Шмит: Додик да не мисли дека народот на РС го поддржува - Канал 5

Шмит: Додик да не мисли дека народот на РС го поддржува

Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, денеска изјави дека има алатки да го смени претседателот на Република Српска, Милорад Додик, но оти смета дека најдобро за БиХ е општеството таму да си ги решава проблемите.

Шмит: Додик да не мисли дека народот на РС го поддржува

-Наспроти тврдењата на Додик за мојата колонијална администрација, би бил среќен да не морам да носам одлуки. И нека не биде убеден дека ќе се крие зад народот или дека народот на РС го поддржува.. Ако се потсетиме на 2 октомври (минатогодишните општи избори во Босна и Херцеговина), резултатите за претседател на РС беа многу дискутабилни, за нив многу се зборува, рече Шмит во интервју за сараевски „Аваз“, пренесе Бета.

Шмит, коментирајќи го отвореното писмо упатено до него од Додик, со низа обвинувања против него и оспорување на легитимитетот на високиот претставник во Босна и Херцеговина, бидејќи неговото назначување не било потврдено од Советот за безбедност на ОН, оцени дека „содржината на писмото на Додик е под секое ниво и не е достоен за некој што има политичка одговорност“.

На прашањето зошто не отиде во Бања Лука во понеделникот, како што беше најавено, високиот претставник во БиХ одговори дека „не може и нема јавно да ги презентира сите информации што ги има, но дека има причини“.

Тој додаде дека секако ќе оди во Република Српска кога ќе посака, бидејќи, како што нагласи, „тоа е Босна и Херцеговина и затоа што нема граница меѓу субјектите, туку само административна линија“.

Коментирајќи го фактот дека и опозицијата во РС одби да се сретне со него, Шмит изјави дека „има разбирање за опозицијата“ бидејќи „не е лесно да се биде опозиција во РС“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува секојдневно миење на микролокациите на контејнерите

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно реализираат рачно миење на микролокациите каде што се поставени садовите наменети за одлагање комунален отпад, во сите скопски општини. 

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува секојдневно миење на микролокациите на контејнерите

Миењето на микролокациите на контејнерите се одвива претежно во доцните вечерни часови, по празнењето на садовите.

Претпријатието продолжува и со континуирано одржување на хигиената на скопските булевари и улици преку нивно машинско миење со употреба на автоцистерни.

Во пресрет на големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија миење на целокупниот простор пред црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ лоцирана во строгиот центар на градот, како и во непосредната околина и дворот на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ лоциран во кањонот Матка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иџе во Словенија ја отвора новата тркачка ера

Овој викенд во Илирска Бистрица - Словенија, Игор Стефановски - Иџе го има својот прв официјален настап со новиот болид, отворајќи ново поглавје во својата европска тркачка приказна. 

Иџе во Словенија ја отвора новата тркачка ера

Иако Иџе претходно го тестираше болидот, Илирска Бистрица е неговото вистинско „огнено крштевање“ во живо, лице в лице со европската елита.

На претпоследниот викенд во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки во Словенија, ќе се случи првото сериозно мерење на новиот болид. Игор Стефановски - Иџе на оваа трка настапува во најпрестижната и најбрзата категорија на Европскиот шампионат -Категорија 2, категоријата на болиди и прототипи, која ги обединува најбрзите машини на ридските патеки.

Ова е историска сезона за него бидејќи по трите европски титули во Категорија 1 со затворени автомобили, Иџе направи огромен чекор напред. Тој сега вози ултрамоќен, специјално конструиран прототип Nova Proto NP01, често нарекуван и Норма, чија технологија е блиска до болидите од Формула.

„Словенија ќе биде мојот најнов предизвик. Ќе се тркам со мојот нов болид. Сакам да ги почувствувам неговите перформанси. Затоа и одлучив да тркам вo Илирска Бистрица. Патеката e интересна, важи за една од најпрепознатливите и можам слободно да кажам дека ми лежи. Словенците со години докажуваат дека се одлични организатори, што трките ги прави особено интересни и за публиката и за натпреварувачите. Голема е бројката на пријавени учесници во сите категории, смета Стефановски кој не ја крие возбудата и адреналинот дека прави историски чекор. Влегувањето во нова категорија, ќе бара и сосема поинаков стил на возење, огромна физичка подготвеност и максимална концентрација, вели Стефановски, кој не ја крие возбудата пред првиот голем тест со новата машина.

Трката се вози на познатата патека Илирска Бистрица - Шембије, која е со должина од 5.010 метри и важи за исклучително брза. И годинава листата на учесници е импозантна, пријавени се 242 натпреварувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мората пред сензационално враќање во Шпанија – ќе игра во втора лига?

Долгогодишниот капутен нна Шпанија, Алваро Мората можеби е пред еден од најнеочекуваните потези во својата кариера. 

Мората пред сензационално враќање во Шпанија – ќе игра во втора лига?

Шпанскиот напаѓач е блиску до трансфер во Леганес, клуб што се натпреварува во втората шпанска лига.

Договорот предвидува позајмица од Комо, а клубовите допрва треба да ги финализираат последните детали. Мората пристигна во Комо минатата сезона, но не успеа да фати ритам.

Тој не постигна ниту еден гол во Серија А, иако одигра 26 натпревари и забележа вкупно 924 минути игра.

За 33-годишниот напаѓач – кој настапувал за Реал Мадрид, Јувентус, Челзи, Атлетико Мадрид и Милан – преселбата во шпанската втора лига би претставувала сосема поинаков вид предизвик.

Леганес го гледа Мората како големо засилување во обидот да се вратат во Ла Лига. Клубот од предградието на Мадрид не може да ја покрие платата што тој моментално ја заработува во Италија, па за реализација на позајмицата ќе биде потребно Комо да покрие дел од неговите примања. За Мората, ова би значело враќање во позната средина.

Роден во Мадрид и производ на младинската школа на Реал Мадрид, тој во текот на кариерата играл на највисоко ниво и за Реал Мадрид и за Атлетико Мадрид. Тој исто така ја предводеше шпанската репрезентација како капитен до титулата на Европското првенство во 2024 година.

Неговото доаѓање би донесло едно од најголемите имиња во историјата на клубот во Леганес.

Во текот на својата кариера, Мората освои две титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, титула во италијанското првенство со Јувентус, англиски ФА Куп со Челзи и европска титула со Шпанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер