Шестмина Бугари се осудени во Британија за шпионажа во корист на Русија: Си живееја убаво - Канал 5

Шестмина Бугари се осудени во Британија за шпионажа во корист на Русија: Си живееја убаво

Шест бугарски државјани се осудени на затворски казни во главниот кривичен суд Олд Бејли во Лондон за шпионажа во корист на Русија, објавија британските медиуми.

Шестмина Бугари се осудени во Британија за шпионажа во корист на Русија: Си живееја убаво

Орлин Русев (47), водачот на групата кој се изјасни за виновен, е осуден на 10 години и осум месеци затвор за неговата улога во спроведувањето на шест „софистицирани“ операции што ја загрозија националната безбедност и безбедноста на граѓаните. Неговиот заменик Бисер Џамбазов (44) исто така се изјасни за виновен и е осуден на 10 години и два месеци затвор, пренесе Индекс.

„Шпионирањето го сметаше за возбудливо и привлечно“

Катрин Иванова (33), една од двете жени кои беа искористени како „мамка“ за целите на групата, е осудена на 9 години и осум месеци затвор. Судијата Хилијард рече дека го прифаќа тврдењето дека таа немало да биде вмешана во кривичните дела доколку не го запознала Џамбазов, но ѝ рекол дека „влегла во сè по своја слободна волја“ со него.

Другата жена, Вања Габерова (30), е осудена на шест години, осум месеци и три недели затвор. Иако судијата ја зел предвид дијагнозата клаустрофобија, тој ѝ рекол дека знаела дека работи за Русија и дека тоа го сметала за „возбудливо и привлечно“.

По отслужувањето на казната, ќе бидат депортирани во Бугарија

Тихомир Иванчев (39), еден од двајцата помошници во групата, е осуден на осум години затвор. Судијата ги наведе позитивните извештаи за неговото однесување и фактот дека се повлекол од групата пред нивното апсење во 2023 година. Друг асистент, Иван Стојанов (33), е осуден на пет години и три недели затвор откако се изјасни за виновен, иако во подоцнежна фаза од постапката.

Судијата Хилијард им кажа на сите обвинети дека ќе мора да отслужат половина од своите казни пред да можат да поднесат барање за условна слобода, по што автоматски ќе бидат депортирани во Бугарија. Претходно, судијата детално изнесе шест шпионски операции извршени од обвинетите, од кои некои, според него, имале повисоко ниво на одговорност.

„Шпионирањето им овозможило да живеат удобен живот“

Операциите ги раководел Џамбазов, а мотивацијата на членовите на групата била пари. Според судијата, биле споменати значителни суми, до еден милион евра. Ова, рече тој, покажува колку „вредност“ имале нивните тајни активности за Русија.

„Дел од тие пари веројатно биле за покривање на трошоците, но не сите. Тоа им овозможило на обвинетите да живеат удобно. Веројатно се сметало дека она што го прават е корисно.“ Групата се занимавала со надзор и собирање разузнавачки информации насочени кон новинари и руски дисиденти помеѓу 2020 и 2023 година.

Тие беа предводени од австриски бизнисмен, баран од Германија

Тие работеа од пансион во Грејт Јармут, Норфолк, а беа управувани од странство од Јан Марсалек, австриски бизнисмен кој избега во Русија во 2020 година по пропаѓањето на компанијата за плаќања „Вајркард“, која тој бил ко-основач.

Компанијата пропадна поради финансиска измама од 1,9 милијарди евра. Марсалек, кого Германија го бара поради скандалот со „Вајркард“, наводно работел за руската безбедносна служба ФСБ и воената разузнавачка агенција ГРУ.

Тој управуваше со надзорот во Бугарија, Австрија и Шпанија на истражувачкиот новинар Христо Грозев, кој помогна во разоткривањето на руските шпиони вмешани во труењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Марсалек, исто така, им наредил на членовите на групата, вклучувајќи ја и Иванова, да ги украдат мобилните телефонски броеви на украински војници за кои се верува дека се на обука во американската касарна во Штутгарт, Германија, користејќи воен шпионски уред.

„Русев сигурно бил свесен за екстремните мерки на Русија против непријателите на државата“

За време на изрекувањето на пресудата, судијата Хилијард ги пофали полицајците за нивната „исклучително темелна и упорна истрага“. Жртвите кои беа цел на шпионската група беа „длабоко вознемирени“ и принудени да ги засилат своите безбедносни мерки, рече судијата.

Тој истакна дека опасноста за нив е очигледна и дека Русев сигурно бил свесен за „екстремните мерки“ што Русија ги презема против оние што ги смета за „државни непријатели“.

Командантот Доминик Мерфи, началник на единицата за борба против тероризмот на Лондонската полиција (Мет), по изрекувањето на пресудата изјави дека силите што ги истражуваат операциите за надзор им оставиле на водачите на групата, Русев и Џамбазов, друг избор освен да се изјаснат за виновни.

„Феномен во кој одредени земји „аутсорсираат“ шпионажа“

„Овој случај е јасен пример за зголемениот број државни закани со кои се соочуваме во Велика Британија. Исто така, укажува на релативно нов феномен во кој одредени држави ја „предаваат“ шпионажата на надворешни лица.“

Френк Фергусон, раководител на Одделот за специјални кривични дела и борба против тероризмот на Британската крунска обвинителска служба (CPS), изјави дека со таргетирање на лица кои избегале од прогон во Велика Британија, како и новинари кои се противат на рускиот режим, оваа група ја поткопува пораката дека Велика Британија е безбедна земја за овие луѓе.

„Оваа долгорочна активност, исто така, ја загрози безбедноста и стабилноста на Обединетото Кралство. Нема сомнение дека секој од обвинетите точно знаел за кого шпионира“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешен министер на Србија

Раде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.

Уапсен поранешен министер на Србија

Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови!

Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб.

Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Во среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешко филе

20 гр. сув вргањ

150 - 200 мл. топла вода

500 мл. павлака за готвење

1 мало шише бело суво вино

40 - 50 гр. пармезан

1 коцка говедска супа

1 лажица путер

1 лажица маслиново масло

1 чешне лук

сол, бибер, свеж магдонос

мајчина душица

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот суд домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови

Уставниот суд на Република Македонија, од 12 до 14 ноември 2026 година, во Охрид ќе биде домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови (BCCF).

Уставниот суд домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови

Претседатели и судии на уставни судови, претставници на меѓународни организации и истакнати правни експерти ќе учествуваат на меѓународната конференција посветена на довербата во уставното судство, современите предизвици и владеењето на правото.

Покрај годишниот состанок на претседателите на уставните судови - членки на Форумот, во фокусот ќе биде ставена и меѓународна конференција со тема „Современи предизвици за владеењето на правото: улогата на уставните судови“, која ќе се одржи на 13 ноември 2026 година.

Конференцијата ќе отвори прашања од суштинско значење за современото уставно судство, со посебен акцент на јакнењето на довербата на граѓаните во уставните судови, предизвиците што ги носи дигиталната ера и обезбедувањето ефективна уставна заштита.

Свеченото отворање ќе започне со интонирање на државната химна и прикажување документарен филм посветен на 62-годишното постоење на Уставниот суд на Република Македонија.

Во рамките на поздравниот дел од програмата, предвидени се обраќања на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, министерот за правда, проф. д-р Јетон Шасивари, како и на Кристиан Делиорга, судија на Уставниот суд на Романија и претставник на Асоцијацијата на уставни судови што користат француски јазик (ACCF).

Во програмата е предвидено и видеообраќање на амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Воведното стручно обраќање ќе го одржи проф. д-р Кристоф Грабенвартер, претседател на Уставниот суд на Република Австрија, на темата „Значењето на регионалната соработка меѓу уставните судови“.

Неговото излагање ќе биде посветено на улогата на соработката, размената на искуства и уставносудската практика во справувањето со заедничките предизвици и во зајакнувањето на уставната правда.

Работниот дел од конференцијата ќе се одвива низ три тематски сесии, во кои ќе учествуваат претседатели и судии на уставни судови, претставници на европски и меѓународни институции и универзитетски професори.

Првата сесија, со наслов „Како да се зголеми довербата во уставните судови?“, ќе ја модерира д-р Садет Јуксел, судијкаа на Европскиот суд за човекови права. Предвидени се излагања на Мерсида Џаферлари, уставна судијка од Албанија, Павлина Панова - претседателка на Уставниот суд на Бугарија, Неџми Реџепи - претседател на Уставниот суд на Косово и Булос Фахми Искандар претседател на Врховен уставен суд на Египет

Втората сесија, која ќе продолжи со разгледување на прашањата за довербата во уставното судство, ќе ја модерира Мартин Кујер, судија Врховен суд на Холандија и член на Венецијанската комисија.

Во дискусијата со свои обраќања ќе учествуваат Снежана Арменко претседателка на Уставниот суд на Црна Гора, Кадир Озкаја Претседател на Уставен суд на Турција, судијката на Уставниот суд на Република Македонија, проф. д-р Ана Павловска-Данева, и проф. д-р Рената Дескоска, потпретседателка на Венецијанската комисија.

Третата сесија ќе биде посветена на довербата во уставните судови во дигиталната ера, со посебен осврт на новите технологии, нивното влијание врз правосудството и предизвиците за заштитата на уставните права. Модератор ќе биде Рената Дескоска, а во сесијата се предвидени излагања на Лариса Велиќ, судија на Уставен суд на Босна и Херцеговина, Муса Лараба, генерален секретар на Конференцијата на Африканска уставна јурисдикција (CJCA), Татјана Васиќ-Бозаџиева, судија на Уставен суд на Република Северна Македонија и Мартин Куијер.

Конференцијата ќе заврши со обраќање на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски.

Билатерална средба со делегација на Врховниот уставен суд на Египет

Денеска, 11 ноември 2026 година, во Уставниот суд ќе се одржи билатерална средба со висока делегација на Врховниот уставен суд на Арапската Република Египет.

Египетската делегација ќе ја предводи Н.Е. Булос Фахми Искандар, претседател на Врховниот уставен суд на Египет, а во нејзиниот состав ќе биде и Махмуд Мохамед Али Гонеим, потпретседател на Судот.

Од страна на Уставниот суд на Република Северна Македонија, на билатералната средба ќе учествуваат претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите д-р Осман Кадриу, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, м-р Фатмир Скендер, проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Мери Дика-Георгиевска.

Средбата ќе биде посветена на унапредувањето на билатералната соработка, размената на искуства и уставносудски практики, како и на предизвиците со кои се соочуваат уставните судови во заштитата на уставноста, човековите права и владеењето на правото.

Усвојување на Охридска декларација

Еден од значајните аспекти на годишниот состанок е иницијативата за усвојување на Охридска декларација како основа за понатамошно унапредување на регионалната соработка.

Во рамките на годишниот состанок ќе се одржи и состанок на Одборот на членови на Форумот на балканските уставни судови, на кој ќе се разгледуваат прашања поврзани со понатамошното функционирање на Форумот и претседавањето со него.

За Форумот и надлежностите

Форумот на балканските уставни судови претставува платформа за соработка, професионален дијалог и размена на искуства меѓу уставните судови во регионот.

Негови членки се уставните судови на Албанија, Бугарија, Република Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Турција, а во работата на Форумот како набљудувачи учествуваат и институции од Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Грција.

По претходните годишни состаноци одржани во Софија во 2023 година, Приштина во 2024 година и Анталија во 2025 година, Охрид е четвртиот домаќин на Форумот.

Со организирањето на овој меѓународен настан, Уставниот суд на Република Северна Македонија ја продолжува својата заложба за унапредување на регионалната и меѓународната соработка, размената на добри практики и зајакнувањето на улогата на уставните судови во заштитата на уставноста, законитоста и основните слободи и права на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер