Шекеринска: Ние сме НАТО реалност што ја унапреди стабилноста и шансите за економски раст

 Денеска и на македонското небо можевме да видиме дека е точна тезата „Ние сме НАТО", Република Македонија стана 30 членка на НАТО после 30 годишни напори. 

За жал немавме можност во сред пандемијата со коронавирусот да го прославиме нашето членство, меѓутоа денешниот настан заедничата координирана акција на нашата Армија заедно со НАТО командите и со восдухопловните сили на САД, покажува дека интеграцијата не е само политичка, туку реална, воена и одбранбена.

Ова го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска откако денеска американски воени авиони со прелет над Скопје „Добредојдовте во НАТО" го поздравија членството на Република Македонија во Алијансата. Таа им се заблагодари за оваа акција на САД, кои, како што рече, на дело и со видлив гест ни посакаа добредојде во Алијансата. Шекеринска им честита на сите кои учествуваа во организацијата, затоа што сето ова трае неколку минути, но зад тоа, подвлече, се многу подготовки и работа.

– На дело и на секој тест покажуваме дека нашето членство го заслуживме, со реформи, со соодветни одлуки, меѓутоа и со многу неуморна работа на бројни припадници на Армијата и на други институции во државата, изјави Шекеринска која го проследи прелетот на авионите во присуство на американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

Додаде дека нашата инвестиција во реформи, во членство во НАТО се покажа на дело и за време на справување со пандемијата со коронавирусот.

– Армијата беше тука, беше подготвена и знаеше како да и помогне на државата како резултат на бројните вежби и дома и во рамки на НАТО контекстот, истакна министерката за одбрана и потсети дека како резултат на нашето членство во НАТО можевме да ги искористиме сите механизми и инструменти за брза реакција што Алијансата го предвиде.

Од НАТО добивме брза и ефикасна поддршка и во медицински и во помошен материјал, и тоа, според неа, не направи да бидеме поподготвени и да им помогнеме на граѓаните и на државата на вистински начин.

– Како резултат на нашето членство во НАТО заедно сме посилни и тезата „Ние сме НАТО" веќе не е парола, туку навистина е реалност што ја унапреди и стабилноста, но и шансите за економски раст на нашата држава, потенцира Шекеринска.

Таа порача дека се подготвивме, знаевме што сакаме и денеска можеме да учествуваме во ваква операција бидејќи навистина сме дел од НАТО.

Полковник Валентин Ивановски, раководител на сектор за воено-воздухопловен авторитет изјави дека денешниот прелет е сложена воздухопловна операција на воздухопловните сили на НАТО Алијансата со учество на два воздухоплови од САД и четири авиони М 16 од грчкото воено воздухопловство.

Тој појасни дека летот е комплетно организиран од Командата на силите за Европа и воден преку воздухопловните оперативни центри каде е вклучен и нашиот нов воздухопловен оперативен центар и каде што сите летови и координација се извршени преку системот за контрола на воздушниот систем. Воздухопловите полетаа од јужната кота, после долг лет влегоа на бугарската граница каде што беа пресретнати од четири воздухоплови од типот Ф 16 на Грчкото воздухопловство и заедно во формација преку Штип, Велес, аеродромот Петровец прелетаа преку градот Скопје.

-Со ова, после долгата и напорна работа Армијата на РСМ покажа дека успешно се интегрира во еден така сложен систем каде што комуникација и координација се вршеше 24 часа. Продолжуваме и понатаму со обуката и интеграцијата и можам да кажам дека сум посебно почестен што учествував во една ваква операција, рече полковник Ивановски.

Роча на чело на шпанскиот фудбал

 Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) Педро Роча е избран денеска за нов челник на организацијата.

Роча изминатиот период беше вршител на должноста претседател, откако поранешниот прв човек на РФЕФ, Луис Рубиалес, беше принуден да се повлече поради скандалот кога ја бакна в уста репрезентативката Џени Ермосо за време на церемонијата на доделувањето на златните медали по финалето на Светското првенство минатата година.

Роча, кој наскоро ќе го прослави својот 70 роденден, беше единствен кандидат за претседателската должност.

Во четвртокот, шпанската Влада го стави РФЕФ под надзор поради можна корупција, поврзана со „многубројни грешки во управувањето“. /МИА

Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Српскиот министер за финансии Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Од 2020 година Србија кумулативно привлече 15,9 милијарди евра директни странски инвестиции, изјави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали на средба со инвеститори од САД, јави Бета.

„Не правиме разлика меѓу домашни и странски инвеститори. Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, им порача Мали на инвеститорите кои по посетата на српската делегација на Вашингтон по повод Пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка пристигнаа во Белград со цел да се запознаат со сите параметри на српската економија.

Мали изјави дека во Србија не се прави разлика меѓу домашни и странски инвеститори, соопшти Министерството.

„Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, рече министерот.

Тој наведе дека ланскиот раст на БДП во Србија бил 2,5 отсто и дека само во последниот квартал бил 3,8 отсто, а во февруари годинава бил 5,9 отсто и дека се базирал на извозот и инвестициите, како и на таа официјална статистичка. Податоците на Србија покажуваат дека секоја економска гранка бележи раст.

Тој посочи и дека Србија има стабилен јавен долг, на ниво од 47,6 отсто од БДП. /МИА

Невладините со барања до партиите за подобрување на еколошката слика во земјава

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата.

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата, обвинуваат дел од граѓанските иницијативи и еколошки здруженија.

Тие бараат одговор од партиите што ќе преземат за намалување на загадувањето на воздухот, кога ќе го завршат префрлувањето на 700 јавни објекти од мазут и нафта на незагадувачки енергенси за загревање, дали имаат стратегија како да ја прекинат финансиската зависност на општините само од комуналии и издавање нови градежни дозволи.

Дали оваа иницијатива доаѓа со задоцнување, со оглед на тоа што програмата за парламентарните избори партиите веќе почнаа да ја презентираат, ја прашавме Ели Пешева од О2 Иницијатива.

Подносителите на иницијативата бараат конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции кои ќе го сработат ветеното.

притисни ентер