3Божиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економија
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
ЕвропаШпанскиот премиер по упадот на полицијата во седиштето на наговата партија: Ништо не криемеШпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека неговата Социјалистичка партија (PSOE), чие седиште беше претресено од полицијата како дел од истрагата за можно нелегално земање јавни пари, „не крие ништо“.Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека неговата Социјалистичка партија (PSOE), чие седиште беше претресено од полицијата како дел од истрагата за можно нелегално земање јавни пари, „не крие ништо“ и го отфрли барањето на опозициската десница за распишување предвремени избори. „Важно е да се почитува прсумпцијата на невиност.Ние сме партија која не крие ништо“, рече Санчез на прес-конференција во Рим, каде што моментално се наоѓа. „Не криеме ништо“ Полицијата утрово влезе во седиштето на владејачката PSOE во Мадрид со судска наредба за собирање информации за можна нелегална финансиска шема. Поранешниот член на партијата, Леире Диез, е осомничен дека учествувал во создавањето и работењето на компанија која примала провизии од компании кои добивале договори и пари од државата што го држи SEPI во текот на 2022 и 2023 година, а можеби и подоцна. Како дел од таа истрага, поранешниот секретар на партијата, Сантос Сердан, поранешниот директор на SEPI и неколку други лица се под сомнение. Полициската операција доаѓа два дена откако, во друг случај, судија побара сведочење од поранешниот претседател на социјалистичката влада, Хозе Луис Родригез Запатеро, кој е осомничен за кривични дела злоупотреба на влијание и перење пари. Случајот против сопругата на премиерот Санчез за злоупотреба на влијание исто така е во тек. Опозицијата бара избори, Санчез одбива Лидерот на опозициските конзервативци, Алберто Нуњез Фејо, во обраќање до медиумите изјави дека Санчез треба да распише предвремени избори. „Не можам да распишам избори поради партиски интерес“, рече Санчез. Тој рече дека стабилноста е во општ интерес на Шпанија. Санчез е на власт од летото 2018 година, кога парламентот изгласа недоверба на тогашниот конзервативен премиер Маријано Рахој, бидејќи неговата Народна партија беше осудена за корупција. Редовните парламентарни избори треба да се одржат следната година. Шпанскиот премиер се сретна со папата Лав XIV во Ватикан во среда, кој ќе биде во Мадрид од 6 до 9 јуни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
БизарноПрофесорка во Австралија сексуално злоставувала двајца средношколци, оди во затворПоранешна професорка во средно училиште во Сиднеј е осудена на 15 месеци затвор за сексуални дејствија во кои биле вклучени двајца ученици. Тејла Ли Брејли денес се појави пред Окружниот суд во Парамата откако се изјасни за виновна по четири обвиненија, објавува „Канбера тајмс“. Обвиненијата се однесуваат на прекршоци извршени во текот на 2024 година, кои вклучуваат сексуални дејствија со двајца тинејџери, како и користење на телекомуникациски услуги за испраќање и пристап до материјал што прикажува злоупотреба на деца. Судијката Елизабет Рајан изјави дека начинот на кој Брејли ја издал довербата меѓу професорката и нејзините ученици заслужува затворска казна. „Ваквите прекршоци нанесуваат огромна штета на довербата што мора да постои помеѓу семејствата и образовниот систем“, изјави судијката Рајан. „Поради тоа, единствената соодветна казна е затворска“, додаде таа. Детективите првично ја уапсија Брејли во август 2024 година, во едно училиште во Сиднеј. Ученик: Го напуштив училиштето од срам Во тоа време, таа беше обвинета за сексуално вознемирување и за одржување сексуални односи со лице под посебна грижа. Откако беше пуштена на слобода со кауција, таа повторно беше уапсена помалку од две недели подоцна. Притоа, таа беше обвинета за дополнителни сексуални дејствија во кои бил вклучен уште еден тинејџер. На суд беше изнесено дека Брејли била таа што прва стапила во контакт со еден од младите мажи. Судијката прочита изјава за влијанието врз жртвата, подготвена од еден од тинејџерите, при што истакна дека нејзините постапки оставиле длабока трага кај учениците. „Тој напиша дека чувствува срам и дека морал да го напушти средното училиште пред да го заврши 12-то одделение – што одговара на нашата четврта година во средно училиште – токму поради тој срам“, изјави судијката. „Тој пател од несоница и бил прогонуван од трауматични сеќавања. Рече дека никој од неговите пријатели од училиштето веќе не разговара со него. Се чувствувал како тоа да е негова вина“, нагласи таа. Судијката се осврна и на писмата од членовите на семејството на обвинетата, во кои се наведува дека поради овие кривични дела, 32-годишната жена останала без брак, работа и углед. Таа, исто така, изнесе детали од психолошката проценка доставена до судот. Во извештајот се наведува дека на Брејли ѝ е дијагностицирано биполарно растројство и дека, најверојатно, се наоѓала во манична фаза во моментот кога биле извршени делата. „Во јули 2024 година, г-ѓа Брејли направи ужасни грешки. Таа ја искористи својата положба како наставничка за да ја злоупотреби довербата на две млади лица“, изјави судијката. Брејли ќе стекне право на условен отпуст на 24 април 2027 година. Судијката, исто така, наложи нејзиното име да биде внесено во полицискиот регистар на сексуални престапници во Нов Јужен Велс, во траење од 15 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаХоџа: Со поддршка од ЕУ го унапредуваме системот за квалитет на воздухотМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на завршниот настан на проектот SMILE, реализиран со поддршка на Европската Унија преку ИПА II програмата.Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на завршниот настан на проектот SMILE, реализиран со поддршка на Европската Унија преку ИПА II програмата, чија цел е унапредување на системот за управување со квалитетот на воздухот. Хоџа истакна дека борбата против загадувањето бара системски пристап, сигурни податоци и координирано дејствување на сите надлежни институции. Во рамки на проектот се подготвени нацрт на новиот Закон за квалитет на амбиентниот воздух, осум нови подзаконски акти, како и национални планови за квалитетот на воздухот и контрола на загадувањето за периодите 2027–2031 и 2027–2037 година. Проектот придонесе и за унапредување на мониторингот на загадувањето, подобрување на инвентарите на емисии и јакнење на институционалните капацитети. „Нашата одговорност е податоците и законските решенија да ги преточиме во поефикасни политики и подобар квалитет на воздухот. Продолжуваме да работиме на системски решенија што ќе придонесат за заштита на здравјето на граѓаните и почиста животна средина“, порача министерот Хоџа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Во тек е поставување на подземен контејнер со три корпи на ул. „Никола Минчев“ Во тек е поставување на подземен контејнер со три корпи на ул. „Никола Минчев“ спојот со ул. „Моша Пијаде“, информира преку својот фејсбук профил градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. -Во насока на унапредување на комуналната инфраструктура и одржување на почиста и поуредена животна средина, во тек се активности за поставување на подземен контејнерски систем со три корпи, кој ќе придонесе за поефикасно собирање на отпадот и подобро искористување на јавниот простор. Изведувач на работите е „Метал Апостолов“. Со ваквите активности продолжуваме со унапредување на јавните површини и создавање почиста, поуредена и поздрава животна средина за сите граѓани. [♻️] Заедно за почист и поубав град!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00