Шпанецот Лопетеги нов тренер на Вест Хем

Англискиот фудбалски прволигаш Вест Хем Јунајтед објави денеска дека го назначил поранешниот селектор на Шпанија, Хулен Лопетеги, за нов тренер.

„Мојата амбиција како тренер е секогаш да бидам подобар и подобар, да постигнувам повисоки цели и да ги охрабрувам и усовршувам играчите, тимот и да се натпреварувам, бидејќи фудбалот е токму тоа“, изјави Лопетеги, кој официјално ќе му се приклучи на Вест Хем на 1 јули.

Ова ќе биде втор пат за 57-годишниот тренер да биде на чело на клуб од Премиер лигата, откако го предводеше Вулверхемптон од ноември 2022 до август 2023 година.

Пред неговиот ангажман во Вулверхемптон, тој беше тренер на Севиља (2019-2022), со која играше во Лигата на шампионите и ја освои Лигата на Европа во 2019/20. Пред тоа беше тренер на Реал Мадрид (2018-2019), откако претходно две години беше селектор на шпанската репрезентација.

Видео: Гоца Тржан му одржа лекција на едно момче од публиката

Популарната пејачка Гоца Тржан имаше настап за своите фанови, а поради помлад фан мораше да го прекине концертот за јавно да одговори на неговите барања.

Пејачката Гоца Тржан важи за личност која често гласно ги искажува своите ставови.

Гоца на еден свој настап му „одржа лекција“ на едно момче од публиката кое негодуваше за нејзините песни и бараше да отпее нешто од репертоарот што пејачката го окарактеризира како „денешен минлив тренд во музиката“.

„Пеј нешто за нас“, викна еден дечко од публиката.

- Знаеш што, друже, јас не ги знам знам тие „дрнди мрнди“. Не учев за вечерва, дај кец. Има стари песни што можам да ги изведам. Не би сакала да ги набројувам сите брендови во светот, тоа ми е досадно. - рече Гоца Тржан и предизвика овации кај публиката, а потоа продолжи да ги пее нејзините хитови.

УНРВА: Десет деца дневно губат една или две нозе во Газа

Во просек по десет деца во Појасот Газа секој ден остануваат без едната или двете нозе, предупреди денеска шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини.

-Секој ден имаме во просек по десет деца кои остануваат без едната или двете нозе, рече Лазарини на прес-конференција во Женева, додавајќи дека тие податоци не ги вклучуваат децата кои останале без рака или шака.

Тој рече дека тие податоци се базираат на податоците на УНИЦЕФ.

-Десет на ден, тоа се речиси 2.000 деца по повеќе од 260 дена од таа брутална војна. Знаеме дека најчесто ампутациите се вршат во ужасни услови и понекогаш без никаква анестезија, а тоа важи и за децата, рече тој.

Лазарини го спомена и извештајот на невладината организација Save the Children во кој се наведува дека од почетокот на војната во Појасот Газа „исчезнале до 21.000 деца“, без разлика дали биле затрупани под урнатините, заробени, закопани во анонимни гробници или изгубени контакти со семејството и роднините./МИА

Видео: „ChatGPT“ пристигна во автомобилите на „Volkswagen“

„Volkswagen“ конечно го интегрира „ChatGPT“ во своите автомобили.

Оваа технологија ја има кај сите возила од семејството „ID“, како и кај новите модели „Golf“, „Tiguan“ и „Passat“.

Возачите ќе можат да пристапат до „ChatGPT“ преку гласовниот асистент, а тој може да ја контролира климатизацијата, навигацијата и многу повеќе.

„VW“ соопшти дека „ChatGPT“ ќе може да бара информации за туристички атракции или за резултат од спортски натпревар.

Исто така, се додава дека вештачката интелигенција ќе може дури и да прави математички задачи за деца.

Тие ги уверуваат корисниците дека нема потреба да се грижат кога станува збор за безбедноста, бидејќи информациите за возилото се испраќаат анонимно до гласовниот асистент само доколку системот „VW“ може да одговори на барањето, а подоцна автоматски се отстрануваат.

Извор: Б92

притисни ентер