Шоу бизШакира проговори за врската со Том Круз (фото + видео)Потоа заврши на луксузна јахта со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон! Познатата пејачка Шакира (46) и холивудскиот заводник и актер Том Круз (60) биле забележани како се забавуваат на трките во Формула 1 во Мајами. Според американските медиуми, од тој момент, Круз наводно ја опсипувал пејачката со подароци и цвеќиња со надеж дека ќе ја освои. Во меѓувреме, таа е фотографирана како се качува на луксузната јахта на возачот на Формула 1 Луис Хамилтон (38), пред нејзината вила на брегот на Мајами вредна 20 милиони долари. Освен нив двајца, на пловилото биле видени и блиски пријатели на возачот на Формула 1. Shakira and Lewis Hamilton were spotted enjoying a boat ride together in Miami today. pic.twitter.com/aoiYEUx6GI — Pop Hive (@thepophive) May 11, 2023 Според пријателите на Шакира, таа не е заинтересирана за холивудската ѕвезда, ниту за каква било врска: - Том е навистина фин и таа уживаше во негово друштво, но во моментов таа не е фокусирана да излегува и да се забавува со него, ниту со кого било друг. Таа во моментов е посветена на многу обврски, а синовите и кариерата ѝ се на прво место. Шакира видела дека на социјалните мрежи се појавила веста за нивната наводна љубов, но сето тоа ѝ беше смешно бидејќи не е вистина - изјавил близок пријател на познатата пејачка. Шакира и Круз се состанале минатиот викенд на трките во Формула 1 во Мајами, и наводно меѓу нив летале искри. Сепак, нејзините обожаватели се поделени. Некои веруваат дека Шакира и Том би биле совршен пар, додека други сметаат дека таа треба да бега од него со оглед на неговите религиозни убедувања и припадноста на скиентолошката црква. Од друга страна, според наводите, на колумбиската пејачка повеќе ѝ се допаѓа Хамилтон со кого беше на крстарење. Дали на повидок е нова љубов или само пријателско дружење, засега не е јасно. Shakira and Tom Cruise spotted at the Miami Grand Prix. pic.twitter.com/ARLs6ovLpB — Pop Base (@PopBase) May 7, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ЕвропаТешка несреќа во Италија: Шестмина загинати, 30 повредени Шест лица загинаа, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот во италијанската провинција Риети, во близина на езерото Вентина, соопштија полициски извори.Според полициски извори, загинале двајца возачи на автобус и двајца патници, додека другите две жртви биле во камперот, пренесува „Кориере дела сера“. Од 30-те лица повредени во судирот, тројца се во тешка состојба. Во челниот судир меѓу кампер што се движеше кон Терни и автобус што се движеше по спротивната лента, кон Риети, учествуваа и три автомобили. Камперот вклучен во судирот беше целосно уништен, додека еден автомобил се преврте. Причината и деталите за несреќата сè уште се предмет на истрага.Тагови: сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВИДЕО: Хеликоптери се судрија при гаснење пожар во Грција – извлечени телата на пилотитеГрчката противпожарна служба потврди дека се извлечени телата на пилотите чиј хеликоптер експлодираше и се урна по судирот со друг хеликоптер за време на мисија за гаснење пожар во Грција. Пилотот бил Данец, а копилотот Грк, објави државниот сервис ERT. Со нивната смрт, вкупниот број на жртви од шумските пожари во Грција се искачи на пет, по смртта на тројца пожарникари на Крит и на Пелопонез минатата недела. ERT емитуваше снимка на која се гледа како роторот на едниот хеликоптер удира во другото летало, по што тоа експлодира и во пламен паѓа на земјата. Двајца членови на екипажот од вториот хеликоптер го преживеале инцидентот откако пилотот успеал да изведе принудно слетување, објави медиумот. 🔴 Two Bell 214ST firefighting helicopters collided mid-air while battling a major forest fire in the Psatha area, west of Athens, Greece, triggering a search and rescue operation. ✈️ Aircraft involved: One helicopter was Bell 214ST N511EV (serial 28105, built in 1982), while… pic.twitter.com/Jwd3qpLAfj — FL360aero (@fl360aero) August 2, 2026 Хеликоптерите се судрија додека гаснеле пожар западно од Атина. Започната е голема операција за пребарување и спасување во областа близу селото Псата, соопшти противпожарната служба. Во меѓувреме, пламените јазици од огромен пожар, што беснее на околу 50 километри западно од Атина, се проширија до непосредна близина на градот Мегара, кој брои околу 36.000 жители. Според првичните проценки, од петокот досега се уништени повеќе од 10.000 хектари шума, како и куќи, штали и земјоделско земјиште, објави ЕРТ. Стотици припадници на службите за итни интервенции, вклучително и пожарникари од Романија и Франција, се борат со големиот пожар што беснее околу густо пошумениот планински венец Китерон.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПродолжува топлотниот бран, денесска сончево со температура до 39 степениУправата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter