Шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ во вторник ќе одлучат дали Македонија ќе добие патоказ за преговори или потешки услови

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, на состанокот на Советот за општи рбаоти (ГАК) што во вторник попладне ќе се одржи во Брисел, ќе одлучат дали Македонија ќе добие патоказ за иден почеток на преговорите за членство во Унијата или уште потешки услови во евроинтегративниот процес.

Според дописникот на МИА од Брисел, на денешниот состанок на амбасадорите на ЕУ-земјите во рамки на т.н. “КОРЕПЕР”-група, предлог-заклучоците за нашата земја одат од една до друга крајност, па токму затоа заклучокот што за Македонија ќе го изгласа Европскиот совет на Самитот на 19 и 20 декември е оставен да го донесат шефовите на дипломатиите.

- Ова прашање ќе биде оставено за министерскиот совет и иако на состанокот на амбасадорите во рамки на „КОРЕПЕР”-групата имаше дискусија, но јасно е дека заклучокот е оставен на министрите за надворешни работи, кои ќе одлучуваат во вторник попладне - вели висок извор од ЕУ во изјава за МИА.

Иако денеска по средбите со амбасадорите на ЕУ-земјите и со високи преставници на Унијата, македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Фамтир Бесими потврди дека за Македонија нема консензус да добие датум за пристапни преговори, последниот драфт-заклучок преговаран од “КОРЕПЕР” за нашата земја, кој го доби дописникот на МИА од Брисел, препорачува “Европскиот совет да се врати на препораката за отворање на преговорите со Македонија на следниот Самит во јуни 2014 година”.

Она што сегашниот предлог-заклучок за нашата земја го содржи има четири параграфи, при што во последниот, доследно се вели:

- Советот силно ја дели проценката на Еврокомисијата дека политичките критериуми продолжува доволно да се исполнуваат и ја нотира препораката на Комисијата за отворање на пристапните преговори со БЈР Македонија. Со цел можна одлука на Европскиот совет за отворање на преговорите со БЈР Македонија, Советот ќе се врати на прашањето во 2014 година, врз основа на ажурирање од страна на Комисијата за понатамошното имплементирање на реформите во однос на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), вклучително и имплементација на политичкиот договор од 1 Март и суштинските чекори за промовирање на добрососедски односи и да постигне спогодбено и взаемно прифатливо решение за прашањето за името, се наведува во клучниот предлог-заклучок на Советот за нашата земја.

Во предлог заклучокот, параграф 3 за Македонија, а пред предлогот а можно отворање на преговорите во 2014 година, се предлага следното:

- Како што е утврдено во заклучоците на Европскиот совет од јуни 2008 година и заклучоците на Советот за општи работи и Советот за надворешни во декември во 2008 година, одржување на добрососедски односи, вклучувајќи договорно и заеднички прифатливо решение за прашањето за името, под покровителство на Обединетите нации - останува од суштинско значење. Постои потреба да се донесат долготрајните разговори за прашањето за името до дефинитивен заклучок, без одлагање. Советот ги зема предвид последните контакти со посредникот на ОН, а во светлината на целокупната важност за одржување на добрососедски односи, Советот го забележува продолжувањето на контактите на високо ниво меѓу Македонија и Бугарија и очекува нивно преведување во конкретни акции и резултати - се вели во овој предлог-заклучок.

Во првиот параграф од сегашниот предлог-заклучок, кој е донесен на барање на Бугарија и Грција, но се очекува да биде променет на Советот за општи рбаоти (ГАК) на интервенција на министрите на земите-пријатели на Македонија, пак, се наведува дека “Советот забележува дека политичката криза што следеше настаните во парламентот кон крајот на минатата година предизвика длабоки поделби меѓу политичките партии што влијаеше на функционирањето на парламентот и покажа потреба за конструктивна политика во национален интерес”.

Во продолжението на овој параграф се наведува: - Советот нагласува дека продолжувањето на имплементацијата на политички договор 1 Март е клучот. Советот го поздравува фактот што на агендата на ЕУ останува стратешки приоритет на земјата и дека направи понатамошен напредок во подобрување на способноста за преземање на обврските од членството. Советот, исто така, го поздрави придонесот на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) за напредување во повеќето приоритетни области, вклучувајќи го и елиминирањето на судскиот застој и во борбата против корупцијата - се вели во овој параграф од предлог-заклучокот.

Последниот предлог-заклучок, а во овој формат параграф 2 за Македонија, а во однос на проширувањето пак, се наведува дека Советот ја нагласува важноста на ефективна имплементација и спроведување на постоечките правни и политички рамки.

- Посебно внимание треба да се посвети на владеењето на правото, вклучувајќи ја и независноста на судството и постигнување на понатамошни резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Слободата на изразување и општата состојба на медиумите исто така остануваат прашања од интерес. Преглед на Охридскиот рамковен договор, пак е особено важен за меѓуетничките односи и тоа мора да се заврши и неговите препораки да се спроведат. Стратегијата за Ромите треба проактивно да се имплементира. Замаглување на дистинкцијата меѓу државата и партијата треба да се реши, како што е нагласено од страна на ОБСЕ/ОДИХР во изборниот контекст. А, високате стапка на невработеност треба да се реши, а управувањето со јавните финансии зајакнато - се вели во овој предлог-заклучок.

Високите извори на ЕУ, за МИА потврдуваат дека ќе има измени во овие предлог-заклучоци и дека нешто ќе биде дополнето, нешто изоставено, со цел да се дојде до избалансиран и праведензаклучок во однос на Македонија. Она што е сигурно е дека земјата сигурно нема да добие датум за преговори, но можно е да се даде посилен патоказ, иако Грција и Бугарија инсистираат на пожестоки услови со цел земјата да нема брз евроинтегративен напредок.

Во исто време, во однос на Србија е речиси сигурно дека ќе добие “зелено светло” од Советот иднито месец и официјално да ги почне пристапните преговори за членство, преку формирање на меѓувладина конференција со ЕУ, додека за Албанија се кршат копјата и исто така во вторник, на состанокот на Советот за општи работи, ќе биде познато дали ќе добие кандидатски статус./Извор МИА.

Поранешен шеф на дипломатија доби 32 месеци затвор поради продажба на стан во Монте Карло

Италијанскиот суд го осуди поранешниот министер за надворешни работи на Италија, Џанфранко Фини на две години и осум месеци затвор за неговата улога во продажбата на стан во Монте Карло што неговата партија го продавала.

Елизабета Тулијани, партнерката на Фини, е осудена на пет години затвор, додека нејзиниот брат Џанкарло Тулијани доби шест, а нивниот татко Серџо Тулијани пет години затвор, објави Ројтерс.

Обвинителството го обвини Фини, поранешниот лидер на десничарската Национална алијанса (АН) и другите обвинети за перење пари.

Во коментарите по пресудата, Фини рече дека е ослободен од главното обвинение, но сепак е осуден за авторизирање на договорот, што тој негира дека го сторил.

„После толку разговори, толку расправии и обвинувања, толку политички осуди, за што се сметам себеси за одговорен пред новинарите?

Тој додаде дека причината е што ја одобрил продажбата.

„Навистина не разбирам што е кривичното дело“, нагласи Фини.

Фини, кој беше клучен играч во италијанската политика во 1990-тите и 2000-тите, и сите обвинети ќе се жалат на пресудата и нема да одлежат затворска казна додека жалбите не се исцрпат.

Тој го предводеше крајно десничарското италијанско социјално движење (МСИ) во владата во 1994 година како дел од коалицијата предводена од поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Подоцна ја претвори МСИ во помејнстрим АН и служеше како министер за надворешни работи и шеф на Долниот дом на парламентот.

Актуелната премиерка на Италија, Џорџа Мелони, се искачи низ рангот на MSI и AN под водство на Фини.

Нејзината партија, Браќата од Италија, влече корени од двете партии. Фини има 72 години и повеќе не се занимава со политика.

Министерката Костадиновска Стојчевска ги прими претставниците на списанието „Komun@“

Во организација и со поддршка на амбасадорот на Македонија во Црна Гора, н.е. Зеќир Рамчиловиќ, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, ја прими делегацијата на списанието „Комуна“ („Komun@“) .

Бисера Костадиновска Стојчевска, ја прими делегацијата на списанието „Комуна“ („Komun@“) - претседателот на програмскиот одбор Жељко Рутовиќ, директорот и главен уредник м-р Амер Рамусовиќ и проф. Шефко - Шеки Личина, член на издавачкиот совет на списанието.

Со пофални оценки за карактерот на програмската содржина на „Комуна“, минитерката Костадиновска Стојчевска го апострофираше значењето на заштитата и зачувувањето на идентитетот во денешните глобални процеси.

Во тој дух соговорниците го истакнале значењето на афирмацијата на мултикултуралноста како цивилизациско прашање на унапредувањето и почитувањето на човековите права.

Претставниците на „Комуна“ во оваа прилика го нагласија значењето на регионалната институционална соработка, како и на граѓанските иницијативи и пошироките партнерски проекти со цел унапредување на положбата на малцинските култури и тематски програми од областа на историското пријателство и културните врски на црногорскиот и македонскиот народ.

Директорот и главен уредник на „Комуна“, Рамусовиќ ја запозна министерката и со издавачката дејност на списанието, во која прилика ѝ беше врачена книгата посветена за познатиот македонски новинар и публицист Јанко Николовски - “ПО-етика на животот“, од авторите Жељко Рутовиќ и Мирко Јаковљевиќ. На министерката ѝ беа врачени уште неколку изданија со тематска содржина за историјата и културата на Црна Гора.

Соговорниците се согласни во оценката и потребата за печатење на тематски број на списанието „Комуна“, кое би било посветено на културните, историските и севкупните врски меѓу Македонија и Црна Гора.

На крајот на разговорот, министерката Костадиновска Стојчевска изрази задоволство од тоа што културната јавност на Скопје била во прилика поблиску да се запознае со содржината и вредноста на списанието „Комуна“, кое беше претставено во просториите на Црногорската заедница,се наведува во соопштението.

Тојота има две нови електрични возила, не се наменети за Европа (ФОТО)

Toyota можеби нема да верува во целосна електрификација, но нема да ги игнорира трендовите.

На саемот за автомобили во Пекинг, тие ги покажаа своите напори во Кина, фокусирани на интелигенција, електрификација и диверзификација како дел од нивната трансформација во компанија за мобилност. Тојота дебитираше два нови модели на батерии EV (BEV), bZ3C и bZ3X, како дел од напорите на компанијата да постигне јаглеродна неутралност.

Извршниот потпретседател и главен директор за технологија Хироки Накаџима ги претстави новите автомобили на прес-конференција одржана истиот ден, велејќи: „Каков вид BEV ќе донесе насмевки на лицата на нашите кинески клиенти? Работејќи со нашите партнери во Кина, ова пребарување нè доведе до bZ3C и bZ3X. Моделите претставени како концептни автомобили на минатогодишниот Auto Shanghai се надградени за масовно производство. Тојота планира да започне со продажба на двата модела во Кина во рок од една година.

Моделот bZ3C е заеднички развиен од Toyota, BYD, FAW и Intelligent ElectroMobility R&D Center. Дизајниран околу концептот „рестартирање“, овој динамичен кросовер BEV со препознатлив стил се фокусира на карактеристики кои создаваат забавен личен простор за корисниците на Gen Z.

Моделот bZ3X беше заеднички развиен од Toyota, Guangzhou Automobile Group Co., Ltd., GAC Toyota Motor Co., Ltd. и IEM. Овој SUV BEV ориентиран кон семејството нуди голем внатрешен простор заснован на концептот за обезбедување на мобилен „удобен дом“.

Двата модели се опремени со најнови системи за помош на возачот и паметни кокпити.

притисни ентер