2Руски бродови погодени од украински беспилотни летала покрај брегот на Либија, Москва најави одговор
ЖивотШОКАНТНО: Крадела во Викторијас Сикрет во Њујорк носејќи мртво бебе во кеса!Полицијата била алармирана дека тинејџерка краде долна облека во една од продавниците на Викторијас сикрет. Кога ја запреле, дошле до страшно откритие - 17 годишната девојка носела пластична кеса во која имало мртво бебе. Тиона Родригез и нејзината врсничка биле запрени од полицијата во четвртокот по дојава дека девојките краделе од полиците на продавницата за долна облека. Кога полицајците застанале до девојките, почувствувале силна миризба. Не можеле ни да претпостават дека во кесата на Тиона се крие мртов фетус! Тиона изјавила дека имала спонтан абортус претходниот ден. - Рече дека не знаела што да прави - велат полицајците. На дното од нејзината чанта завиткано во облека и во пластична црна кеса било телото на детето, а врз него биле натрупани украдените парчиња облека. Според американските медиуми се работело за големко, веќе оформено бебе. Посетителите на продавницата која во времето на страшното откритие била преполна, останале шокирани од сознанието што се случило. - Тоа е ужасно, вели 44 годишната Ивон која купувала во Викторијас сикрет. - Девојката сигурно поминувала низ страшна депресија, сигурно не знаела што да прави ... 17 годишната Родригез веќе има 2 годишен син. Живее со нејзината мајка. Втората бременост ја криела подолго време. Полицијата го истражува случајот. / извор: nydailynews.comКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работнициМинистерството за здравство најостро го осудува инцидентот пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, при кој се нападнати здравствени работници додека ја извршувале својата професионална должност.Секој облик на насилство, закани или попречување на здравствените работници во извршувањето на нивните работни задачи е недозволив и мора да биде соодветно санкциониран. Напоменуваме дека напад врз здравствен работник и здравствен соработник претставува кривично дело . Согласно член 304-г од Законот за здравствената заштита, за напад или сериозна закана кон здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е предвидена парична казна или казна затвор, а во зависност од околностите и последиците од нападот, и построги казни. Здравствените работници секојдневно се на првата линија во грижата за здравјето и животот на граѓаните. Насилството нема место во здравствените установи. Почитувањето и заштитата на здравствените работници мора да бидат заеднички приоритет, реагираат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРуски бродови погодени од украински беспилотни летала покрај брегот на Либија, Москва најави одговорУкраина стои зад нападот во кој потона рускиот брод „Меркури“ во близина на либискиот брег, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.Тој ја опиша операцијата како пример за украински одговор на руската војна, а во официјална изјава наведе дека украинските сили погодиле и втора цел, рускиот товарен брод, кој русија го користела за транспорт на оружје. Според Зеленски, руската корвета „Меркури“, еден од поновите бродови во флотата на Москва потонала по напад изведен од седум поморски дронови од украинско производство. И властите во источна Либија потврдија дека дошло до експлозија на руски брод кој бил застанат во поморска база во градот бенгази за да наполни гориво и да се врати кон Русија. Засега не е позната судбината на екипажот. Портпаролот на Кремљ, Песков изјави дека овие акции ќе резултираат со многу болни последици за режимот во Киев. Потонувањето на руски воен брод крај брегот на Либија претставува голем удар за путин и значително проширување на конфликтот, со оглед дека украина е оддалечена 1.600 милји од Бенгази. An exemplary Ukrainian operation in response to Russia’s war. I thank the warriors of the Security Service of Ukraine and all our Defense Forces of Ukraine who took part in carrying out these tasks. I received detailed briefings on the operation’s steps yesterday and today – the targets we set were achieved. It all took place off the coast of Libya. Our warriors deployed seven Ukrainian-made naval drones. Despite all the enemy’s efforts to counter the attack, the Russian corvette Merkury was sunk. It’s one of their newest ships, commissioned in 2023, during the full-scale war. A Ka-27 combat helicopter was also destroyed along with the corvette. Our second target was the Russian dry cargo vessel MV ANGARA, which the enemy used to transport weapons. Result: target hit. We continue our operations in designated waters. We are responding to Russia’s aggression. We are developing Ukrainian weapons. Glory to Ukraine! — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) November 23, 2026 Тагови: Либија москва украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви кучиња, кои веројатно биле отруениНад осум тела на мртви кучиња биле пронајдени на јавен простор во скопската населба Бутел. Од здружението „Анима Мунди“ се сомневаат дека кучињата биле отруени и дека станува збор за кучиња од исто леглно и се пронајдени на исто место. Од здружението бараат поведување на истрага за овој случај и веруваат дека убиените кучиња имаат и сопственик. Од полицијата за Канал 5 потврдија дека нема официјлна потврда за овој случај, исто и од Агенцијата за храна и ветеринарство. По објавувањето на снимките инспектори од АХВ излегле на терен да го проверат целиот случај. Но, мртвите тела на кучињата ги нема, а засега не потврди ниту една институции дека ги тргнала кучињата од местото каде биле најдени мртви. Од Анима Мунди објаснуваат дека најголем проблем со негрижата кон милениците води кон создавање на улични кучиња, а труењето е проблем и за луѓето, особено за децата. Според, Член 233 од Кривичниот законик се предвидува парична казна или затвор до три години за неоправдано усмртување, грубо злоупотребување или мачење животно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter