Шест фудбалски тимови вредат над милијарда евра, познат е и најбогатиот

Ливерпул има највреден тим во Европа, пресмета Меѓународниот центар за спортска статистика (CIES).

Минатогодишниот сезонски европски шампион и иден шампион на Англија вреди 1,455 милиони евра, со вкупно шест европски екипи вредни повеќе од една милијарда евра, од кои четирите се англиски.

На второто место е уште еден англиски клуб , Манчестер Сити со 1.361 милиони евра, додека на третото место е Барселона (1.170).

Следува Реал Мадрид на четвртото место (1.100), а потоа Челзи (1.008) и Манчестер Јунајтед (1.007 милиони евра). Доминацијата на Англичаните во Топ 10 ја комплетираше Тотенхем, чиј тим вреди 787 милиони евра и е на деветтата позиција.

притисни ентер