Шахпаска: Услугата помош и нега во домот ја доближуваме до старите лица

 Услугата помош и нега во домот ја доближуваме до старите лица во нивните домови. 

Таа е креирана согласно нивните потреби, индивидуализирана во смисла на поддршка во делот на одржување на личната хигиена, исхрана, купување на прехранбени продукти, обезбедување на лекови прошетки во домот и надвор од домот, она што претставуваат елементарните потреби на старите лица над 65 години, рече денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на доделувањето лиценца за вршење на дејност од социјална заштита односно за вршење на услугата помош и нега во домот на стари лица во општините Бутел и Чучер Сандево.

Ова, додаде министерката, претставува дел од имплементација на социјалната реформа, проект што МТСП го работи со поддршка на Светска банка за подобрување на социјалните услуги.

-Дополнително овозможуваме ангажман на негуватели коишто поминуваат низ систем на обука, конкретно за овие две општини, 25 негуватели ќе ја пружат помошта во домовите на возрасните лица над 65 години. И ова не е само една општина односно две општини каде ншто оваа услуга се имплементира. Работиме насекаде во државата со 24 општини на вкупно 19 проекти, истакна Шахпаска.

Таа појасни дека во овој систем треба да поминат 900 корисници, а околу 300 негуватели ќе ја даваат услугата.

-Бенефитот е обостран како за корисниците кои добиваат индивидуализирана квалитетна услуга во нивните домови, значи услугите ги пуштаме во домовите и заедницата, а дополнително успеваме да ангажираме негуватели коишто се лица долго време отсутни од пазарот на трудот, тешко вработливи лица, лица коишто не го заокружиле своето образование и овозможуваме да заработуваат за сопствена егзистенција. На тој начин го подобруваме и нивниот животен стандард и генерално го подобруваме животот на сите чинители во една заедница, истакна министерката за труд и социјална политика.

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, пак, посочи дека ова е значаен проект за помош и поддршка на повозрасните лица во општината.

-Денеска потпишуваме и ја примаме лиценцата за невладината организација Адра која што ќе биде претставник за Општина бутел и Чучер Сандево. Со тоа сум сигурен дека 25 луѓе коишто ни се одбрани да помагаат на оваа социјално грижливите семејства ќе успееме да ги погодиме сите потребни потреби на лицата коишто ќе им помагаме, реле Смилевски.

Тој се надева дека во иднина ќе има повеќе вакви проскти со кои ќе се излезе во пресрет на потребите на жителите на општината.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер