3Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
МакедонијаШилегов сподели први фотографии од внатрешноста на Универзална салаГрадоначалникот на Град Скопје, Петре Шилефов на својот Фејсбук профил ги сподели првите фотографии кои прикажуваат како ќе изгледа внатрешноста на реновираната Универзална сала.„Некаде на почетокот на јуни на одговор на новинарско прашање, кажав дека влегуваме во изборна кампања и дека во периодот што следи, ќе се изнаслушаме сѐ и сешто (особено за мене), но и дека немам намера да се занимавам со ниските страсти и изопачената политичка логика на ДПМНЕ, туку дека мојата цел беше, е и ќе биде да се занимавам со проблемите на Скопје и скопјани, кои што скоро 3 децении се таложеа во нашиот град како резултат на нивното некадарно и волунтаристичко водење на градот. Тие последици, тие проблеми ги решаваме чекор по чекор. Работејќи на вистинските негови приоритети и потреби на граѓаните. Еден од децениските проблеми, еве веќе се решава. Драги скопјанки, почитувани скопјани, ове е новата внатрешност на Универзална сала !!! Скопје, една поинаква приказна !“- стои во објавата на градоначалникот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
МакедонијаАкција за решавање на проблемот со питачењето во центарот на СкопјеДосега во период од околу три недели кога акцијата и започна, на улица се затекнати 28 деца.-Ние сме инспектори за малолетници, тука сме заради децата. Тука и Центарот за социјални работи, Министерството за труд и социјална политика, ќе мора да дојдете со нас! Вака, тим од социјални работници и полициски службеници ги пресретнуваат питачите низ Скопје, ги земаат и возрасните и децата, ги идендификуваат и започнува постапката. Прво, во полициска станица или за децата преглед во болница, а потоа се „чешла“ документацијата за да се утврди дали затекнатите питачи имаат примања или некој вид на помош од државата. Досега во период од околу три недели кога акцијата и започна, на улица се затекнати 28 деца. -Дали користите социјална помош? Сега пуштив, да. За што? За социјална помош. И Ви одобрија? Да. Колку деца имате? Седум. Ова е седмото дете. Да. Каде се другите деца? Дома ми се. Акцијата деновиве се спроведува во и околу старата скопска чаршија, Дебар маало, и центарот на метрополата....освен на крстосниците, додека тимот се движи, се застанува и низ тротоарите. Кој и да е затекнат со пружена рака како проси, се проверува. -Не смеете на јавна површина да просите. Застанав само таблети да пијам. Господине, Ве молам лична карта. Иако полициските службеници во цивилна облека правеа обиколки за да утврдат дали станува збор за питачи или не, некои од оние што денеска беа забележани дека питачат ги убедуваа полицајците и инспекторите дека седеле на картон зошто им се вртело во главата. -Ми се вртеше, да се напијам апче. Пензионерот што беше затекнат на Бит пазар со возило од Центарот за социјална работа заедно со придружба беше однесен во полициска станица. -Невладините организации за заштита на правата на децата, а и Народниот правобранител со години алармираат дека државата мора да има функционален систем за помош на децата на улица. Овој пат, за разлика од минатото, надлежните велат дека токму таков имаат. Децата што ќе бидат отстранети од улица прво се носат во болница, за да им се обезбеди детален преглед, а во меѓувреме се лоцираат родителите, кои добиваат опомена и влегуваат во записник кој нотира злоупотреби на деца. Доколку истото дете два пати биде фатено како питачи, се одзема родителсткото право, односно тоа се носи во центар за деца или згрижувачко семејство. Надлежните уверуваат дека ова нема да биде само еднократна акција, туку ќе стане рутинска пракса, со цел ниту едно дете да не остане на улица, а сите да бидат вклучени во воспитно-образовниот процес за да научат дека можат да имаат поинаков живот од оној што им го пружа улицата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕден тон пилешки желудници се запленети и уништени од месарници во Струга и ОхридНи помалку ни повеќе, туку еден тон пилешки желудници се запленети и уништени од месарници во Струга и Охрид, иако увозот и употребата на овој производ за човечка исхрана е забранета уште од средината на 2024 година. Против двете месарници се поднесени прекршочни мерки. Засега не се знае колку од овие желудници завршиле во човековата исхрана бидејки на лице место биле затекнати а потоа и уништени 55 килограми месни подготовки во кои биле користени пилешките желудници. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека забраната за употреба на консумација на овој тип на внатртешни органи од живина е донесена по анализа на ризиците за здравјето на луѓето. Меѓу потенцијалните опасности се контаминација со патогени бактерии и вируси, како и присуство на токсини. „Со цел обезбедување висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудници наменети за човечка исхрана“, Од АХВ посочуваат дека при претходните инспекциски контроли биле утврдени и случаи на злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии. Но останува неодговрено прашањето како забранетиот производ повторно се појавил во месарниците и каква е контролата врз храната на границите што се увезува за да се продава во земјава? Инаку со послендите засилени контроли на АХВ се откри значително количество небезбедна храна. Од јануари до август биле спроведени 75 илјади инспекциски надзори. Уништени се речиси 70 тони небезбедна храна од домашниот промет и од увоз, а забранет е увозот на повеќе од 21 тон небезбедна храна од растително потекло. Дополнително, вратени се пратки со храна од животинско потекло со вкупна тежина од над 122 тони. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метриПодводната пештера Врело во кањонот Матка испиша историја и стана најдлабоко истражената подводна пештера во светот. Рекордот е постигнат од страна намеѓународен тим спелео-нуркачи, кој достигна максимална длабочина од 338 метри во рамки на експедицијата „Врело 2026“. Со овој подвиг беа поставени три светски рекорди, а пештерата го презеде првото место на светската листа пред дсоегашните лидери, односно локалитетите од франција и Италија. Како што соопштија од спелео-нуркачкиот клуб, во периодот од 10 до 17 октомври меѓународен тим од 15 нуркачи од Македонија, Полска и Италија успеал да продре на длабочина, за 51 метар повеќе од досега истражената. Освен новите длабочини, експедицијата открила и два досега непознати подводни канали, со што мапата на пештерскиот систем е значително проширена. Рекордното нуркање го извршил полскиот спелео-нуркач Бартло-Миеј Питала, а целата операција траела девет часа. Досега Врело беше рангирана како трета најдлабоко истражена подводна пештера во светот со достигнати 287 метри. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42