Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
1Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила
2ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
3Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран
ФудбалШкендија го доби дербито против СилексЕкипата на Шкендија го победи Силекс во првиот од двата дерби натпревари од 25.коло на Првата македонска фудбалска. На средбата одиграна попладнево на стадионот Чаир во Скопје, второ пласираната Шкендија со 3:1 го совлата трето рангираниот Силекс. Тетовската екипа до победата стигнаа благодарение на хет-трикот на Бесарт Ибраими. Првите два гола Ибраими ги постигна во 5 и 8-минута. Гостите од Кратово иако до крајот на првиот дел со голот на Игор Недељковиќ во 42-минута ја намалија негативата, сепак во вториот дел не успеаја да стигнат и до израмнување. Напротив. Во осмата минута од судиското надополнение Ибраими го постигна својот трет гол за конечни 3:1 за Шкендија. И на останатите три натпревари победи забележаа домаќините: Ренова – Младост Ц.Д. 3:0 Хоризонт Турново – Шкупи 1:0 и Брегалница – Металург 3:0. Колото ќе биде комплетирано со големото градско дерби меѓу Вардар и Работнички кое започна од 18 часот, а се игра на арената „Филип Втори’’. Табела: Вардар 61 бодови, Шкендија 59, Силекс 37, Шкупи 34, Работнички 33, Хоризонт Турново 30, Брегалница 29, Ренова 28, Младост 16 и Металург 13. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаКендрик Нан испиша историја против Реал МадридКошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан имаше неверојатна четврта четвртина и постави нов рекорд.Американскиот бек одигра спектакуларно второ полувреме против Реал во Мадрид и собори импресивен рекорд, кој до синоќа го држеше играчот на Црвена ѕвезда, Џаред Батлер. Нан постигна 23 поени во четвртата четвртина и, заедно со Матијас Лесор, беше најзаслужен за спектакуларната победа на Панатинаикос над Реал во евролигашкото дерби. Играчот на Панатинаикос го надмина претходниот рекорд од 22 поени, поставен од Џаред Батлер против Асвел на 23 декември 2025 година. Неговиот учинок претставува и втор најдобар поентерски резултат во една четвртина во Евролигата во тој период, при што му недостасуваа само три поени за да го израмни рекордот на Карсен Едвардс од 26 поени во една четвртина, остварен во регуларниот дел од сезоната 2024/25. Нан исто така го израмни својот личен рекорд по број на погодени шутеви за два поена на еден натпревар во Евролигата без ниту едно промашување, реализирајќи совршени 8 од 8 обиди од внатрешноста на линијата за три поени. На крајот, тој го заврши натпреварот со 33 поени, а за неговата неверојатна партија по натпреварот зборуваше и Жељко Обрадовиќ. „Не е лесно по неговата повреда, сите мораме да имаме трпение со него. Мораме да бидеме свесни за квалитетот што го поседува тимот. Одигравме одлично во напад, но мораме да го подобриме и сегментот во одбраната.“Тагови: Евролигата Панатинаикос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФинансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возилаУправата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривичнo делo “Проневера во службата “од член 354 од Кривичниот законик на Република Македонија. Според прибраните докази постојат основи на сомнение дека пријавениот во својство на одговорно лице-управител, во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2025, искористувајќи го овластувањето на друштвото за вршење технички прегледи на моторни возила, противправно присвоил парични средства наплатени од физички и правни лица при регистрација на моторни возила, наменети за повеќе субјекти по основ на јавни давачки. На овој начин, на правниот субјект му прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 41.518.042 денари, на штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Дополнително, со цел прикривање на трагите на кривичното дело, во текот на 2022 и 2024 година, пријавениот извршил противправен отпис на јавни давачки во вкупен износ од 17.090.623 денари, при што во сметководствената евиденција го намалил долгот кон наведените субјекти и прикажал помал износ на обврски по основ на јавни давачки.Тагови: финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?Стево Пендаровски, со својот Фејсбук-статус, практично потврди дека станува збор за објектот во Влае кој се поврзува со семејството на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.Наместо да даде конкретни одговори, Пендаровски се обиде да ја пренасочи темата со политички контранапади. Но, клучните прашања остануваат неодговорени. Во Влае се гради станбен објект во кој како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на Еролд Муслиу, близок соработник на Пендаровски, кого тој го именуваше за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година. Прашањето е едноставно, од каде се милионите за оваа инвестиција? Дали пријавените семејни приходи на семејството Муслиу соодветствуваат со обемот на инвестицијата? Кој го обезбедува капиталот и дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Стево Пендаровски и Еролд Муслиу поврзани со овој проект? Исто така во 2024 година Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, добила грант од 620 илјади евра, од тогашната влада на СДС, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу. Пендаровски не може да ги избегне овие прашања со политички напади и обиди за дефокусирање. Неговата изјава отвори дополнителни дилеми. Пендаровски и Еролд Муслиу јавно да одговорат кој ја финансира изградбата на станбениот објект во Влае? Од кои извори потекнуваат средствата за инвестицијата? Дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Пендаровски и Муслиу? Дали доделениот грант од 620.000 евра бил доделен и искористен согласно законските процедури и критериуми? Од надлежните институции бараме да ги проверат сите релевантни финансиски и имотни податоци, како и евентуалното постоење судир на интереси. Доста е со политички дефокусирања и избегнување одговорност. Додека Филипче зборува за некакава организирана криминална група токму врхушката на СДС и лица блиски до СДС меѓу кои и кланот Заеви градат висококатници во Дубаи, купуваат акции во авиокомпании, се луксузирааат на јахти по Егејот, инвестираат во фотоволтаици и градат империи. Доста е со привилегии и молк. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00