Шербеџија: Мира Фурлан боледуваше неизлечиво и долго, беше во кома

Актерот и режисер Раде Шербеџија се огласи по повод смртта на легендарната Мира Фурлан и откри дека актерката била долго болна и во кома.

„Бев во контакт со Мира Фурлан често. Кога се вратив од Америка назад, тогаш тоа беше поретко, но додека живеевме во истиот град, Лос Анџелес, често се гледавме и дружев,е. Што да кажам. Долго не сум ја видел. Долго боледуваше неизлечиво и тешко. Беше во кома. Тогаш беше прекината било каква врска со нејзе. Но на сите ни остана во срцето, затоа што Мира Фурлан, сигурен сум, беше една од најпрекрасните актерки на подрачјето на поранешна Југославија“, рекол Шербеџија.

Македонија е 46. земја во светот, што ја одобри руската вакцина

Македонија по итна постапка ја регистрира руската вакцина против корона вирус Спутник V, соопшти денеска рускиот фонд за директни инвестиции.

Фондот наведува дека Спутник V досега е одобрен во 46 земји со вкупно население од над 1,2 милијарди луѓе, пренесува РИА Новости.

Директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитријев, посочи дека побарувачката за вакцината Спутник V расте во Европа и низ целиот свет.

Спутник V е прва регистрирана вакцина во светот против коронавирус и е произведена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеј на руското Министерство за здравство.

Досега се регистрирани уште две вакцини во Русија - Епивак на Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнолошки вектор и вакцината Ковивак, произведени од Федералниот истражувачки центар за истражување и развој на имунобиолошки препарати „М.П. Чумаков “.

Пирло објасни зошто против Лацио го оставил Роналдо на клупа

Јувентус вчера го совлада Лацио со 3: 1, иако Кристијано Роналдо го започна натпреварот на клупата и влезе дури во 69. минута, кога веќе беше поставен конечниот резултат.

По првичното водство на Римјаните, домаќините направија пресврт со головите на Рабио и двојниот стрелец Мората.

Андреа Пирло по натпреварот објасни зошто го оставил најдобриот играч на клупата.

"Тој одигра осум или девет последователни натпревари. Се договоривме во текот на неделата да се одмори на овој натпревар", рече тренерот на Јувентус.

„Тој е додадена вредност и момците го направија она што требаше да го сторат без него“, објасни Пирло.

Роналдо постигнал 27 погодоци на 31 натпревар во сите натпреварувања оваа сезона, и 20 само во Серија А, што е доволно за да го заземе првото место на листата на стрелците.

Сервисот на Бугати, сон за колекционерите (ФОТО)

Откако ќе дадат цело богатство за Бугати, многу колекционери трошат значителни суми на сервис.

А, кога станува збор за Бугати, тоа е огромен трошок што обичните смртници тешко можат да го сфатат, а камоли да платат. Сепак, постои една група фанови кои купуваат вакви автомобили, а потоа ги чуваат во климатизирани гаражи.

На таквите им се обраќа Бугати со новата програма Passeport Tranquillité, која опфаќа одржување на автомобилите по истекот на фабричката гаранција. Особено погодени се сопствениците на „Вејрон“, чии автомобили ќе поминат проверка по 85 точки и ќе влезат во програмата за услуги.

Можете да се избере помеѓу двегодишна и четиригодишна програма за сервис со 14 и 32 работни часа. Планот Collector е наменет за колекционери кои не ги возат автомобилите повеќе од 200 км годишно, додека другите го користат Планот за активно одржување.

Истата програма се нуди и за Chiron, и вклучува годишна услуга од 14 часа и „главна“ услуга на секои четири години по 72 часа.

Сервисната програма е веќе понудена, а цената е непозната.

притисни ентер