Шарпланинецот Купер државен првак - Канал 5

Шарпланинецот Купер државен првак

За одгледување шарпланинци потрeбен е голем мерак, предизвик е хигиената

Шарпланинецот Купер државен првак

Иако во седмата деценија од животот Петко Петковски од тетовско Јанчиште неуморно и доследно голем дел од своето време го поминува со неговите кучиња шарпланинци. Мерак, за кој вели дека му е од детството и никогаш не спласнал и покрај сите предизвици. Тој од кога памети за себе живее заедно со овие кучиња, љубов која ја наследил од татко му, со кого одреден период во животот и заедно ги чувале и негувале.

Во периодот кога ги одгледувал шарпланинците со неговиот родител е времето и кога имал и најмногу кучиња за кои водел грижа.

– Додека беше жив татко ми одгледувавме и до 15-тина „возрасни" шарпланинци и како и кутриња. Двајцата имавме ист мерак за шарпланинците и кога таква посветеност имаат двајца луѓе може многу да се постигне и голем број кучиња да се одгледуваат. Секогаш сме имале над десет. Тогаш сум бил и помлад, а сега имам пет женки и три машки, сите над една година или возрасни кучиња. Меракот да се опише не може. Јас сум станувал рано за да им дадам да јадат, па потоа јас сум јадел или сум заминувал на работа. Или пример доцна навечер, сум се вратил од свадба, пак ми е паметот кај нив, прво одам да им дадам да јадат. Не ми е проблем, не ми е тешко ништо кога станува збор за шарпланинците, за друго не би сакал. Меракот си го прави своето, ни раскажува Петко Петковски за посветеноста кон оваа раса на кучиња.

За ваквите кучиња треба многу време и труд, затоа што е потребно одржување на хигиена, покрај хранењето. За да се одгледуваат шарпланинците требаат доста средства, бидејќи исто така треба многу да се вложи за да се прехранат и да се лекуваат ако има потреба. Како огледувачница потоа и ги продава.

– Еден од најголемите предизвиците во одгледувањето и хигиената е тоа што треба да се чистат и да се чешлаат. Кога се митарат, женските два пати годишно и кога ќе се окучат. А машките еднаш годишно се митарат. Тогаш им паѓа влакното, па ги има по цел двор и треба да се чисти, па пак да се чешлаат. Годишно минималниот износ за едно куче за купување храна само е околу 300 евра. Но затоа е одгледувачница, да се огледуваат, да се грижиш добро за нив, да бидат здрави и силни, па дел од нив потоа се продаваат, објаснува сопственикот на одгледувачницат која носи име „Петковски под Шара".

Важен дел за одгледувачите е претставувањето на своите миленици на изложба на шарпланинци. Таму се оценува убавината, држењето и движењето на кучето. Со својот претставник Купер стана државен првак на државниот шампионат што во април се одржа во Скопје. Купер има 4,5 години и беше победник во категоријата на машки шарпланинци.

– Во последните пет години сум во пензија па целосно времето го поминувам со своите миленици па имам и повеќе време за изложби. Инаку одамна, од 1994 година одам по изложби. Минатата 2021 година освоив прво место на специјализирана изложба на шарпланинци–Меморијал Владимир Крстевски во Куманово, а многу ми е драга таа победа затоа што Купер беше подобар во силна меѓународна конкуренција. Имаше многу големи и убави шарпланинци од Србија, но мојот Купер беше уште поубав и со подобро движење и држење. Во минатото сум победувал со шарпланинци и во други држави – Србија, Хрватска и Бугарија, објаснува Петковски.

Малкумина се одлучуваат за да ги одгледуваат овој вид на кучиња, иако се автохтони на овие простори бидејќи потекнуваат и го носат името на Шар Планина. Тој жали што токму во градот под Шара, во Тетово одамна немало специјална изложба на шарпланинци. Во Тетово има само две одгледувачници на шарпланинци. Сега со прогласувањето на Шар Планина за национален парк се надева дека ќе се зачува и зголеми вредноста и препознаеноста на шарпланинецот како македонска гордост.

Петко не потсетува дека во минатото шарпланинците биле многу повеќе чувани во Тетовско. Тие важат за овчарски кучиња и за тоа биле и многу повеќе чувани како чувари на овој вид на добито. Сега претежно луѓето ги чуваат како миленици, а нивното претставување по изложби е понов тренд.

– Ние кога сме чувале овци, кај мене во село како дете паметам во Јанчиште имало 40-50 куќи кои чувале овци. Секоја куќа имала најмалку по две кучиња тоа се 100 кучиња само во Јанчиште и тоа само ние што се наоѓаме во рамнина, а замислете тие села што се на Шара и Жеден уште повеќе имало. Имаше многу шарпланинци кои се чувале по куќите како членови на семејствата, рече Петко.

Шарпланинците се големи кучиња и може да тежат од 50 до 70 килограми. Висината достигнува и до 80 сантиметри.

-Услови имам кај мене во село. Имам поголема квадратура и пред и позади куќата. Не ги пуштам едно два месеца кога садиме да не оштетуваат посаденото во бавчата. Во зимскиот период се најубави зошто на лето им паѓа влакното од жештините. Зимата е најубава за кучињата. Се случувало на минус 20, викам ајде ќе им ставам теписон или слама во куќарката, да не им студи, тие пак надвор спијат, рече искусниот одгледувач на шарпланинци.

Според евиденцијата на интернет страницата на кинолошкиот сојуз низ македонските градови има вкупно 31 регистрирани одгледувачници на шарпланинци. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицаец од Флорида пронашол мртов човек, па му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа (ВИДЕО)

Полицаец од Флорида е обвинет за кражба на идентитет на маж што го пронашол мртов, а потоа се преселил во неговиот дом и го презел неговиот идентитет.

Полицаец од Флорида пронашол мртов човек, па му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа (ВИДЕО)

Брајан Луис Сгурос, 35, полицаец од Лодерхил, Флорида, беше уапсен претходно оваа недела. Истражителите велат дека Сгурос се претставувал како починатиот Денис Вест, се преселил во двокатната куќа каде што го пронашол неговото тело, а потоа ја реновирал.

Според полицијата, тој живеел во куќата на југот на Флорида со години без никој да ја открие измамата.

Сгурос сè уште не се изјаснил за обвиненијата. Не е познато дали има адвокат. Полициската управа на Лодерхил го отстранила од должностите и го суспендирала, објавува Би-Би-Си.

Организирал кремација на телото на сопственикот на куќата

Во 2022 година, полицијата добила повик да провери за 71-годишниот жител на Лодерхил, Денис Вест. Полицаецот Брајан Луис Сгурос бил испратен да помогне во истрагата.

Кога го пронашол Вест, кој починал од природна смрт, наводно „смислил сложена измама за да ја преземе контролата врз домот на лицето“, се вели во соопштението на шерифската канцеларија на округот Бровард.

Според соопштението, истражителите тврдат дека Сгурос му кажал на канцеларијата на мртовечникот дека е пријател на Вест, иако властите не пронашле докази дека двајцата се познавале.

Судските документи наведуваат дека полицаецот е виден на камерата на телото за време на запирањето и дека нема индикации дека имал претходен контакт со Вест.

Сгурос наводно му кажал и на канцеларијата на мртовечникот дека Вест нема живи членови на семејството, што исто така било неточно. Потоа Сгурос организирал кремирање на телото на Вест.

Вели дека сакал да спречи други нелегално да се вселат во домот

Заедничката истрага на канцеларијата на шерифот и Канцеларијата за проценувачи на недвижности во округот Бровард откри дека Сгурос ја презел куќата и се вселил во неа во август 2022 година.

Властите велат дека тој поднел документација до канцеларијата за проценка на имотот во 2025 година во која наведува дека ја презел куќата во август 2022 година.

Судските документи наведуваат дека Сгурос тврди дека ја презел куќата бидејќи била опасна и сакал да спречи други нелегално да се вселат.

Тој ги плаќал сметките за комунални услуги на име на починатиот. Тој, исто така, аплицирал за дозвола за замена на надворешните врати и прозорци, што би чинело 8.000 долари.

Сгурос тврдел дека ја зголемил вредноста на имотот и инвестирал повеќе од 214.000 долари во куќата.

Тој плати кауција од 25.000 долари

Мажот е обвинет за злоупотреба на службена должност, незаконска употреба на идентитет на починато лице, незаконска употреба на лични идентификациски информации, кривично дело против корисник на компјутер и незаконска употреба на двонасочен комуникациски уред.

Тој беше ослободен од притвор со кауција од 25.000 долари. Локалните агенции за спроведување на законот дознаа за случајот кога наследниците на Вест се обидоа да го продадат имотот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)

Два авиона на Филипинските воздухопловни сили се судрија за време на тренинг лет и се урнаа во воздухопловна база јужно од Манила. 

Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)

Сите четири пилоти загинаа во несреќата, соопштија филипинските власти.

Два авиони SF-260 се судрија вчера попладне за време на лет на ниска надморска височина пред да се срушат во воздухопловната база Фернандо во Липа Сити, во крајбрежната покраина Батангас јужно од главниот град. Нема повредени на земја во несреќата, соопштија официјални лица.

Филипинските воздухопловни сили не дадоа детали за несреќата, која ја опишаа како случајна. Двајца филипински службеници запознаени со инцидентот рекоа дека авионите се судриле во воздух. Тие зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени јавно да коментираат за случајот.

Еден од двата двоседни авиони се урна во близина на воената касарна во воздухопловната база, изјави сведок за Асошиејтед Прес. Воздухопловните сили објавија дека привремено ги приземјиле сите преостанати авиони SF-260, набавени од Италија, во исчекување на истрага. Не е објавено колку од овие авиони сè уште се во употреба.

Филипинската војска се соочува со недостаток на средства

Во мај, филипински SF-260 се урна и за време на навигациски тренинг лет во планинската покраина Бенгет на север од земјата, додека леташе со неколку други авиони од ист тип. Двајцата пилоти беа убиени.

Според податоците на воздухопловните сили, во 2023 година, друг SF-260 се урна за време на тренинг лет во оризово поле во покраината Батаан, северозападно од Манила. Двајцата членови на екипажот беа убиени. Вчерашната несреќа е уште еден удар за филипинската војска, која долго време се соочуваше со недостаток на средства.

Поради буџетски ограничувања, Филипините со години се борат да ги модернизираат своите воздухопловни сили, морнарица и армија. Во исто време, земјата се соочува со децениски комунистички и муслимански бунтови и сè понепријателски територијални спорови со Пекинг во Јужното Кинеско Море.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 150 лица се убиени во напад со дрон на пазар во Судан- реагира ОН

Советот за безбедност на Обединетите нации повика на истрага за нападите со беспилотни летала во Абјеи, спорна територија меѓу Судан и Јужен Судан, во кои загинаа десетици луѓе.

Најмалку 150 лица се убиени во напад со дрон на пазар во Судан- реагира ОН

Советот остро ги осуди нападите во близина на пазар во градот Тодах, соопшти најмоќното тело на ОН.

Локалните власти велат дека најмалку 150 лица се убиени

Локалните власти соопштија дека најмалку 150 лица се убиени во нападите . Обединетите нации потврдија најмалку 80 смртни случаи, а по други сè уште се трага.

Нападите, исто така, предизвикаа големи пожари, од кои повеќето беа изгаснати од мировната мисија на ОН во Абјеи (UNISFA), соопшти ОН.

Советот за безбедност нагласи дека Абјеи мора да остане демилитаризиран и предупреди дека намерните напади врз цивили би можеле да претставуваат воени злосторства.

Локалните медиуми објавија дека портпаролот на владата во регионот богат со ресурси рекол дека целите биле цистерни во дел од пазарот каде што суданските трговци работеле.

Владата на Јужен Судан ја обвини суданската армија за нападите, но армијата негираше одговорност.

Во нападите со беспилотни летала загинаа стотици цивили оваа година

Јужен Судан доби независност од Судан во 2011 година по една деценија граѓанска војна. Статусот на Абјеи останува нерешен, а мировна мисија на ОН е стационирана таму од 2011 година.

Суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) се борат за контрола врз земјата од април 2023 година. Граѓанската војна дополнително ја дестабилизираше ситуацијата во спорниот граничен регион, според ОН.

Инцидентот е дел од серија напади со дронови што драматично го променија текот на војната во Судан оваа година. Според Канцеларијата за човекови права на ОН (OHCHR), најмалку 1.120 цивили беа убиени во напади со беспилотни летала во Судан само во првата половина од годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер