Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
2Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
ЖивотШаманот кој се жени со норвешката принцеза: Добиваме смртни закани (ВИДЕО)Норвешката принцеза Марта Луис неодамна се сврши со нејзиниот шаман Дурек Верет.По објавувањето на среќната вест, принцезата и шаманот се соочиле со бројни закани и грди коментари. Тие се изненадени од количината на омраза, расистичките изјави и студената реакција на нејзините родители, норвешкиот крал Харалд и кралицата Соња. За сѐ зборуваа јавно во живо на Инстаграм. „Луѓето немаат проблем со меѓурасните парови на телевизија, во серии како Бриџертон, но одбиваат да мислат дека црнец би можел да стане член на европското кралско семејство во реалниот живот“, рече Дурек. View this post on Instagram A post shared by Durek Verrett (@shamandurek) Семејството на принцезата од самиот почеток се противи на нивната врска, а кога шаманот ја побарал нејзината рака од норвешкиот крал, тој не добил одобрение. Зборуваат и за смртните закани што ги добиваат. „Многу размислувам за нашата врска и зошто луѓето имаат толку многу проблеми со нас, зошто пишуваат пораки со омраза и ни испраќаат смртни закани. Прво, тоа е затоа што не сакаат да видат црнец во кралското семејство бидејќи тој никогаш не бил во историјата на европското кралско семејство“, започна тој. „Другиот проблем е што Марта Луиз е жена. Кога синокрвниот маж избира партнер од друга раса, тоа е прифатливо, но кога принцезата го прави тоа, покажуваат со прст кон неа бидејќи прави преседан.“, рече шаманот. View this post on Instagram A post shared by Durek Verrett (@shamandurek) Марта Луиз рече дека не очекувала Дурек да биде храбар и да се изложи на напади поради желбата да ја легитимира нивната врска. "Знаев дека нема да му биде лесно, но не во толкава мера. Се восхитувам на неговата љубезност, но и на неговата решителност. Тој издржа многу работи, ситуации кога луѓето зборуваат со мене со љубов и го игнорираат, имаше двосмислени расистички забелешки и отворени навреди.Живеев во привилегиран свет и не сфаќајќи дека тоа се уште е можно“, изјави таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија - 4 милијарди евра за само две годиниСе потврди тоа што СДСМ го говори последните три месеци - пари во буџетот нема.Мицкоски повторно ја задолжува Македонија. Ново задолжување од 1,3 милијарди евра усвоила Владата на седница. Со ова ново задолжување, вкупно, за само две години, оваа Влада ја задолжи државата со 4 милијарди евра. Мицкоски за две години направи 30 проценти од вкупниот јавен долг од независноста на Македонија до денес. Но каде одат парите? Сите пари одат во криминални партиски тендери. Како што најавуваме со месеци - во буџетот нема пари. Касата е празна. Затоа сега Мицкоски прави ново задолжување од 1,3 милијарди и го зголемува веќе постоечкиот долг од 2,5 милијарди на 4 милијарди евра. Недели наназад владата на Мицкоски се задолжуваше со десетици и стотици милиони евра седмично. Ова не е запаметено во Македонија. Буџетскиот дефицит постојано надминува 4 % од БДП – што е незаконски, бидејќи Законот за буџети предвидува максимум 3 %. Буџетот денес е околу 7 милијарди евра - двојно повеќе од 3,5 милијарди во 2017 а ништо двојно подобро не се случило. Од нешто прават ништо. Минималните трошоци за четиричлено семејство пораснаа за 9.000 денари за 2 години, а минималната плата само за 3.500 денари. Работниците со минимална плата живеат полошо. Што прави Мицкоски? Одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра и повторно се обидува да ја обвини претходната влада за долгови од минатото. Секоја влада од основањето на Македонија користела кредити - тоа е нормална работа. Но ниту една влада не направила вакво нешто. Со Мицкоски кредитите имаат само една намена: испумпување пари од буџетот за партиски криминални тендери и полнење приватни џебови. Еден од показателите: сите претходни влади го плаќале долгот. Дури и по големата светска криза, по пандемиската криза по ковид, по почетокот на војната во Украина и енергетската криза - владата плаќаше 120 милиони евра камати. Денес оваа Влада плаќа 350 милиони евра камати. Мицкоски ги задолжи генерациите. Ги задолжи сите што доаѓаат. Да имаше една добра работа што ја направија, еден сериозен проект или подобрување на економијата - можеби ќе можеа да зборуваат. Но нема. Не само што нема проект - нема пари за граѓаните. Нема пари за мерки, нема пари за повисоки плати нема пари за пензии. Дури сакаат да го национализираат вториот столб. Не ја покачија минималната плата на 600 евра. Не воведоа ниту една мерка што би го запрела огромниот раст на цените - штитеа само одредени трговци заради раст на нивниот профит. Цените отидоа до плафон. Семејствата одвај крпат крај со крај. Младите немаат можност за нормален живот. Ова е реалноста. Ова е цената што граѓаните ја плаќаат поради криминалните политики на Владата на Мицкоски. Доаѓа време кога оваа криминална група ќе одговара, а парите ќе им бидат вратени на граѓаните на Македонија. Народот ќе победи. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07
МакедонијаЛефков: Талогот на СДС и Филипче за дата центрите се најде на иста линија со Кина, а против САД Венко Филипче кој има главна улога во талогот на општеството заедно со неговото раководство во СДС ширејќи лаги и хистерија во јавноста за дата центрите се најде на иста линија со Кина, а против САД кои се стратешки партнер на Македонија.И во САД има обиди за креирање на јавно мислење против изградба на дата центри. Според натписи од американските медиуми истите информации против индустријата со дата центри се шират организирано од голем број на профили од Кина. И овие профили на социјалните мрежи организирани од Кина се на иста линија со Филипче или Филипче е на иста линија со нив. И ставот на Кина е разбирлив затоа што САД со дата центрите и се најголем конкурент. Но, ставот на Филипче не е за разбирање. Зошто? Затоа што покрај наводната грижа која Филипче ја изразува од евентуално зголемено трошење електрична енергија и штетно влијание на водите во државата, тој вчера посочи дека граѓаните нема да видат никаква добивка од дата центрите. Зарем Филипче мисли дека од развиена индустрија граѓаните немаат добивка? Зарем Филипче мисли дека национален дата центар во кој ќе се чуваат податоци на граѓаните и на државата не се придобивка? Талогот на СДС и Филипче покажуваат само едно грижа за сопствени интереси, но не и интереси за подобар живот на граѓаните. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишени од слобода три лицаНа 01.09.2026 во 15:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Х.А.(28) од Радовиш, Д.П.(22) од с.Злеово, радовишко и Ј.П.(26) од село Подареш, радовишко. При претрес во домот на Х.А, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана, за која во службен разговор изјавил дека во неговиот дом претходно ја однеле Д.П. и Ј.П.. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Радовиш Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07