Шолц: Санциите на Трамп кон Меѓународниот кривичен суд се погрешни - Канал 5

Шолц: Санциите на Трамп кон Меѓународниот кривичен суд се погрешни

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја опиша одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд (МКС) како „погрешна“.

Шолц: Санциите на Трамп кон Меѓународниот кривичен суд се погрешни

„Санкциите (кон МКС) се погрешна алатка. Тие ја загрозуваат институцијата која треба да обезбеди диктаторите на овој свет да не можат едноставно да ги прогонуваат луѓето и да започнуваат војни, а тоа е многу важно“, рече Шолц на предизборниот митинг пред предвремените избори закажани за 23 февруари, пишува Дојче веле.

Германскиот канцелар го отфрли и предлогот на Трамп за преселување на Палестинците од Појасот Газа.

„Целосно го отфрлам она што го изнесе претседателот Трамп. Не смееме да го преместиме населението на Газа во Египет“, рече Шолц на митинг во Лудвигсбург, во покраината Баден-Виртемберг.

Според него, „мора да се направи сѐ“ за да се спречи понатамошна ескалација на Блискиот исток и да се обезбеди мирен соживот меѓу палестинската држава и Израел.

Трамп потпиша извршна наредба со која се санкционира Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг за напади врз Соединетите држави и нивните сојузници, како што е Израел.

Наредбата наметнува финансиски и визни санкции за „поединци и членовите на нивните семејства кои помагаат во истрагите на МКС во кои се вклучени американски државјани или сојузници“, се вели во документот до кој дојде Си-Ен-Ен.

Санкциите дојдоа како одговор на налозите за апсење издадени од МКС минатата година за високи израелски функционери, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со воените дејствија на Израел во Газа по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Савески: Извештајот на ЕК е одраз на реалната состојба во правосудството, ќе биде мотив за поефикасно работење

Извештајот за напредокот на земјава е одраз на реалната состојба во правосуствто, смета дражвниот јавен обвинител Ненад Савески.

Савески: Извештајот на ЕК е одраз на реалната состојба во правосудството, ќе биде мотив  за поефикасно работење

Но вели дека тоа нема да ги демотивира обвинтелите и судиите, туку напротив ќе даде мотив за поефикасно работење, а како причина за бавните процеси во правосудството ги наведе недоволните капацитети со кои раполагаат, условите за работа на обвинители и недостатокот на кадар. Категоричен е дека изјавите од политичарите не влијаат врз работата на јавните обвинители.

„Извештајот е одраз на една реално согледана состојба, тона не може да не демотивира, туку напротив не мотивира да се фоксуираме и да дадеме еден посилен притисок врз сетоа она што е лоцирано како недостаток, притисок во смисла да испратиме јасна порака до домашната и меѓународната јавност дека правосудниот систем во земјава и конкретно јавното обвинителство е сериозен борец против организираниот криминал и корупција. Изјавите од политичарите не моќе да се одрзат врз работата, квалитетот и начинот на водење на постапките и одлучувањето од страна на јавните обвинители. Ние не можеме тоа да го спречиме, еднсотавно ние тоа само го игнорираме“-– Ненад Савески, државен јавен обвинител.

Според познавачите најголеми се критиките од Брсиел упаени кон бробата против крупцијата каде четврта година по ред не е нотиран никакво подобрување, но сметаат дека е едвидентиран одреден напредок во правосуството, кој пред се се должи на донесените реформски закони.

„Во делот на борба против корупција како клучните проблеми според Извештајот е честата измена на КЗ што креира непредвидливост во тековните постапки. Последните измени придонесоа кон прекинување на дел од постапките затоа шѓто иамше менување на елементите на кривичните дела или остранување на одредени членови, како и застраување на постапките. Извештајот е особено критичен кон ДКСК дека е недоволно проактивна во откривање на коруција и нејзините наоди често не се проследуваат од другите институции. Во делот на бробата против корупцијата за мене е позитивно што во 2025-та според извештајот е зголемен бројот на нови истраги и правосилни осудителни судски одлуки во споредба со 2024-та година “- Марија Мирчевска, Институт за демократија.

Освен одреден напредок во правосудството, во најновиот Извештај на ЕК позитивно се оценети и реформите на јавната администрација, а земјава е пофалена и за целосната усогласеност со надворешната и безбедносна политика на Унијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Европската комисија потврди - нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот

Европската комисија го објави годишниот извештај за напредокот во процесот на европските интеграции.

Мицкоски: Европската комисија потврди - нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот

Најнапред, сакам да ѝ се заблагодарам на Европската комисија за посветеноста и за континуираната поддршка на нашите реформски напори.

Му благодарам и на амбасадорот Рокас за конструктивната соработка и отворениот дијалог што го имаме во сите прашања поврзани со европската иднина.

Имаме подобар извештај од минатата година.

Европската комисија констатира значителен напредок во спроведувањето на нашата Реформска агенда и нè вбројува меѓу земјите со најдобри резултати во рамките на европскиот Инструмент за реформи и раст.

Во годинешниот извештај нема ниту една оценка за назадување. Напротив!

Во две преговарачки поглавја е зголемено нивото на подготвеност за членство во Европската Унија, односно во дигиталната трансформација и медиумите, како и во образованието и културата.

Минатата година такво подобрување беше забележано во едно поглавје.

Овие оценки се поткрепени со конкретни резултати.

До јуни оваа година, Европската комисија ослободила 142,1 милиони евра во рамките на Реформската агенда.

Во извештајот се потврдува и економскиот раст од 3,5 проценти во 2025 година, односно овој Европски извештај го опфаќа извештајниот период заклучно со 31 август оваа година, иако потоа и Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка ги нивелираа своите прогнози во нагорна линија за оваа година. Зошто? Затоа што ги имаме би рекол повторно ажурирано извештаите за растот во 2024 и 2025. Во 2024 тој од 3 се нивелираше на 3,8, а во 2025 од 3,5 на 3,8 проценти.

Невработеноста во истиот период се намали од 12,5 на 11,7 проценти.

Ова се резултати што Европската комисија ги евидентира во својата официјална оценка за нашата економија.

Европската комисија констатира добар напредок во дигиталната трансформација, науката и истражувањето, како и во надворешната и одбранбена политика исто така е констатиран добар напредок

До јуни оваа година, 44 државни институции го користеле новиот систем за електронско архивирање и управување со документи.

Националниот портал, според податоците до крајот на август, опфаќа 338 електронски услуги, вклучително и оние што се делумно достапни, а неговото користење е двојно зголемено во споредба со претходната година.

Ова се промени што значат поефикасни институции, поедноставни постапки и подобри услуги за граѓаните и компаниите.

Во образованието е усвоена новата Стратегија за периодот 2026–2032 година.

Продолжува развојот на стручното образование, а воспоставени се вкупно осум регионални центри за стручно образование, од кои три веќе се оперативни.

И овие промени се препознаени во извештајот.

Посебно сакам да се осврнам на правосудството.

Европската комисија констатира дека новиот Закон за Судскиот совет во голема мера ги адресира препораките на Венецијанската комисија.

Важна е споредбата со минатата година.

Во поглавјето 23, кое ги опфаќа правосудството и фундаменталните права, Европската комисија во 2025 година констатираше дека нема напредок.

Годинава констатира ограничен напредок.

Кај функционирањето на судството оценката се подобрува од „нема напредок“ на тоа дека има „одреден напредок“.

Тоа е поместување што треба да продолжи и да се потврди со резултати во пракса.

Почитувани,

Во надворешната и безбедносната политика, Европската комисија ја потврдува и нашата целосна усогласеност со заедничката политика на Европската Унија.

Тоа е јасна потврда за нашата стратешка определба и за нашата улога како сигурен и кредибилен европски партнер.

Ова се конкретни наоди од извештајот.

Податоци, реформи и резултати што се предмет на независна оценка од европските институции.

Но, извештајот содржи и забелешки и нив ги сфаќаме со цела сериозност. Тие се дел од обврските што треба да ги исполниме пред нашите граѓани, независно од динамиката на пристапните преговори.

Одговорноста за спроведувањето на реформите ја имаат сите надлежни институции.

Владата мора да продолжи со законските и институционалните реформи, да ги обезбеди потребните услови и ресурси.

Од судските и обвинителските органи се очекуваат конкретни резултати, професионалност и доследно спроведување на законите.

Истовремено, останува отворено и прашањето за уставните измени.

Нашата позиција и понатаму е дека европските интеграции мора да се темелат на јасни правила, предвидлив процес и меѓусебна доверба.

Нашата држава има обврска да ги спроведува реформите.

Европскиот процес има потреба од доследност и предвидливост.

Почитувани сограѓани,

Сакам денес да испратам и една поширока политичка порака.

За ова општество и за сите политички партии европските интеграции остануваат трајна стратешка определба.

И покрај сите предизвици и сите тешкотии со кои се соочувавме во изминатите децении, нашата определба за полноправно членство во Европската Унија останува непроменета.

Причините за тоа се многу подлабоки од кој било годишен извештај.

Спорот со нашиот источен сосед и наметнатиот билатерален спорт, минатата влада прифати да влезе во општите критериуми за членство, што секако преставува хендикеп во развојот на интегративните спорови.

Ние немаме недостиг на реформи туку преостанати политички услови.

Европската Унија е нашиот најважен економски партнер.

Европската Унија е простор на слободно движење, заеднички правила, економски можности и институционална стабилност.

Членството значи пристап до големиот европски пазар, поголеми можности за домашните компании, повеќе инвестиции, подобра инфраструктура и повисоки стандарди во сите области на општеството.

Тоа значи и посилни институции, поефикасно правосудство и подобра заштита на правата на секој граѓанин.

За младите луѓе, европската перспектива значи повеќе можности за образование, професионален развој и работа.

Во денешните сложени геополитички околности, европската интеграција добива дополнително значење. Безбедноста на европскиот континент, економската конкурентност, енергетската стабилност и отпорноста на надворешните влијанија сè повеќе зависат од способноста на Европа да дејствува заеднички.

Западниот Балкан е дел од таа европска иднина.

Затоа веруваме дека процесот на проширување мора да добие нова енергија.

Таа енергија мора да произлезе од реформите што ги спроведуваат земјите кандидатки, но и од јасната политичка посветеност на самата Европска Унија.

Ние сме подготвени да го преземеме нашиот дел од одговорноста.

Да ги зајакнуваме институциите.

Да ја подобруваме економијата.

Да се бориме против корупцијата.

Да ги усогласуваме законите и стандардите со европските.

Не бараме привилегии.

Бараме доследна примена на принципот дека напредокот треба да се вреднува според постигнатите резултати.

Веруваме во Европа која ги исполнува своите ветувања.

Која ги почитува своите принципи.

И која има доволно самодоверба да ја продолжи својата историска мисија на обединување.

На крајот, дозволете ми уште еднаш да ја потврдам нашата посветеност на реформскиот процес и на соработката со европските институции.

Ќе продолжиме да работиме со истата посветеност.

Со конкретни мерки, со мерливи резултати и со јасна европска перспектива.

Уште еднаш на крај сакам да му се заблагодарам на амбасадорот за неговата посветеност и поддршка која што ја дава лично и како институција во овој процес, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полициска акција во Куманово, претреси за изнуда и перење пари

Акција на полицијата и обвинителството за гонење организиран криминал и корупција – утрово претреси на повеќе локации, а целта на акцијата според официјалните извори е обезбедување на докази во врска со повеќе кривични дела...

Полициска акција во Куманово, претреси за изнуда и перење пари

Акција на полицијата и обвинителството за гонење организиран криминал и корупција – утрово претреси на повеќе локации, а целта на акцијата според официјалните извори е обезбедување на докази во врска со повеќе кривични дела – изнуда, перење пари и несовесно работење во службата. Неофицијално, станува збор за повеќе претреси во повеќе менувачници и нотарски канцеларии во Куманово, но од обвинителството засега не откриваат многу детали.

-Врз основа на наредби обезбедени од надлежното јавно обвинителство се вршат повеќе претреси за обезбедување докази во врска со кривични дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста,- -ОЈО ГОКК.

Неофицијално, целтра на претресите кои севршат од страна на МВР И да се разбие организирана криминална група од кумановското подземје, која подолг период се занимавала со изнуда, лихварство, перење пари, закани и уцени. Како што веќе се шпекулира во јавноста, групата подолг временски период функционирала во Куманово, но и во поширокиот кумановски регион. Наводно, како што шпекулираат повеќе медиуми, со оваа криминална група раководел Драган Петровски – Штука, кој според непотврдени информации бил уапсен во денешната акција.

Во дел од медиумите се шпекулира и дека при досегашните претреси биле пронајдени парични средства, возила и документација, кои би можеле да бидат важни за понатамошниот тек на истражната постапка. Сепак, од Обвинителството и полицијата повеќе детали се очекуваат по завршување на претресите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер