Познато е колку им донирал Илон Маск на републиканците- се наближуваат меѓуизборите за Конгресот на САД
2Познато е колку им донирал Илон Маск на републиканците- се наближуваат меѓуизборите за Конгресот на САД
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЖивотШефот на Нетфликс поднесе оставкаДосега Хестингс ја извршуваше функцијата извршен директор заедно со долгогодишниот соработник Тед Сарандос.Соосновачот на Нетфликс, Рид Хејстингс, се повлече од функцијата извршен директор на компанијата што го потресе Холивуд со стриминг на филмови и ТВ серии на интернет, но се соочи со проблеми со наплатата и опаѓање на гледаноста во изминатата година. Досега Хестингс ја извршуваше функцијата извршен директор заедно со долгогодишниот соработник Тед Сарандос, кој сега ќе ја дели со поранешниот главен оперативен директор Грег Питерс. Питерс и Сарандос беа промовирани во јули 2020 година, за време на многу предизвикувачки период за компанијата. „Тоа беше огнено крштевање, поради Ковид и предизвиците во нашиот бизнис“, рече Хејстингс, кој сега ќе ја извршува функцијата претседател на одборот на директори. Оставката на Хејстингс се совпадна со објавувањето на деловниот извештај за четвртиот квартал од минатата година, кој покажа пораст на претплатниците за 7,66 милиони благодарение на сериите „Harry & Meghan" и „Wednesday". Во првата половина од минатата година Нетфликс загуби претплатници, чиј број повторно се зголеми во периодот од јули до декември, но помалку од претходните години. На крајот на минатата година компанијата имаше 231 милион претплатници, 4,5 отсто повеќе отколку на крајот на 2021 година. Во последните три месеци од минатата година, нето добивката на Нетфликс речиси се стопи во споредба со истиот период во 2021 година, опаѓајќи од 607 милиони долари на само 55 милиони долари. Приходите се зголемија за 1,9 отсто на 7,85 милијарди долари. „2022 беше тешка година, со проблематичен почеток, но подобар крај. Веруваме дека изготвивме јасен пат кој треба да ни помогне повторно да ги зголемиме приходите“, се вели во кварталното писмо на Нетфликс до акционерите. За да го поттикне растот, Нетфликс во ноември воведе поевтина опција поддржана од реклами во 12 земји. Тој најави и мерки за спречување на споделување лозинка. Компанијата се соочува со ограничена потрошувачка поради конкуренција од компании како „Walt Disney“, „Amazon.com“ и други кои трошат милијарди долари за производство на ТВ серии, емисии и филмови за онлајн публиката. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаАпел до Општина Чаир: Време е за ред, но и за решенија за станарите!Гледач на Канал 5 од Општина Чаир со писмо до надлежните за проблемот со паркирањето во општината. Неговото писмо го објавуваме во целост: „Почнува да се воведува ред во паркирањето во Општина Чаир. И тоа е за поздравување. Но, пред да почнат да се делат опомени за непрописно паркирање, неопходно е граѓаните јасно и навремено да бидат информирани каде смеат, а каде не смеат да ги паркираат своите возила. Живеам на улицата „Џон Кенеди“, една од главните улици во Чаир. Пред нашата зграда има ограничен простор за паркирање, додека делот пред поранешното трговско училиште „Цветан Димов“, денес медицинско училиште, е заграден. Во нашата зграда има два угостителски објекта, а на улицата уште десетици пицерии, ресторани и кафулиња. Секојдневно, особено во вечерните часови, гостите ги паркираат своите автомобили во околината, а ние, станарите, често немаме каде да ги паркираме сопствените возила. Прашањето е едноставно: каде се станарите во целата оваа приказна? Дали Општината планира да воведе зонско паркирање? Дали ќе се разгледа можноста за обележани паркинг-места за станарите? Дали се планираат катни гаражи или други долгорочни решенија за овој хроничен проблем? Во други делови на Скопје веќе постојат различни модели на организирање на паркирањето, вклучувајќи обележани места, рампи и паркинг-системи за станарите. Зошто и во Чаир да не се најде соодветно решение? Господине Меџити, воведувањето ред не треба да значи само контрола и опомени, туку и создавање услови граѓаните да можат да ги почитуваат правилата. Барам Општината: - Навремено да ги информира жителите за новите правила и зоните за паркирање. - Да ги утврди реалните потреби на станарите и можностите за резидентно паркирање. - Да направи план за обележани паркинг-места и подобра организација на сообраќајот. - Да обезбеди повеќе зеленило, проодни тротоари и безбеден простор за пешаците. - Да разгледа долгорочни решенија, вклучително и изградба на катни гаражи таму каде што е можно. Како жител на Општина Чаир, не барам привилегија. Барам достоинствени услови за живот, пристап до сопствениот дом, организирано паркирање и право на безбедно движење. Писмо од М.К. жител на опш. Чаир“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПознато е колку им донирал Илон Маск на републиканците- се наближуваат меѓуизборите за Конгресот на САД Американскиот милијардер Илон Маск донирал повеќе од 276 милиони долари на Републиканската партија за овогодишните избори за Конгресот на САД од јули .Американскиот милијардер Илон Маск донирал повеќе од 276 милиони долари на Републиканската партија за овогодишните избори за Конгресот на САД од јули и во моментов е најголемиот познат донатор на кампањата за среднорочните избори, потврди Ендру Ромео, портпарол на организацијата преку која Маск врши политички донации. Донациите на Маск се во спротивност со неговата претходна најава дека ќе го намали политичкиот ангажман и придонесите за политички каузи, објавува АП. 🔹Elon Musk has reportedly donated $276 million to help Republicans retain their Senate majority in the US midterm elections, making him the biggest known donor in the race. (The New York Times) https://t.co/bXUSWrdM9e — Indian Trends Hub | Economy (@IndianTrendsHub) October 12, 2026 „Мислам дека направив доволно“, рече Маск во мај минатата година, осврнувајќи се на неговата улога во претседателската кампања во 2024 година, кога учествуваше на изборни митинзи со сегашниот американски претседател Доналд Трамп. Во текот на првите месеци од вториот мандат на Трамп, Маск го водеше Одделот за ефикасност на владата (DOGE), но подоцна влезе во конфликт со Трамп и поднесе оставка. Двајцата оттогаш се помирија. Републиканците имаат значителна финансиска предност пред демократите на овогодишните среднорочни избори, но се соочуваат со можноста за загуби поради незадоволството на гласачите и лошите резултати на претседателот Трамп во анкетите за јавното мислење. Богатството на Маск флуктуираше оваа година, во зависност од движењата на цените на акциите, и се проценува на околу 1 трилион долари.Тагови: Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МетеоУтре облачно и постудено време со температура до 18 степени- разведрување за викендот Утре времето ќе биде променливо облачно и постудено, информира УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 4 Попова Шапка, 5 Крушево, Маврови Анови, 9 Берово, Прилеп, 10 Претор, Крива Паланка, Битола, 11 Охрид, 12 Тетово, Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Штип, 13 Демир Капија, Струмица, Велес, Скопје Петровец, 15 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 8 Кавадарци, 6 Берово, Прилеп, 5 Битола, Демир Капија, 4 Виница, 3 Штип, Гевгелија, Претор, Охрид, 2 Велес, Крушево, 1 Маврови Анови, Крива Паланка. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно и посвежо. Наместа имаше повремени локални врнежи од дожд. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Денес и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter