Шон Пен се разведува од 32 години помладата сопруга по само една година брак - Канал 5

Шон Пен се разведува од 32 години помладата сопруга по само една година брак

Актерот Шон Пен се разведува од својата 29-годишна сопруга Лејла Џорџ, пренесува магазинот „Пипл“.

Шон Пен се разведува од 32 години помладата сопруга по само една година брак

Австралиската актерка во петокот поднела барање за развод од 61-годишниот актер во Високиот суд во округот Лос Анџелес. Шон и Лејла биле во брак една година. Причината за нивната разделба во моментов не е позната.

Шон и Лејла биле во врска од 2016 година. Откриено е дека тајно се венчале во август 2020 година, кога активистката Ирена Медавој им честиташе на нејзиниот профил на Инстаграм и им посака среќа во бракот.

Патем, Лејла е трета сопруга на Шон. Претходно бил во брак со Мадона и актерката Робин Рајт. Исто така, кон крајот на 2013 година, тој бил во врска со актерката Шарлиз Терон, а тие раскинаа две години подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана

Украинската полиција отвори кривична постапка против директорот на супермаркет во трговскиот центар во Криви Рих, кој беше погоден во руски напад со дронови.

16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана

Во рускиот напад загинаа најмалку 16 лица, а повредени беа уште 130, меѓу кои и 23 деца. спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица.

Директорот се истражува поради сомнение за немар, бидејќи продавницата наводно останала отворена и за време на воздушната тревога. Според украинските власти, од моментот кога била вклучена воздушната тревога до првиот удар со дрон поминале околу 20 минути.

Истрагата треба да утврди дали вработените и посетителите биле навреме предупредени за опасноста, дали била издадена наредба за евакуација и дали биле почитувани безбедносните протоколи за објект во регион близу до фронтот. Ќе се проверуваат и наводите дека вратите на засолништето биле блокирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Србија е уапсен „платен убиец“ од Македонија, се истражува кој наводно требало да биде жртва

Српската полиција уапсила државјанин на Македонија кај градот Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави српски Телеграф повикувајќи се на полициски извори.

Во Србија е уапсен „платен убиец“ од Македонија, се истражува кој наводно требало да биде жртва

Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој работел за Кавачкиот клан, а се доведувал во врска и со претходен обид за убиство на Марко Љубиша Кан.

По добиените оперативни информации, српската полиција распоредила засилени сили и го блокирала теренот во Прибој, а истрагата сега е насочена кон утврдување на идентитетот на лицето кое требало да биде мета, како и кон откривање на локациите и лицата што евентуално му обезбедувале логистичка поддршка по влегувањето во Србија.

На осомничениот му е определено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава треба да биде изведен пред надлежното обвинителство.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е СДС да разбере дека власт даваат граѓаните

​СДС како опозициска партија наместо да работи на тоа да си го одржи барем членството, тие се занимаваат со манипулации.

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е СДС да разбере дека власт даваат граѓаните

СДС и претседателот Венко Филипче, поставен на оваа функција од другар му Зоран Заев, никако да разберат дека поддршката за да се дојде на власт се бара од граѓаните. Да, граѓаните се единствени кои даваат и земаат доверба и даваат и земаат власт.

ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку години има јасна доверба од граѓаните. Оттука, секојдневно работи за секој еден граѓанин за неговиот животен стандард, за подобра околина, за околина во која важат европските стандарди.

И кога станува збор за избори, СДС нека не измислува, нека не зборува за алиби. Или како што вели Филипче, од СДС немало да бидат алиби за избори.

ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето постоење прави само едно, мисли и работи за граѓаните, не бара никакво алиби.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер