Шок по радоста за освојувањето на вториот највисок врв на светот- почина шпански алпинист

По веста за освојувањето на К2, пристигна веста дека шпанскиот алпинист Серхио Минготе починал за време на експедицијата.

"Тажна смрт на Серхио Минготе на К2. Тој сакаше да ги продолжи своите освојувања и да учествува во првата експедиција на тој врв среде зима, но трагична несреќа му стави крај на животот", напиша на Твитер шпанскиот премиер Педро Санчез, неколку часа откако непалски тим успешно се искачи на врвот во Пакистан .

Серхио Минготе (49) не бил во тој тим, туку во друг тим што требало да се упати кон врвот пред неколку дена.

Тој бил во преодниот табор и паднал на пат кон базата, објави неговиот тим.

Постојат многу опасности на К2. Повеќе од 80 алпинисти загинале таму, а 450 од нив успешно го завршиле искачувањето , но само во летни услови.

Сервисот на Бугати, сон за колекционерите (ФОТО)

Откако ќе дадат цело богатство за Бугати, многу колекционери трошат значителни суми на сервис.

А, кога станува збор за Бугати, тоа е огромен трошок што обичните смртници тешко можат да го сфатат, а камоли да платат. Сепак, постои една група фанови кои купуваат вакви автомобили, а потоа ги чуваат во климатизирани гаражи.

На таквите им се обраќа Бугати со новата програма Passeport Tranquillité, која опфаќа одржување на автомобилите по истекот на фабричката гаранција. Особено погодени се сопствениците на „Вејрон“, чии автомобили ќе поминат проверка по 85 точки и ќе влезат во програмата за услуги.

Можете да се избере помеѓу двегодишна и четиригодишна програма за сервис со 14 и 32 работни часа. Планот Collector е наменет за колекционери кои не ги возат автомобилите повеќе од 200 км годишно, додека другите го користат Планот за активно одржување.

Истата програма се нуди и за Chiron, и вклучува годишна услуга од 14 часа и „главна“ услуга на секои четири години по 72 часа.

Сервисната програма е веќе понудена, а цената е непозната.

Масовна забава во Амстердам како експеримент за ,,новото нормално“ (ВИДЕО)

Љубителите на забавите во Амстердам учествувале во истражувачки проект кој истовремено им служел да се одморат од карантинот воведен поради корона вирусот и да присуствуваат на првиот масовен настан по повеќе од една година.

Зиго Дом, најголемата концертна сала во Амстердам, со капацитет од 17.000 луѓе, собра 1.300 луѓе кои играа на музика на познати диџеи.

Нивните движења и контакти биле следени преку беџеви што ги носеле на вратот, со цел да се утврди како може повторно да се организираат вакви настани.

Сите гости морале да направат негативен тест за корона вирусот не постар од 48 часа, а биле поканети да бидат тестирани и пет дена по настанот, пренесува Ројтерс.

Тие биле поделени во шест групи, од кои секоја имала различни упатства за социјално дистанцирање и носење маски, како и слобода на движење низ просторот.

Владините советници ќе ги користат податоците за нивното однесување за да дадат препораки за можно ослободување на локдаунот во наредните месеци.

Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна

Министерот за здравство, Венко Филичпе вели дека е стабилна состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вчера објави дека се лекува на Инфективната клиника.

-Според моето стручно мислење и според информациите што ги имам, неговата состојба е стабилна, одговори кусо Филипче на новинарско прашање по пристигнувањето на правата пратка вакцини „Спутник В" на Скопскиот аеродром.

Мицкоски вчера на својот фејсбук профил упати порака до власта од Инфективната клиника.

-Ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од Инфективна, а потоа не чека многу работа, напиша меѓу другото Мицкоски.

притисни ентер