Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
Шоу бизШеснаесет жени го обвинија Дејвид Коперфилд за сексуално злоставување, тој негираВкупно 16 жени го обвинија американскиот магионичар Дејвид Коперфилд за непримерно сексуално и недолично однесување кое траело со децении, пишува The Guardian.Половина од жените изјавиле дека во моментот на инцидентот биле тинејџерки, односно дека биле помлади од 18 години. Некои рекоа дека имале само 15 години, но дека Дејвид можеби не ги знаел нивните години. Адвокатите на Коперфилд велат дека наводите „не само што се целосно лажни, туку и целосно неверојатни“. Инцидентите за кои го обвинуваат 67-годишниот магионичар се случиле од крајот на 1980-тите до 2014 година. Обвиненијата против него вклучуваат наводи дека дрогирал три жени пред да има секс со нив. Гардијан ги разгледувал наводите како дел од серијата приказни засновани на интервјуа со повеќе од 100 луѓе и судски и полициски досиеја. Некои од жените изјавиле за Гардијан дека дури по движењето #MeToo се јавиле за нивните наводни искуства со Коперфилд. Запрашан за нивните изјави, Коперфилд негира дека сторил нешто лошо. Неговите адвокати за Гардијан изјавиле дека тој „никогаш не се однесувал непримерно со никого, а камоли со малолетно лице“. Тие рекоа дека „вистинскиот“ портрет на Коперфилд ќе ја опише неговата „љубезност, срамежливост и однос со почит кон мажите и жените“. Тие рекоа дека Коперфилд е силен поддржувач на движењето #MeToo од неговото основање, кое ги охрабрува жените да излезат и да ги раскажат своите приказни за злоупотреба. Тие рекоа и дека против него во минатото биле изнесени „многубројни лажни обвинувања“. Една од 16-те жени, Бритни Луис, излезе во јавноста во 2018 година со наводи дека ја дрогирал и сексуално ја нападнал во 1988 година, кога таа била 17-годишна манекенка. Коперфилд ги негира обвинувањата. Друга жена рече дека имала слично искуство, наведувајќи дека таа и другарка ѝ биле дрогирани. Адвокатите на Коперфилд исто така рекоа дека дрогата „не е дел од неговиот свет“. Во четири случаи, жените тврделе дека Коперфилд ги допирал или ги принудил сексуално да го допираат. Три од нив биле тинејџерки во моментот на наводните инциденти. 38-годишниот Фалон Торнтон за „Гардијан“ изјавила дека Коперфилд и ги стиснал градите откако ја поканил на сцената за време на настап во јануари 2014 година во казино-хотелот МГМ Гранд. Таа ги пријавила наводите во МГМ и во Митрополитската полиција во Лас Вегас, покажуваат записите, но Торнтон вели дека нејзината изјава никогаш не била сфатена сериозно. Полицијата во Лас Вегас изјави за Гардијан дека го затворила случајот поради „недоволно докази“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПрво место за Дивна Пешиќ Грозданов на натпреварот за најдобри апстрактни експресионистиНајдобри апстрактни експресионисти во светот: Пешиќ Грозданов, Чуан, Мофат, Ривас, Џон, Скопелити, Филичкин, Орантас, Бренан И Александрова / 2026 Американски уметнички наградиУметници од 69 земји се натпреваруваа на АМЕРИКАНСКИТЕ НАГРАДИ ЗА УМЕТНОСТ 2026, каде што на 20 од најценетите галерии во САД им беа испратени слики преку интернет за да ги оценуваат во цртеж, сликарство, скулптура, дигитална уметност и фотографија. Над 300-те победнички дела, од 1-во до 6-то место (и нерешени) во сите 50 категории, ќе бидат прикажани во претстоен филм и 75 статии. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаОд ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаницаНа почетокот на следнава недела од Европска Унија пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница заради која досега се угинати околу 10 илјади овци.Веднаш ќе се поделат по ветеринарните амбуланти за на територијата на цела Македонија да започне вакцинацијата која нема да донесе забрана за извоз на нашето јагне за пазарите на Европската Унија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
БалканПредизборен молк во Србија пред клучните избори во недела Завршни предизборни митинзи во соседна Србија која во недела се подготвува за најнеизвесните избори во последните 14 години. Под реден број еден на гласачкото ливче е коалицијата предводена од владеачката Српска народна партија, насловена „Александар Вучиќ - Обединета Србија“. Својот завршен митинг Вучиќ го оддржа во спортската сала „Ранко Жеравица„ во Белград, а негови поддржувачи вчера излегоа на улиците и во други градови низ Србија. „Да се подготвиме во недела, пенкало во раката, да го заокружиме она што е потребно и да ги победиме. Да ги победиме и да им пружиме рака вечерта после тоа, но никогаш да не заборавиме она низ кое поминавме. Да не заборавиме како ни ја рушеа државата, и секогаш да ја чуваме и браниме и да ги учиме нашите поколенија за тоа. Напред Белград, да живее Белград. Да живее Србија. Одиме да ги победиме!“ Околу 150 000 граѓани вчера вечер се собраа на централниот градски плоштад во Белград – Славија, во поддршка на протестното младинско движење кои на гласачкото ливче настапуваат под број 3 - „Студентска листа - Студентите победуваат“.Голем дел од 250-те кандидати на Студентската листа кои се кандидираат за парламентот се дел од српската академска и научна фела, или пак се сметаат за политички аутсајдери. „Пратеничката функција е одговорна јавна функција. Оној што ја добива мора да знае кому му одговара. Знаеме кому ќе одговараме. Нашите мандати ќе бидат во вашите раце, во рацете на народот! Затоа, едно е без сомнение – 25 октомври Србија победува, бидејќи знаете зошто. Затоа што кој победува – студентите победуваат!“ 18 изборни листи се натпреваруваат за 250 места во српскиот парламент. Гласањето ќе се одвива на вкупно 8.392 избирачки места, од кои 93 се во странство во 37 земји, меѓу кои и Македонија, 60 избирачки места се на територијата на она што Србија го нарекува автономна покраина Косово и Метохија, додека пак во Босна и Херцеговина ќе бидат отворени 27 избирачки места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook