Шест новозаболени лица од коронавирус во Македонија,вкупно 76 лица до 21.00 часот

Министерството за здравство информира дека попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. 

Со ова вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76.

Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.

Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.

ИЕА: Чистата енергија ја забавува побарувачката за нафта

Растот на побарувачката на нафта во наредните години ќе се забави поради преминот кон чисти извори на енергија.

Растот на побарувачката на нафта во наредните години ќе се забави поради преминот кон чисти извори на енергија, што заедно со очекуваното зголемување на производството на црно злато до крајот на деценијата, може да доведе до големи вишоци на нафта на пазарот и значителни последици за нафтениот пазар, тврди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), пренесува SEEbiz.

Во својот годишен извештај, ИЕА предвидува дека глобалната побарувачка на нафта ќе се стабилизира на 106 милиони барели дневно до крајот на деценијата, додека производствениот капацитет ќе се зголеми на 114 милиони барели дневно. Ова би значело вишок од осум милиони барели дневно на пазарот, што, со исклучок на 2020 година во време на короната, би било највисокото ниво на вишок капацитет досега.

Меѓу причините за намалувањето на глобалната побарувачка, ИЕА го посочува преминувањето кон електричните автомобили, со подобрување на ефикасноста на горивото за автомобилите со мотори со внатрешно согорување и намалување на употребата на нафта во земјите од Блискиот Исток за производство на електрична енергија.

Полскиот претседател Дуда во посета на Кина на разговори со Си Џинпинг за Украина

Полскиот претседател Анджеј Дуда е во посета на Кина, јавија светските агенции, наведувајќи дека лидерот на земја - членка на НАТО е во посета на држава која ја поддржа руската инвазија на Украина.

„Се обидувам да одржувам пријателски односи со Кина. Полска отсекогаш имала добри односи со Кина и би сакал тоа да продолжи“, изјави Дуда пред два дена за приватното радио Зет.

Денеска се очекува тој да се сретне со кинескиот лидер Си Џинпинг, а според полскиот претседател треба да се разговара на тема како да се постигне мир во Украина. На прашањето дали мисли дека Кина го држи клучот за мирот во руско-украинскиот конфликт, Дуда одговори: „Мислам, во голема мерка, да“.

Пекинг прогласи неутралност во конфликтот, истовремено обвинувајќи го НАТО блокот дека проширувајќи се, го провоцирал рускиот претседател Владимир Путин да изврши притисок во Украина, и во меѓувреме одржува стабилни трговски и дипломатски односи со Москва.

Мицкоски: Инвестицијата во ветерниот парк од 450 милиони евра ќе донесе нови 100 милиони евра

 Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој првиот ден како премиер го почна од Штип, најави дека инвестицијата за ветерниот парк која официјално ќе биде објавена утре, ќе донесе 100 милиони евра поголем приход во БДП.

Како што истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, вакви проекти ќе има уште во периодот што следува.

- Македонскиот ветер ќе донесе дополнителни 100 милиони евра годишно во БДП. Проектот ќе го објавиме утре, заедно со инвеститорот. Ветерниот парк ќе биде изграден меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш. Се работи за инвестицијата од 400 - 450 милиони евра. Ова е исклучително значаен проект за енергетското портфолио на државата кој значително ќе го подобри перформансот на нашиот енергетски сектор. Нема специјални закони, нема загарнтиран откуп по загарантирна цена за 20 - 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава. Во периодот што следи ќе има уште вакви убави изненадувања, нагласи Мицкоски.

Мицкоски присуствуваше на поставување камен-темелник на новата спортска сала „Џексон", направи увид во градењето на новиот булевар „Илинденска“, а потоа, заедно со министерот за здравство Арбен Тараври, направи увид во состојбата на штипската болница.

Порача дека новата Влада ќе гради онаму каде нејзините претхоници оставиле неуспешни проекти.

притисни ентер