Шолц по средбата со Рама: Очекувам брз договор меѓу Србија и Косово - Канал 5

Шолц по средбата со Рама: Очекувам брз договор меѓу Србија и Косово

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска по средбата со албанскиот премиер Еди Рама во Берлин изјави дека очекува брзи резултати од договорот во однос на идните односи меѓу Србија и Косово врз основа на договорот на ЕУ.

Шолц по средбата со Рама: Очекувам брз договор меѓу Србија и Косово

„Претпоставувам дека наскоро ќе добиеме добри и конструктивни резултати“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, осврнувајќи се на минатонеделните разговори за нормализација на односите меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

Шолц рече дека гледа „висок степен на подготвеност“ за решавање на прашањето за идните односи. „Постои голема подготвеност да се постигне она што долго време изгледаше недостижно. Тоа би било добро не само за мирот, туку и за развојот на Косово и Србија“, рече германскиот канцелар на заедничката прес-конференција.

Шолц потсети дека германско-францускиот план е поддржан од Европската унија и од САД и додаде дека предлогот е сеопфатен и дека е поддржан и од Европскиот совет во Брисел.

Еди Рама, кој денеска беше во еднодневна посета на Берлин, изјави дека и Албанија ја поздравува нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово. „Албанија го поздравува планот меѓу Србија и Косово. Тоа е реален план што ја носи долгоочекуваната нормализација“, рече Рама.

Вучиќ и Курти минатата недела во Брисел разговараа за планот на Европската унија за нормализација на односите, но беше најавено дека допрва треба да се договорат за деталите. Планот не предвидува официјално меѓусебно признавање, но предвидува признавање на документите, а со прифаќањето на планот Србија да се согласи да не го блокира членството на Косово во меѓународните организации.

По средбата Шолц и Рама најавија одржување на следната средба меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ како дел од т.н. Берлински процес во октомври во Тирана. Германскиот канцелар посочи дека би сакал „што поскоро да им посака добредојде на земјите од Западен Балкан“ како членки на Европската унија. Тој додаде дека Албанија, која исто така преговара за полноправно членство во ЕУ, прави добар „напредок“ на тој пат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка..

Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешен министер на Србија

Раде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.

Уапсен поранешен министер на Србија

Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови!

Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб.

Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Во среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешко филе

20 гр. сув вргањ

150 - 200 мл. топла вода

500 мл. павлака за готвење

1 мало шише бело суво вино

40 - 50 гр. пармезан

1 коцка говедска супа

1 лажица путер

1 лажица маслиново масло

1 чешне лук

сол, бибер, свеж магдонос

мајчина душица

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер