Шпанците ќе им го преземат приматот на Јапонците- Македонците во средина

Шпанија во 2040 би можела да ја надмине Јапонија по бројот на долговечни луѓе.

Доколку се остварат прогнозите , САД би паднале од сегашното 43 на 64 место , се наведува во студијата на медицинското списание The Lancet . Според проекциите , направени врз основа на податоците за населението во целиот свет , Шпанија во 2040 ќе биде земја со просечно најдолг век на жителите ,

На второ место ќе биде Јапонија , а потоа Сингапур и Швајцарија. Во овие земји просечниот животен век би бил над 85 години и за двата пола.

Доколку продолжат трендовите во шпанскот здравство , просечниот животен век би изнесувал 85,8 години , наспроти 82,9 во 2016.

Кина би се искачила на оваа листа од 68 на 39 место во 2040. Меѓу земјите на самото дно по очекувањето за должина на животниот век , со помалку од 65 години би биле Средноафриканската Република, Лесото , Сомалија и Зимбабве.

Во студијата на медицинското списание The Lancet се земаат во предвид 250 причинители за смрт од 2016 до 2040 година во 195 земји и територии.

Македонија во оваа студија , заедно со Србија и БиХ е меѓу земјите каде животниот век ќе порасне од сегашните 77 на 80 години во 2040.

Во Албанија , Црна Гора , Хрватска , Бугарија и Романија ќе се живее подолго и тоа 82,5 години , додека во Грција , Турција и Словенија животниот век ќе се продолжи на 85 години во просек за машкиот и за женскиот пол.

Отец Владимир: Денот на смртта е најавата за христовото воскресение

Велики Петок денот кога Христос починал..

Кај верниците овој ден е со посебна жалост, но и денот на смртта е најавата за христовото воскресение.

За суштината на велики петок објаснува Отец Владимир од црквата Света Петка во Скопје.

Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг

Индонезиската Влада трајно ќе ги пресели сите жители на островот Руанг, откако серијата ерупции на истоимениот вулкан предизвикаа загриженост поради опасноста од престој во иднина на истоимениот остров.

Индонезиската Влада трајно ќе ги пресели сите жители на островот Руанг, откако серијата ерупции на истоимениот вулкан предизвикаа загриженост поради опасноста од престој во иднина на истоимениот остров, соопшти денеска министерот за координација на хуманиот развој, Мухаџир Ефенди.

Околу 9.800 луѓе живеат на островот Руанг, во провинцијата Северен Сулавеси, но сите беа принудени да се евакуираат во последните неколку недели поради серија ерупции.

Властите ја подигнаа тревогата на највисоко ниво оваа недела, затворајќи го провинцискиот аеродром во Манадо и предупредувајќи за можно цунами доколку делови од планината се урнат во околните води.

Големи антивладини протести во Братислава, Словаците против планот на Фицо (ВИДЕО)

Во словачкиот главен град Братислава се собраа неколку десетици илјади граѓани да протестираат против намерата на владата на премиерот Роберт Фицо да го реформира јавниот радиодифузен сервис РТВС.

Како што пренесува „Еуроњуз“, опозицијата стравува дека властите ќе го напуштат прозападниот курс и ќе тргнат по стапките на автократот Виктор Орбан, премиер на соседна Унгарија.

Демонстрантите во Братислава веруваат дека целта на владата е да преземе целосна контрола врз јавниот медиумски сервис (телевизија и радио). Коалициската влада на популистот Роберт Фицо одлуката за реформа на јавниот медиумски сервис ја донесе на 24 април, а одлуката на парламентот каде владата го има потребното мнозинство, се очекува во јуни.

Овој план беше жестоко критикуван од словачката претседателка Зузана Чапутова, како и од новинарите, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија. Планот предвидува РТВС да биде заменет со нова медиумска организација.

„Демократијата во Словачка мора да има силен и независен јавен радиодифузер, РТВС, а на вработените во овој дом им треба вашата поддршка“, рече Михаел Шимечка, лидер на опозициската партија Прогресивна Словачка, на митингот што се одржа на Плоштадот на слободата во Братислава.

Планот за реформа на јавниот сервис го претстави Мартина Шимиковичова, министерка за култура која ја претставува Националната партија, ултра-националистичка членка на владејачката коалиција. Таа е позната по тоа што работи за интернет ТВ станица која шири дезинформации.

Таа тврди дека јавниот сервис им дава простор само на „мејнстрим вестите“ и ги цензурира останатите. Според планот, новиот радиодифузер Словачка телевизија и радио (СТВР) ќе има директор кој би избирал совет од девет члена назначени од парламентот во Министерството за култура.

Смер, партијата на Роберт Фицо, освои најмногу гласови на изборите во септември минатата година меѓу проруските и антиамериканските ставови.

притисни ентер