Шолц: Ракетите „Таурус“ може да бидат искористени за напад врз Москва - Канал 5

Шолц: Ракетите „Таурус“ може да бидат искористени за напад врз Москва

 Доколку бидат испорачани на Киев ракетите „Таурус“ може да бидат искористени за напад врз Москва.

Шолц: Ракетите „Таурус“ може да бидат искористени за напад врз Москва

Германскиот канцелар Олаф Шолц, за време на таканаречениот „Јавен дијалог“ во Дрезден, го повтори својот веќе познат став, да не се дозволи испраќање на ракетите “Таурус“ во Украина, објави Укринформ.

Овој пат, аргументите на Шолц во поддршка на неговиот став беа дека ракетите од германско производство може потенцијално да се користат против цели во руската престолнина.

Шефот на германската Влада изјави дека „Таурус“, чиј домет е до 500 километри, може да ја погоди која било конкретна цел во Москва, доколку се користи неправилно.

Шолц додаде дека „и покрај сета дипломатска апстрактност, другите земји, исто така, се погрижија да знаат каде точно паѓаат нивните оружја.“

-Во случајот на Германија, тоа би значело вклучување германски експерти за ракетно програмирање за да се гарантира дека ракетите нема да летаат кон погрешни цели, истакна Шолц.

Германскиот канцелар неколку пати изјави дека нивните ракети се многу покомплексен систем од француските и британските.

-Верувам дека тоа е невозможно. Од самиот почеток јасно кажав: нема да има германски војници, војници на НАТО во Украина, а мојот став останува непроменет, нагласи канцеларот.

Шолц посочи дека НАТО и другите сојузници не треба да станат дел од конфликтот.

-Ќе спречиме ескалација, војна меѓу Русија и НАТО, нагласи германскиот политичар.

Тој, исто така, призна дека е иритиран од критиките за неговата одлука да не испраќа ракети „Таурус“ во Украина, бидејќи многумина забораваа дека Берлин испратил „многу повеќе од тоа“. Германија е втор најголем снабдувач на оружје во Украина, и ако американскиот Конгрес не успее во обидот да гласа повеќе пари за Киев, Германија ќе биде на врвот на листата на донатори. Канцеларот наведе голем број системи за оружје што Берлин им ги испратил, паралелно со другите партнери, вклучувајќи тенкови, ракетни фрлачи, системи за противвоздушна одбрана и друго.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црн петок: Како да препознаете вистински попуст и да избегнете замки?

Најпознатиот шопинг ден традиционално ги полни трговските центри, чии излози се преплавени со етикети со големи проценти на попуст. „Black Friday“ е денот кога купувачите ловат поволни цени, а трговците очекуваат зголемен промет.

Црн петок: Како да препознаете вистински попуст и да избегнете замки?

Но секоја година постои и дилемата колку овие намалувања се реални, а колку се само маркетинг стратегија? Граѓаните кои ги анкетиравме се со поделени мислења. Дел сметаат дека трговците претходно ги зголемуваат цените, а потоа ги намалуваат за време на шопинг-деновите, други пак сметаат дека може да се најдат поволни зделки.

За да се спречат манипулации, на терен се и инспекторите. Од ДПИ најавија засилени контроли, а околу 40 инспекциски тимови низ државата ќе ги следат трговците и ќе проверуваат дали намалувањата се законски и реални. Од таму потсетуваат дека трговците мора да ја прикажат најниската цена по која производот се продавал во претходните 30 дена.

- На овој ден, пред да ги потрошите вашите заштедени пари, уверете се дали попустите се навистина реални, со оглед на тоа што и од Организацијата на потрошувачи предупредуваат за можни манипулации со цените.

Неретко шопингот по пониски цени знае да наликува и на стампедо, па наместо со задоволни купувачи да заврши со инциденти и материјална штета. Ваков случај годинава во Австралија стана вирален на социјалните мрежи, каде што попуст од 50% претвори продавница за спорстка облека во бојно поле на купувачите.

Годинава наместо за агресивни продални кампањи, неколку светски познати брендови се одлучија за поинаков пристап. Дел од нив дооштија дека нема да организираат попусти во своите онлајн и физички продавници, со образложение дека намалувањата ја наушуваат вредноста на производите и создаваат навика кај купувачите да чекаат само на попусти. Дел од компаниите пак го истакнуваат и етичкиот момент, предупредувајки дека ваквите попусти поттикнуваат прекумерна потрошувачка и купување на производи што реално не им се потребни на потрошувачите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови униформи, боди-камери и апликација за сејф-сити: Што најави министерот Тошковски?

„Нема да има веќе не видов или не беше така“, секој полицаец во земјава идното лето ќе добие „Боди – камера“ која исто така ќе ја утврдува состојбата на терен, особено при пријави на семејно насилство, најави министерот за внатрешни работи .

Нови униформи, боди-камери и апликација за сејф-сити: Што најави министерот Тошковски?

„Нема да има веќе не видов или не беше така“, секој полицаец во земјава идното лето ќе добие „Боди – камера“ која исто така ќе ја утврдува состојбата на терен, особено при пријави на семејно насилство, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој во вчерашното „Само Интервју“ кажа дека камерите ќе имаат директна видео-врска со команден центар и ќе доведат до попрофесионална полција, а и поради ова, очекува МВР да се прочисти од оние кои ги заобиколуваат процедурите и законите.

-Боди-камера, која што не е обична боди-камера, туку е боди-камера која покрај другото може да преведе и на повеќе од 40 јазици во живо, може да испрати видео-сигнал до команден центар, може врз основа на вештачка интелигенција да утврди одредени факти кои што така едноставно не можат да бидат утврдени и се она што ќе се утврди како фактичка состојба, а при овие констатирања и повици за семејно насилство особено ќе бидат должни да ја имаат боди-камерата на себе,- - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

Наскоро видео-повик со ЦУК и МВР при пријавување ќе можат да остварат и жртвите додека насилникот ги тепа или малтретира во моментот, запис кој како и кај боди камерите на полицајците, ќе се користи како доказ на суд.

-Жртва како што може сега да се јави и гласовно да комуницира со МВР преку ЦУК, така во идинина ќе може да оствари видео-повик со ЦУК и со МВР, кој што видео повик во рамки на доказите кои што ќе бидат евидентирани, ќе можат да се користат во рамки на судска постапка,- - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

До крајот на годината полицајците ќе добијат и нови униформи, налик на австриските, кажа министерот, а како новина ја најави и апликацијата за Сејф – Сити која граѓаните ќе можат да си ја преземат на своите мобилни телефони, преку која, меѓудругото, ќе можат да си ги плаќаат и казните. Наскоро системот ќе може да регистрира и несоодветно паркирање, кое особено ќе се „лови“ на булеварите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расчистено убиството кај Смилковско езеро во Скопје, уапсен 38-годишен скопјанец

Експресно, за само пет дена, полицијата го расчисти убиството на 38-годишниот маж кај Смилковското Езеро во Скопје. 

Расчистено убиството кај Смилковско езеро во Скопје, уапсен 38-годишен скопјанец

Вчера бил уапсен 38-годишниот Б.Ј. од Скопје, против кого денеска Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава по брза постапка за убиство.

Како што информираат од МВР, до осомничениот полициските инспектори дошле по серија оперативни сознанија , а тој во службениот разговор со полицијата го појаснил и начинот на извршување на кривичното дело.

-Вчерта по преземени оперативно тактички мерки на полициски службеници на единицата за насилен кримнал лишен од слобода е Б.Ј. од Скопје поради сторено дело убиство. Лицето е лишето од слобода по претходна пријава на 21 ноември кога поретходна пријав а во СВР Скопје на кога случаен минувач на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци забележал безживотно тело на маж. По извршениот полициски увид било утврдено дека станува збор за 38-годишниот Ш.Е. од скопското село Љубин, на чие тело била констатирана прострелна рана во пределот на ногата,- изјави – Гоце Андреевски, МВР.

Инаку, во непосредна близина на телото беше пронајден и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој претходно го управувал починатиот.

По целосното документирање на случајот, денеска, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полицијата поднела кривична пријава по брза постапка против Б.Ј. за кривичното дело „убиство“, велат од мвр.

Засега не се знае мотивот за убиството, ниту во каков однос биле осомничениот и убиениот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер