ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
1ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
БалканШапиќ: Избори во Белград најверојатно на 17 декемвриСе ќе знае за неколку дена. Ако се одржат изборите на 17 декември, дали тоа е конечниот договор, ќе знаете за неколку дена. Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ денеска изјави дека предвремените избори во главниот град на Србија најверојатно ќе се одржат на 17 декември, јави дописникот на МИА од Белград. -Се ќе знае за неколку дена. Ако се одржат изборите на 17 декември, дали тоа е конечниот договор, ќе знаете за неколку дена. Има точно законски процедури кои ја условуваат таа одлука. За неколку дена ќе имате информации дали се договориме крајниот датум да биде 17 декември. И многу е веројатно дека ќе биде, а за неколку дена ќе знаете какви чекори ќе се преземат за да треба да ги спроведеме изборите на 17 декември, одговори Шапиќ на прашањето на Н1 кога ќе поднесе оставка доколку изборите се одржуваат на 17 декември и дали ќе оди на некоја друга тактика, како на пример колективна оставка на сите одборници во собранието на градот Белград. Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во гостувањето на РТС изјави дека парламентарните, покраинските, белградските избори, како и во некои други општини, може да се одржат веќе на 17 декември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа ЕуростандардСекој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски. Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава. Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал. Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУште 20 институции влегуваат во системот за електронска архиваВо наредните три месеци уште 20 институции се приклучуваат на системот за електронско управување со документи. Наместо шетање и чекање по шалтери и канцеларии со куп документи во рацете, со неколку клика граѓаните ќе можат да си ги завршат административните обврски – министерството за дигитална трансформација најави дека уште 20 институции во наредните три месеци ќе се приклучат на централниот систем за електронско управување со документи и електронска архива. Министерот Стефан Андоновски вели дека се повеќе институциите ги разменуваат податоците интерно, наместо граѓаните тоа да го прават физички, а месечните трансакции за размена на податоци, од 700.000 во 2024, изнесуваат 5,2 милиони до октовмри годинава. „Ова е важна промена во начинот на кој што работи државата, барањето можеби некогаш стигнува електронски, но ако потоа се печати, се носи од канцеларија до канцеларија, се чува во фиока или се чека физички потпис, постапката останува бавна. Со ЕДМС работиме на целиот тек на предметот, прием, распределување, постапување, потпишување и електронско архивирање. За раководителот тоа значи јасен увид каде се наоѓа предметот, за вработениот, работата му е поорганизирана, а за граѓанинот побрзо постапување. “ Во меѓувреме, според министерот, дигиталниот паричник, односно М-Услуги станува се повеќе популарен кај граѓаните, односно, личните документи, како и дел од јавните услуги веќе се префрлаат на телефоните. Апликацијата е водечка во преземања во категоријата „утилитис“ во Македонија и до денеска ја презеле речиси 29,500 граѓани. Андоновски вели ова е само старт на апликацијата, која заеднички, со забелешките на граѓаните ќе се унапредува. „М-Услуги“ е на врвот на листата на најпреземани апликации во Македонија, што е потврда за големиот интерес на граѓаните и бројот на корисници кои ја преземаат.“ Андоновски вели дека напредокот е нотиран и од ЕУ. Ограничениот напредок од 2021 до 2024 година, во изминативе две години, според него, е евидентен, и во последнава година е оценет како добар напрадок од ЕК, а зад тоа, вели стојат, законски измени, воспоставени системи и услуги, но и претстои многу работа. „Европската комисија констатира добар напредок во поглавјето 10, дигитална трансформација и медиуми, истовремено, нивото на подготвеност за прв пат на државата во овој дел е подигнато од умерено ниво, на меѓу умерено и добро ниво на подготвеност. Ова е значаен резултат за Македонија.“ Секоја нова електронска услуга носи и одговорност за нејзината сигурност, каде граѓаните очекуваат податоците да им бидат заштитени, па од таму, се работи на соодветна сајбер-безбедност, односно формиран е тим кој работи организирано, се обучува постојано согласно барањата на технологијата, со цел навремено препознавање на заканите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаРедици и превоз до Битола - пензионерите од неколку градови подигнуваа готовина од Алта банкаОрганизиран автобуски превоз имаше и денеска пред експозитурата на Алта банка во Битола, каде пензионерите и примателите на социјална помош од неколку градови подигнуваа готовина. Редици граѓани повторно пред експозитурата на АЛТА банка во Битола, која и денеска ги отвори шалтерите за исплата на готовина до 20 илјади денари за пензионерите и примателите на социјална помош кои немаат платежни картички. Во Битола пристигнаа и клиенти од други градови, откако Народната банка организираше автобуски превоз од Прилеп, Охрид и Ресен. По околу еден час патување, први пристигнаа прилепчани, а нешто подоцна и охриѓани и ресенчани. Граѓаните велат дека брзо завршиле работа. Сепак очекуваат што поскоро да се нормализира исплатата и во нивните градови, за да не мораат да патуваат на други места за да дојдат до своите пари. Од понеделник, шалтерска исплата ќе им биде овозможена и на клиентите во Тетово и Струмица. За клиентите во Скопје, каде што АЛТА банка има шест експозитури, засега нема информација кога ќе им биде овозможена ваква услуга. Дополнително, како што најави гувернерот Трајко Славески, од понеделник се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со платежните картички – од 10 на 15 илјади денари. Славески најави и дека клиентите ќе можат во целост, без ограничување на износот, да располагаат со идните приливи од плати, пензии и социјални трансфери што доаѓаат од институции и компании кои имаат сметки во други банки…Славески и понатаму уверува дека состојбата во АЛТА банка е добра, дека таа е ликвидна и високо капитализирана банка. Вчера откри дека шест потенцијални инвеститори пројавиле интерес за купување на банката, меѓу кои и странски инвеститори, а биле одржани средби и со две домашни банки. Сепак, нивните имиња засега не ги открива. Во меѓувреме, истече тридневниот рок во кој српскиот регулатор требаше да се произнесе дали белградската АЛТА банка самостојно ќе ги понуди на продажба акциите што ги поседува во битолската банка. Народната банка најави дека по истекот на десетте дена од воведувањето привремена администрација ќе ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Привремената администрација стапи на сила на 1 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter