Шерил Кол е бремена и пресреќна - зошто не ја објави убавата вест во јавноста?

Повеќе нема простор за прашање - дали Шерил Кол е бремена или здебелена.

Таблоидите уште од септември се прашуваат дали Шерил Кол е бремена, откако ја фотографираа нејзината мајка како купува бебешка облека.

Но пејачката не им ја олесни работата - ниту потврди ниту демантираше.

Сега веќе нејзиниот стомак убаво се гледа, и се погласни се барањата по медиумите, 33 годишната пејачка јавно да признае дека очекува бебе со 10 години помладиот Лиам Пејн.

Но, таа повторно не зборува за тоа во јавноста.

Нејзини блиски за таблоидите потврдија дека Шерил им ја кажала радосната вест на семејството и пријателите, но нема намера за тоа да зборува во јавноста, од лични причини.

- Таа толку долго го сакаше ова и досега не и се случи. Сите знаат за битките кои ги водеше во личниот живот, и смета дека нема потреба за бременоста да зборува во јавноста!

Radiant: As Cheryl's fuller form all but confirmed her much speculated about pregnancy, Dan Wootton revealed the reasons Cheryl has maintained her silence since the rumour mill went into overdrive months ago


Шерил се разведе од сопругот Ешли Кол по 4 години брак во 2010-а година поради неговото неверство. Минатиот месец го финализираше разводот и од вториот сопруг Жан Бернард Фернандез Версини.

Кусо време е во врска со 23 годишниот Лиам Пејн. Те ќе добијат дете а какви се нивните идни планови - засега не се соопштува...

Во Долнени до 9 часот гласале 1,73 отсто за претседателските и 2,34 отсто за парламентарните

Во општина Долнени гласањето се одвива без проблеми, информираат од општинската изборна комисија.

До 9 часот на гласање за претседателските избори излегле 1,73 проценти од запишаните 11 730 избирачи, а за парламентарните избори правото на глас до 9 часот го искористиле 2,34 проценти од 11 748 гласачи.

Украина го осуди најновиот руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура

Во текот на изминатата ноќ руските сили извршија уште еден „масовен напад со проектили и беспилотни летала“ врз украинската енергетска инфраструктура, при што беа повредени најмалку шест лица, соопштија украинските власти.

„Непријателот не се откажува од своите планови да ги лиши Украинците од уште еден масовен напад врз нашата енергетска индустрија“, напиша украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко на Телеграм.

Нападите беа насочени кон производството и преносот на електрична енергија во регионите Полтава (исток), Кировоград (центар), Запорожје (југ), Лавов, Ивано-Франковск и Виниција (запад).

Локалните власти соопштија дека шест лица се повредени во текот на ноќта во неколкуте нападнати области.

Се додава дека „сериозно се оштетени“ зградите на компанијата ДТЕК, најголемиот приватен инвеститор во енергетскиот сектор на Украина, како и три термоелектрани.

Локалните власти соопштија дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, во февруари 2022 година, енергетските објекти се бомбардирани околу 180 пати, од кои пет во последните неколку недели.

Како што соопшти денеска воената управа на градот Киев, руските стратешки

Во Куманово навреме отворени сите гласачки места, во Умин Дол едно со задоцнување

Во Куманово навреме се отворени сите гласачки места освен  гласачко место 1100 во село Умин Дол, каде што поради технички проблеми со апаратот за биометриска идентификација гласањето почнало во 8.45 часот.

Како што соопшти претседателката на Општинската изборна комисија Куманово, Елизабета Стојковска, за проблемот била известена Државната изборна комисија и по официјално барање на ОИК добиена е дозвола од ДИК гласањето да продолжи со УВ-ламба и УВ-спреј.

Според податоците на ОИК, во Куманово право на глас за Претседателските избори имаат 93.508 избирачи, а за Парламентарни избори 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.

притисни ентер