Шпанска тенисерка поради топлотен удар во количка изнесена од теренот во Токио - Канал 5

Шпанска тенисерка поради топлотен удар во количка изнесена од теренот во Токио

Пеколни температури во Токио, домаќинот на 32 Летни Олимписки игри. Шпанска тенисерка поради топлотен удар во количка го напуштила теренот.Најдобрите светски тенисери и тенисерки уште пред почетокот на турнирот се жалеа на нехуманите услови за игра.

Шпанска тенисерка поради топлотен удар во количка изнесена од теренот во Токио

Тенисерката од Шпанија Паула Бадоса поради пеколните температури го предале четвртфиналниот меч на олимпискиот турнир во Токио со Маркета Вондрошов.

Чешката тенисерка во моментот на прекинот водела со 1-0 во сетови.

Бадоса разговарала со докторите, но, огромната влажност од 72% и топлото време многу влијаеле на нејзината состојба и доживеала топлотен удар поради кој во количка морала да го напушти теренот.

Тенисерите уште пред почетокот на Игрите најавуваа дека пеколните температури и големата влажност ќе бидат нивниот најголем противник во Токио.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи

Јавно објавени фотографии и видео на кое се гледаат лица во костими за капење како се качуваат по надворешниот ѕид на потонатата црква Свети Никола во Маврово предивикаа бура од реакции на социјалните мрежи.

Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи

Авторот на фотографиите вели дека станува збор за претежно странски туристи кои пристигнале организирано со комбиња и се качиле директно на црквата, при тоа облечени несоодветно за црковен простор.

Она што особено загрижува е тоа што ваквото однесување може да доведе до оштетување на самиот објект, се вели во објавата, во која се повикуваат надлижните да реагираат за да се заштити еден од најмаркантните објекти во Маврово и Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер