1Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија
МакедонијаШест активни пожари во Македонија, еден под контрола На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати.Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина Јегуновце, кај селата Борино – село Житоше во општина Крушево и кај селото бојане во општина Сарај.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеД-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисијаЕпидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата. Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски.Целиот разговор на Сања Трајковска Ставро со епидемиологот Данаиловски гледајте го во вестите во 18 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со мала до умерена локална облачност.Информација за времето. Ќе биде сончево, со услови за локален дожд и грмежи во југоисточните делови.. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп изјави дека ќе го прогласи Ормутскиот теснец за американска територијаАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го прогласи Ормускиот теснец за„територија на САД“..Американски медиуми јавија дека не е јасно колку е сериозен коментарот на Трамп и дали го одразува неговиот нов политички став, со оглед дека тој изјавата ја даде со насмевка за време на митинг во Гарден сити, во близина на Њујорк.. Изјавата доаѓа два дена откако Трамп тврдеше на својата социјална мрежа дека САД имаат „тотална контрола“ над Ормускиот теснец.. Од Иран веднаш возвратија дека теснецот останува под иранска контрола и дека Вашингтон не може да го преземе ниту со воени закани, ниту со политички изјави. -Откако ќе завршиме и ќе го победиме Иран, кој е многу тешко поразен.Ќе го прогласам Ормутскиот теснец за територија на САД.Навистина ни оди добро, ни оди добро во секој поглед. Знаете, ја изградив војската и ја користев малку повеќе отколку што сакав, искрено, но во ред. Не смееме да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје. Дали се согласуваме? - истакна Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook