Шаќири: Мораме да се грижиме за безбедноста на луѓето во сајбер просторот

Како Влада мораме да се грижиме за безбедноста на луѓето во сајбер просторот и да воведеме нови заштитни и безбедносни мерки, не само за владините системи, туку и за целата инфраструктура која е од суштинско значење за благосостојбата на граѓаните.

Ова денеска го изјави министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

Тој во своето обраќање на 17-та конференција „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности", што се одржа во организација на фондацијата Метаморфозис посочи дека слободата на изразување, слободата на медиумите и заштитата на медиумскиот плурализам се најзначајни за демократијата.

Но од друга страна, како што рече, се случуваат големи предизвици, како што е ширењето на лажни вести. Затоа, според министерот, критичкото размислување и медиумската писменост се најважните алатки кои можеме да ги користиме во борбата против манипулацијата со информации, лажните вести, лажното известување, дезинформациите, пропагандата, измамата.

Шаќири се осврна на заложбите и активностите што ги презема Министерството за информатичко општество и администрација и Владата во доменот на дигитализацијата, како и на предизвиците поврзани со развојот на технологиите.

-Додека критичната инфраструктура е во доминантна сопственост на приватниот сектор, со оглед на тоа што нашиот свет сè повеќе меѓусебно се поврзува, Владата мора да ги води и да ги заштити активностите поврзани со ова. Затоа во моментов со нашите партнери од УСАИД работиме на програма дизајнирана да ја подобри подготвеноста за сајбер безбедност на Критичната инфраструктура и клучните ресурси на Македонија, рече министерот Шаќири.

Тој информираше дека МИОА ја координира иницијативата „Отворено владино партнерство", потврдувајќи ја нивната заложба за континуирано подобрување на работата на Владата врз основа на отворени, транспарентни, безбедни и ефикасни владини институции кои комуницираат и соработуваат со граѓаните.

-Континуирано го охрабруваме објавувањето и користењето на отворени податоци, чијашто крајна цел е зголемување на транспарентноста и отчетноста на државните институции, рече министерот Шаќири.

Конференцијата се организира во синергија со проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА”, ко-финансиран од Европската Унија.

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата

Посочувајќи дека меѓуетничките односи и темелите на нашата држава се потпираат на идејата, на концептот на Крушевскиот манифест,претседателскиот кандидат Пендаровски од Крушево порача дека наместо нов Устав, на граѓаните  им се потребни подобри услови

Посочувајќи дека меѓуетничките односи и темелите на нашата држава се потпираат на идејата, на концептот на Крушевскиот манифест, претседателскиот кандидат Пендаровски од Крушево порача дека наместо нов Устав, на граѓаните на оваа земја им се потребни подобри услови за живот, подобра економија и поголеми инвестиции, повеќе работни места и можности за младите, за да останат дома, во својата татковина.

„Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам не ни треба некој да биде повисоко, некој пониско. Нам ни треба подобра економија, подобра социјала, повеќе инвестиции, повеќе работни места. Ако го направиме тоа, можеме да кажеме дека бил успешен мандатот. Сè друго е карање со комшиите и внатре со најблиските, и карање на регионално ниво, со соседите – и тоа е погубно“, рече Пендаровски пред присутните.

Во оваа насока тој додаде дека и натаму ќе се залага за концептот на заедништво, бидејќи смета дека сите граѓани мора да бидат еднакви. „Отсекогаш сме биле мултиетничка држава и единствениот рецепт за просперитет е да се почитуваме едни со други“, рече Пендаровски.

Пендаровски ги повика крушевчани масовно да излезат на гласање и на 8 мај.

„Тогаш ќе ја видиме вистинската слика на тоа каква ја сакаме Македонија – внатре без две или три категории на граѓани, во која сме солидарни, во која си помагаме еден со друг, стари на млади, млади на стари, Македонци на Власи, Власи на Албанци, Албанци на Турци и.т.н. Една сложна фамилија. И убеден сум дека има мнозинство такви граѓани“, додаде Пендаровски.

Пендаровски во Крушево, во споменикот Македониум, положи и свежо цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев, соопштуваат од неговиот тим.

Силен земјотрес го погоди Тајван, засега нема информации за штета

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Хуалиен, источниот регион на Тајван, соопшти Метеоролошката служба.

Земјотресот бил почувствуван во главниот град Тајпеј, каде што се нишале згради, објави Ројтерс.

Метеоролошката служба соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 24,9 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Хуалиен беше погоден од земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер на 3 април, при што загинаа 17 луѓе.

После тоа се забележани уште 1.000 последователни потреси.

Карате мајстор победи мечка- со еден удар ја избрка и се спаси

Масато Фукуда (50) посетил водопад во близина на градот Најеро, на северниот остров Хокаидо, а потоа видел две мечки.

Една од нив се нафрлила на човекот и брзо зажалила. Масато е карате мајстор, па реагираше со молскавична брзина за да си го спаси животот.

„Морав да реагирам, бидејќи во спротивно немаше да преживеам“, изјави тој за медиумите.

Огромната мечка се обидела да го гризне Масато, но била принудена да се повлече по прецизен удар во глава, пишува Daily Star.

„Во таа прилика ја повредив ногата, но си го спасив животот“, објасни тој.

Животните веднаш побегнале, а човекот дотрчал до својот автомобил и ги снимал од безбедно растојание.

„Имав многу среќа. Кој знае што ќе се случеше ако не отстапеше“, додаде тој.

притисни ентер