Шекеринска: Не смееме да дозволиме ДПМНЕ да експериментира со државата

На 15 јули граѓаните ќе гласаат за бројот 3 и ќе одберат да продолжиме на правиот пат, кон Европската унија и НАТО.

Нема да дозволат обнова на режимот и изолација, порачаа носителите на кандидатската листа на коалицијата „Можеме" во изборната единица пет Радмила Шекеринска и Јован Митрески, како и кандидатката за пратеник од Демир Хисар Марија Кочовска, на граѓанската трибина во Демир Хисар.

Во 2016 година ни се случи власт која изгубила да не сака да замине, Груевски го нема, ама неговиот дух, неговите наредби, неговата омраза уште ги храни, уште стои позади нив, тоа се луѓето кои беа спремни да ги убијат легално избраните пратеници во Собранието, да ја воведат државата во граѓанска војна и сега ја бараат довербата на граѓаните, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

За 2,5 години покажавме дека кога се сака се може и да се влезе во ЕУ и НАТО и да се враќаат парите кај граѓаните и да се намалат трошцоите и да се простат 10 милиони евра стари неплатени долгови, не плаќавме за стиропор кој глуми мермер, туку ги враќавме парите кај граѓаните, истакна Шекеринска.

На 15 јули одлучуваме и за тоа дали на луѓето околу Мицкоски ќе им дадеме да експериментираат со јавното здравје, тоа се луѓето, кои во јавното здравство оставија пустош, не оставија без доктори и медицински сестри или ќе продолжиме од каде што сме денес, ќе вложуваме во повисоки плати за лекарите и здравствениот персонал, дали ќе бидеме подготвени кога кризата повторно ќе удри, порача Шекеринска, додавајќи дека за време на коронакризата ние 550 милиони евра од буџетот пренасочивме во фирмите и во семејните буџети, 320.000 граѓани добија картички со вкупно 28 милиони евра да ги трошат на домашни производи.

Стојам пред вас и ја барам вашата доверба, за да го завршиме започнатото, да завршиме со изградба на правна држава, да обезбедиме ред и поредок, како што влеговме во НАТО, така да влеземе во Европската унија и постојано да ги враќаме парите кон граѓаните за да обезбедиме посилна македонска економија, им се обрати Шекеринска на демирхисарци, додавајќи дека на 15 јули треба да се одговори на прашањето дали сакаме да се вратиме во држава, во која многумина се плашат, а неколкумина владеа со сила и насилство, закани и уцени,се наведувца во соопштението на СДСМ..

Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот.

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците. Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во Индија.

Индиските 5-неделни парламентарни избори денеска влегоа во нивната втора фаза со гласање во 4 држави во североисточниот дел на земјата. Безбедносните мерки се на зголемено ниво заради спречување на обидите на вооружени сепаратисти или племенски групи да го нарушат гласањето.

Владејачката Индиска конгресна партија и партијата на Хинду националистот Баратија Џаната предводат коалиции од помали и регионални партии.

Изборите ќе се одржат во 10 фази и треба да завршат до 12 мај. Пребројувањето на гласачките ливчиња ќе трае до 16 мај, кога се очекуваат и првите резултати.

Во петте недели право на глас имаат околу 815 милиони луѓе.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

притисни ентер