, да основните плати на специјалистите, лекари во здравството, се зголеми за 40% и исто толку проценти за вработените во образованието“, рече Филипче.

Филипче рече дека ова е конкретниот одговор на СДСМ на економските политики на премиерот на Мицкоски и Владата на ВМРО, кои се фалат со статистики додека граѓаните се соочуваат со реално поскапување на животот.

„Владата предводена од Христијан Мицкоски веќе ја започна третата година од својата работа и на ниту едно поле, ние не гледаме никакви резултати. Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во земјоделството“, рече Филипче.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=j2GyCvCdn08

Скопје, 20.8.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц во минус, постојано ја губи поддршката

Германскиот канцелар Фридрих Мерц постојано ја губи поддршката кај граѓаните, според резултатите од анкетата за телевизијата „ZDF“. 

Мерц во минус, постојано ја губи поддршката

На скала од +5 до -5, Мерц доби рејтинг од минус 1,9 од испитаниците - неговиот најлош резултат досега.

На крајот на јули, канцеларот, кој е и лидер на Христијанските демократи (CDU), имаше рејтинг од минус 1,5 во анкетата спроведена од Институтот Вален.

На врвот на листата сè уште е министерот за одбрана на социјалдемократите (SPD) Борис Писториус, со рејтинг од 1,3.

Лидерот на социјалдемократите и вицеканцелар Ларс Клингбајл останува во негативната зона, со непроменет минус 0,6.

На дното на листата од 10-те најважни политичари е копретседателката на Алтернатива за Германија (AfD) Алис Вајдел со рејтинг од минус 2,5.

Анкетата, исто така, укажува на големи сомнежи за поддршката за Мерц во рамките на неговата сопствена партија. Дури 80 проценти од испитаниците, вклучувајќи 67 проценти од поддржувачите на ЦДУ, рекле дека партијата не го поддржува целосно својот лидер.

Доколку изборите се одржат следната недела, АфД би освоила 27 проценти од гласовите, според анкетата, и би останала далеку пред ЦДУ, која би добила 22 проценти.

Двете партии изгубиле еден процентен поен од анкетата кон крајот на јули.

СПД останува на 12 проценти, додека Зелените се зголемија за еден процентен поен на 14 проценти. Левичарската партија остана на 12 проценти.

Институтот Вален ја спроведе анкетата од 17 до 19 август, преку телефон и преку интернет, на примерок од 1.319 гласачи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер