Шест месеци јаделе само пица и бургери за да не одат во војска

Студенти смислиле план како да не одат во војска . Се здебелиле 30 килограми јадејќи само пица и бургери.

Во Јужна Кореја воениот рок за сите мажи до 28 години е задолжителен. Младите на сите начини се обидуваат да ја избегнат оваа обврска или барем да им биде одредено цивилно служење на воениот рок.

Планот на 12 студенти по пеење е оригинален. Тие смислиле како енормно да се здебелат и јаделе огромни количества пица и бургери пет пати на ден. Преку чет апликации се договарале и си разменувале совети како да јадат што повеќе и што покалорично .

Еден од нов за само шест месеци се здебелил 30 килограми. За жал , идните пејачи не поминале добро. Планот на социјалните мрежи бил разоткриен , војската спровела истрага и случајот го предала на обвинителството.

Доколку ги прогласат за виновни , ќе мора да го отслужат воениот рок, што трае две години.

Артета за шампионатот на Арсенал: „Во фудбалот секогаш има шанси“

Тренерот на Арсенал, Микел Артета по синоќешнаат победа над Манчестер јунајтед  во натпреварот од 37. коло на Премиер лигата, изрази надеж дека неговиот тим може да дојде до шампионскиот трофеј.

- Многу сме среќни со победата, особено со начинот на кој одигравме во вториот дел. Денеска влогот беше голем, исто како и на натпреварот со Тотенхем. Немаме простор за грешка, имаме големи тимови кои се натпреваруваат со нас кои ни ја отежнуваат задачата. Сакавме да ја отвориме вратата кон титулата, последното коло ќе се одржи пред нашите навивачи. Сега ни преостанува да го гледаме натпреварот помеѓу Манчестер сити и Тотенхем. Ќе ги следиме резултатите. Во фудбалот секогаш има шанси, изјави Артета за „Sky Sports“.

Арсенал е прв во поредокот во Премиер лигата со 86 бодови, еден бод повеќе од Манчестер Сити, кој има натпревар помалку.

Во последното коло, на 19 мај „Топчиите“ го пречекуваат Евертон, додека Сити на домашен терен се среќава со Вест Хем. Во меѓувреме, на 14 мај, Манчестер сити му гостува на Тотенхем во заостанат натпревар од 34. коло.

Во Белград средба Вучиќ - Вархеји

  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград ќе има средба со комесарот на Европската унија за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји.

Почетокот на средбата е најавен во 17:00 часот. По средбата, Вучиќ и Вархеји ќе одржат прес конференција.

Британскиот министер за одбрана изјави дека неговиот нов руски колега ќе биде марионета на Пути

Британскиот министер за одбрана, Грант Шапс изјави дека неговиот иден руски колега, Андреј Белоусов ќе биде марионета на Путин, јави ДПА.

Путин вчера го предложи економистот Белоусов - досега прв вицепремиер во владата, за нов министер за одбрана на местото на Сергеј Шојгу.

Иако се сметаше за близок до Путин, Шојгу привлече многу критики за начинот на кој руската војска се справува со Украина - повеќе од две години по почетокот на војната.

Шапс предвидува дека Белоусов ќе биде следната марионета на Путин.

-Под Шојгу, руската армија загуби повеќе од 355 илјади војници во Украина и предизвика масовно страдање на цивилното население за време на нејзината илегална кампања во Украина, додаде тој.

притисни ентер