Шпанската Влада го обвини Мароко за „агресија" и „уцена"

 Шпанската Влада денеска го обвини мароканскиот министер за одбрана за „агресија" и „уцена" откако од понеделникот над 8.000 мигранти илегално влегоа во шпанската ексклава Сеута.

Бранот мигранти од соседен Мароко „претставува агресија на границите на Шпанија, но и на границите на Европската унија", изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес, осудувајќи ја „уцената" на Рабат, кого го обвини за „користење на малолетници".

– Не зборуваме за млади на возраст од 16, 17 години, Мароко пропушта деца на возраст од седум или осум години, според она што ни го соопштија невладините организации (...), игнорирајќи го меѓународното право, рече шпанската министерка.

Шпанската Влада во вторникот го повика мароканскиот амбасадор и му го изрази своето „незадоволство", а премиерот Педро Санчез вчера го обвини Рабат за „недостиг на почит".

Од понеделникот, повеќе од 8.000 луѓе, од кои повеќето Мароканци, непречено стигнаа до малото шпанско пристаниште преку море, благодарение на пропуштањето од страна на мароканската гранична контрола.

Меѓу нив имало и голем број малолетни лица кои пристигнале сами или мали деца донесени од нивните семејства.

Односите меѓу Мароко и Шпанија се влошија во врска со прашањето за мигрантите поради помошта на Шпанија за лидерот на сецесионистичкото движење од Западна Сахара.

Шпанските медиуми јавија дека потегот бил намерен, бидејќи мароканската Влада е наводно вознемирена што Мадрид дозволи влез на Брахим Гали, генералниот секретар на движењето Полисарио фронт.

Движењето бара независност на спорната Западна Сахара во Северна Африка. Мароко ја презеде Западна Сахара во 1975 година откако Шпанија се повлече од регионот. Областа ја смета како дел од нејзината територија. Фронтот Полисарио ја бара независноста на територијата.

Гали од април се лекуваше во Шпанија од коронавирус. Мароко го смета за воен злосторник и остро го критикуваше потегот на Шпанија да му помогне како неоправдан

Полските земјоделци ја прекинаа повечемесечната блокада на границата со Украина

Полските земјоделци денеска ја прекинаа повеќемесечната блокада на граничниот премин со Украина. 

Британските медиуми ја пренесуваат позитивната оценка на украинскиот министер за земјоделство за напорите на Полска да стави крај на блокадата и најави дека се деблокирани сите гранични премини со Полска.

Блокадите започнаа кон крајот на минатата година, по протестите на полските земјоделци поради изземањето на украинските земјоделци од барањето да аплицираат за влез во Полска.

Варшава и Киев со месеци преговараа за изнаоѓање решение за блокадата, а Украина ја повика Европската унија да интервенира. /МИА

Шкотскиот премиер Хумза Јусаф поднесе оставка

 Шкотскиот премиер Хумза Јусаф поднесе оставка откако неговата одлука да се откаже од коалицискиот договор на СНП со шкотските Зелени доведе до владина криза.

-Иако патот низ барањето недоверба за владата оваа недела беше апсолутно возможен, јас не сум подготвен да ги променам моите вредности и принципи или да склучувам договори со некого само за да ја задржам власта, кажа премиерот.

Затоа, додаде Јусаф, „откако го поминав викендот размислувајќи за тоа што е најдобро за мојата партија, за владата и за земјата што ја водам, заклучив дека поправка на нашите односи преку политичкиот јаз може да се направи само со некој друг на чело“.

-Од тие причини, ја известив националната секретарка на СНП за мојата намера да се повлечам од позицијата лидер на партијата и барам што поскоро да се почне со конкурсот за мој наследник“, рече Јусаф.

Тој истакна дека ќе остане прв министер на Шкотска се додека не биде избран неговиот наследник како лидер на СНП. /МИА

Кина со предупредување до САД поради законот за Тајван и законот за ТикТок

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Јиан денеска изјави САД да не спроведува „негативни делови од законот што се „однесуваат на Кина“.

Доколку САД упорно опстојат на својата одлука, Кина ќе преземе решителни чекори за да ги заштити своите безбедносни и развојни интереси, посочи Лин, без да наведе детали.

Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за зајакнување на одбраната на Тајван, како и законот со кој се бара од кинескиот сопственик „БајтДенс“ (ByteDance) на ТикТок да ја продаде платформата во рок од една година.

Владата на Тајван го поздрави новиот американски закон оценувајќи дека ќе помогне во зачувување на безбедноста во регионот. /МИА

притисни ентер