Шефовите на дипломатиите на земјите од поранешна СФРЈ разговараа за сукцесијата - Канал 5

Шефовите на дипломатиите на земјите од поранешна СФРЈ разговараа за сукцесијата

Србија не присуствуваше на состанокот.

Шефовите на дипломатиите на земјите од поранешна СФРЈ разговараа за сукцесијата

Во рамките на серијата состаноци организирани од официјални претставници на маргините на Генералното собрание на ОН, се сретнаа и шефовите на дипломатиите на земјите од поранешна Југославија во врска со сукцесијата на имотот.

Според соопштението на МНР на Босна и Херцеговина, темата на разговорот била се однесувала за забрзување на имплементацијата на Договорот за прашањата за сукцесија.

„Министрите за надворешни работи на земјите наследнички на поранешна СФРЈ се состанаа во Њујорк за да разговараат за тоа како да се забрза имплементацијата на Договорот за сукцесија. Земјите кои присуствуваа на состанокот се договорија тесно да соработуваат за решавање на отворените прашања и одлучија да се среќаваат на редовна основа“, се наведува во соопштението.

Тие реагираа и за тоа што Србија не присуствуваше на состанокот. „Министрите на Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Северна Македонија жалат што претставниците на Србија одлучија да не присуствуваат на состанокот“, се додава во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Одбраната посочи дека од 31 пациент кои му се ставаат на товар на Нино Васев, тој учествувал во лекувањето на шест. 

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот Нино Васев, доктор Владимир Даниловски, на денешното рочиште во основниот кривичен суд Скопје.

Одбраната посочи дека од 31 пациент кои му се ставаат на товар на Нино Васев, тој учествувал во лекувањето на шест. Дополнително, од вкупно 35 лекари на Клиниката за онкологија, во лекувањето на овие пациенти учествувале 28 лекари.

Во случајот се обвинети поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски за несовесно лекување пациенти.

Обвинението ги товари за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај вкупно 47 пациенти наводно биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2026 на 04-ти, 05-ти и 06-ти септември!

  Кавадарци повторно се подготвува за својот најголем празник и фестивалот Тиквешки Гроздобер 2026. 

ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2026 на 04-ти, 05-ти и 06-ти септември!

Децениска традиција која од година во година расте, се развива и денес претставува еден од најголемите и најпосетените фестивалски настани во Македонија.

Програмата за годинашното издание, кое ќе се одржи викендот на 04-ти, 05-ти и -6-ти септември, беше официјално претставена на денешната прес-конференција од страна на Организаторот, Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, д-р Стојанчо Рамов, а заедно со дел од артистите и учесниците - Илчо Нечовски од Дупер, DJ Александар Галоски и Кирил Димитров - Урошев(RPM Classics).

Од традиционална манифестација посветена на грозјето, виното и Тиквешијата, во изминатата деценија Тиквешки Гроздобер израсна во голем современ фестивал кој секоја година привлекува огромен број посетители од цела Македонија и регионот. И оваа година Кавадарци ќе понуди богата и разновидна програма за сите генерации, со музички настапи, традиционални содржини, култура, забава и препознатливата атмосфера по која Гроздоберот е познат. Посебен акцент и годинава е ставен на македонските артисти и домашната музичка сцена, со што фестивалот продолжува да биде голема платформа за промоција и поддршка на македонската музика, култура и творештво.

Но, Тиквешки Гроздобер одамна е повеќе од музичка програма. Тоа е фестивал со најдолга традиција, силен локален идентитет и препознатливост на национално ниво. Настан кој ја слави Тиквешијата, лозарството и винарството, но истовремено создава современа фестивалска приказна која секоја година го претвора Кавадарци во центар на случувањата во Македонија.

Со посетеноста и програмската понуда во последните години, Гроздоберот го потврдува своето место меѓу најголемите македонски фестивали, а Кавадарци уште еднаш покажува дека традицијата може да се зачува и истовремено да се развива во модерен настан со публика за сите генерации.

Тиквешки Гроздобер 2026 и традицијата продолжува... Кавадарци повторно станува фестивалски центар на Македонија!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извештај на ДКСК за 2025: Примени биле 612 пријави, донесени 583 одлуки од надлежност на комисијата

Во ДКСК лани пристигнале 612 пријави со наводи за корупција, судир на интереси и непријавување на имотна состојба од службени лица, а Комисијата оформила  194 предмети по сопствена иницијатива. 

Извештај на ДКСК за 2025: Примени биле 612 пријави, донесени 583 одлуки од надлежност на комисијата

Издадени биле 111 прекршочни платни налози за прекршување на Законот за спречување на корупцијата, при што во Буџетот биле наплатени глоби во износ од 12.700 евра. Ова се дел од бројките од годишниот извештај за работата на ДКСК за 2025 година кој денеска пред пратениците го презентираше претседателот на Антикорупциска, Адем Чучуљ. Тој изјави дека генерално е задоволен од работата на комисијата и покрај проблемите и недостогот на кадар и поголем буџет.

-До Јавното обвинителство доставивме 8 иницијативи за поведување на постапки за кривично гонење. Дополнително 3 иницијативи за утврдување на одговорност за службени лица и 6 друг вид на иницијативи за утврдување на одговорност на избрани и именувани лица односно службени лица. Имаме огромен број пријави, граѓаните не гледаат дека постоиме. Огромен број решени предмети, изречени налози и поднесени иницијативи до надлежното ЈО, изјави Чучуљ.

Пратениците од власта и опозицијата со различни ставови околу борбата со корупцијата и улогата на Антокорупциската комисија. Според пратеничката Соња Мираковска од НСДП, која од опозициските пратеници единствено беше присутна на расправата, Комисијата како институција е непрепознатлива, а извештајот е само обична статистика. Од владејачкото мнозинство, пак, со критики за, како што посочија, незаинтересираноста на опозицијата.

-Вас ве формиравме како тело да бидете совест во оваа држава, луѓето да ве препознаат како совест. Вие давате препораки ама овде не ни давате никаков извештај за тоа што понатаму се случува со вашите препораки. Колку се процесуирани, дали некој ги прифаќа, дали вие во јавност артикулиратвте некој проблем. Не сте само вие проблемот, туку и Собранието. Работата не оди на добро. Дали ќе оди догодина ќе видиме, но сега ова што се работи не е добро, изјави Мираковска.

-Моментално на сите можни извештаи на ДКСК од СДСМ има 0 пратеници, од ДУИ има 0 пратеници и од Левица има 0 пратеници. Тоа зборува се за опозицијата. Колку опозицијата смета и дали смета дека има девијантни појави. ДКСК актуелнава што е сега и претходната што беше, и двете беа изгласани во рамки на ова Собрание кога СДСМ и ДУИ беа на власт. Значи и двете комисии, едната што ја фалите, другата што ја кудите, беше изгласана од СДСМ и од ДУИ, изјави Пренџов.

Во однос на извештајот на ДКСК за финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините Чучуљ оцени дека Комисијата немала обемна работа во однос на локалните избори. ДКСК, оформила 43 предмети поврзани со пријави за изборни нерегуларности, а од нив само за еден случај доставиле иницијатива до надлежно Јавно обвинителство каде што сметале дека има елементи за сторено кривично дело.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер