Шилегов на маалска средба: И Гази Баба исто како Скопје расте и се развива

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, вечерва беше меѓу  на маалска средба со граѓаните на Гази Баба како дел од серијата теренски активности „Најдоброто за нашата општина".

- СДСМ постојано е со граѓаните и меѓу граѓаните, каде што е нашето место, презентираме што е сработено, но исто така и ги слушаме сугестиите на граѓаните за што може дополнително да се направи во наредниот период, Дали станува збор за локално или централно ниво СДСМ е најдобриот избор на граѓаните. Најдобриот затоа што сите општини се развиваат рамномерно, затоа што СДСМ има визија и концепт, затоа што реализирани се над 63 отсто од проектите кои СДСМ ги вети во изборните програми. Затоа што владата предводена од СДСМ во минатите 4 години инвестираше над 11.5 милиони евра во над 32 км патна инфраструктура во општина Гази Баба, посочи Шилегов.

Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов наведе дека и во Гази Баба и во другите скопски општини се инвестира во важни капитални проекти.

- Градиме нов мост на Вардар кој ќе ги поврзува Гази Баба и Аеродром, важен капитален проект не само за овие две општини туку и за цело Скопје. Ги реконструиравме булеварот Александар Македонски и улицата Благоја Стефковски, расчистивме бројни диви депонии во општината, пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Сето тоа го правиме заедно со локалната власт, за граѓаните на Гази Баба, посочи Шилегов

Шилегов истакна дека СДСМ као и на секои избори па така и на претстојните ќе понуди најдобра кадровска и програмска понуда и тоа ќе биде препознаено од граѓаните.

СДСМ ги интензивира активностите на терен за да биде уште поблиску до граѓаните, за заедно со граѓаните создаде понуда која ќе биде најдобра за секоја општина за секој град, се наведува во соопштението на СДСМ.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер