Полските земјоделци ја прекинаа повечемесечната блокада на границата со Украина

Полските земјоделци денеска ја прекинаа повеќемесечната блокада на граничниот премин со Украина. 

Британските медиуми ја пренесуваат позитивната оценка на украинскиот министер за земјоделство за напорите на Полска да стави крај на блокадата и најави дека се деблокирани сите гранични премини со Полска.

Блокадите започнаа кон крајот на минатата година, по протестите на полските земјоделци поради изземањето на украинските земјоделци од барањето да аплицираат за влез во Полска.

Варшава и Киев со месеци преговараа за изнаоѓање решение за блокадата, а Украина ја повика Европската унија да интервенира. /МИА

Недостигот на стручен кадар најголем предизвик за германските инвеститори во Македонија

Недостатокот на стручен кадар е најголем предизвик за германските инвеститори во земјава- покажува последната анкета на Делегацијата на германското стопанство (АХК) за деловната клима во Македонија.

Директорката на АХК во Македонија Антје Ванделт посочи дека токму овој фактор ги демотивира странските компании да инвестираат во земјава, а решението го гледа во дуалното образование, но и во самите компании кои смета дека треба да обезбедат подобри услови за вработените.

-Дури 70 проценти од германските инвеститори во државата сметаат дека недостигот од стручни кадри е еден од најголемите ризици, помеѓу другото води кон тоа да се одразува кон тековното производство, да се одбиваат налози и да се намалуваат планирани тековни инвестиции. Комнаниите да не седат со скрстени раце туку да се обидуваат на вработените кои веќе ги имаат да им овозможат подобри услови,- Антје Ванделт – директорка на АХК во Македонија.

Останати предизвици за инвеститорите според анкетата се трошоците за персонал но и економско политичката состојба во државата. Сепак, на прашањето дали компаниите повторно би инвестирале во земјата, најголемиот дел од испитаниците односно 69% одговориле позитивно. За задржување на овие позитивни резултати Ванделт упати како што рече, неколку желби до новата Влада.

- Прва желба е продолжување на отворениот дијалог. Понатаму, контструктивна размена и консултации со економските тела, коморите, пред да се носат законски измени кои би се одразиле на производната индустрија. Би сакале зголемување на ефикансноста во делот на административните процеси, како што е издавање дозволи за работа, за престој, потоа поголема транспатнетност во процесите и натамошна дигитализација и продолжување на веке започнатите инфраксуктурни проекти.

Во врска со инвестициските расходи, 30 % од компаниите имаат намера да ги зголемат своите инвестиции, 33 да останат на истото ниво, а 37% да ги намалат издатоците за инвестиции.

Анкетата за оценка на деловната клима во Македонија се спроведува 19 години помеѓу германските инвеститори и компаниите членови на Македонско-Германското стопанско здружение.

Лидерите од Западен Балкан на самитот за планот за раст во Котор

Земјите од Западен Балкан да не губат време и да работат на споведување на превземените обвсрки и реформите за да можат да ги користат средствата од Планот за раст на ЕУ. 

Ова е главната порака упатена од Самиот за Западен балкан кој се одржува во Котор под слоганот под слоганот „Еден регион, заедничка визија“. Лидерите на земјите од регинот меѓу кои и техничкиот премиер Џафери, продружуван од првиот вицепремиер Марчиќ ја истакнаа посветеноста на реформите, како клучен чекор за доближување на регионот во Унијата.

„Очекувам да се спроведат најновите патокази кои се однесуваат на забрзаното придвижување кон заедничкиот внатрешен пазар, но и спроведувањето на реформската агенда “--Талат Џафаери, технички премиер.

„Посветеноста на ЕУ за забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан и на Македонија е силен поттик за нас на ниту еден начин да не го опструираме овој процес. Станува збор за процес за брза европеизацијата на државата којашто мора да продолжи според веќе утврдените планови и приоритети за просперитет на секој граѓанин, на Македонија и на регионот и Европа“-– Бојан Маричиќ , прв заменик претседател за европски прашања.

Српскиот престедател Вучиќ Вучиќ поздравувајќчи го Планот за раст порача дека очекува да донесе добри резултати во регинот, додека албанскиот премиер Рама порача дека земјите од регинот се подготвени и ЕУ треба да ги отвори вратите и пред спроведување на сите реформи, на што помошник државен секретар на САД Џејмс О'Брајен порача дека земјите од регинот прво мора да ги завршатат домашните задачи. Според еврокомесарот Вархеји, пак Планот за раст веќе се реализира, а придобивките ќе можеле да се почуствуваат веќе од следната година.

„Подготвивме индивидуални реформски планови, идентификувавме клучни иницијативи, кои ќе нѐ доближат до заедничкиот пазар и, конечно, почнавме да се подготвуваме за заеднички регионален пазар. Накратко, подготвени сме“,– Еди Рама, премиер на Албанија.

„ Убавината на Планот за раст е во тоа што за секој учесник поракта е едноставна – завршете ја својата домашна задача и немојте да барате другите прво да прават нешто за вие да може да ја завршите работата. За секој лидер тука колку и да се другите прашања поважни, на секој од вас е со помош од нас да го завршите вашиот дел од работата“-– Џејмс О’Брајен, помошник државен секретар на САД.

Планот за раст на Западен Балкан, кој Европската комисија го усвои во ноември лани предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра, од кои две милијарди се грантови, а четири милијарди поволни заеми од ЕУ.

Економската директорка наспроти укажувањата на ДСЗИ вработила 18 лица со истечени договори

Од денеска на Клиниката за токсикологија почнале со работа 18-те претходно вработените на кои економската директорка Бесија Иљази вчера им ги потпиша договорите за работа, велат извори од клиниката.

Извори за Канал 5 велат дека денеска во униформа на работа дошол и болничарот кои се обидел да смени резулати од урина со дрога со чиста урина. Иако Иљази потпишала овие договори се неважечки велат од Државниот сантирарен инспекторат. Од ДСЗИ се уште не добиле повратница од пошта дека Клиниката за токсикологија го добиле решението каде се вели дека овие 18 луѓе не смеат да доаѓаат н работа.

Од ДСЗИ рекоа дека наредна мерка ќе биде казна за двајцата директорки и за Данил Петровски и за Бесија, бидејќи во клиниката не смеат да работат луѓе кои не се одобрени од двајцата директори. Медицинскиот директор на клиниката Данил Петровски се уште го користи стариот одмор. Тој во вторникот беше разрешен бидејќи бил на дежурство а користел денови од годишен одмор. Петровски потенцира дека тоа е дозволено во случаи кога има потреба од медицински кадар се случувало и доктори да дојдат од одмор за дежурство.

Вчера и докторот од токсикологија Нико Беќаровски побара јавно да му се извини министерот Демири кој го обвини Беќаровски дека е албанофоб. Беќаровски демантираше дека направил било каква етничка навреда и дека не може незаконското вработување на клиниката да биде поврзано со етничка припадност.

притисни ентер