Шахпаска: Остануваме партнери во подигнувањето на јавната свест

Министерката за труд и социјална политика , Јагода Шахпаска денеска учествуваше на он лајн панел дискусија на 13-та Национална конференција за рак на дојка .

Панел дискусијата на тема "Предизвиците во третманот и лекувањето и на ракот на дојка за време на КОВИД 19", е организирана од Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“.

На конференцијата се дискутираше за тоа какви промени се потребни за да се подобри квалитетот на услугите, терапијата и третманот на пациентите со рак на дојка во време на КОВИД19”.

„Розовиот месец Октомври не треба да биде единствениот месец во годината кога разговараме за ова прашање, затоа што болеста не бира во кој период од годината и во која средина ќе се појави. А сведоци сме и на стросната граница која се менува и се појавува во пораните години на животот на секоја жена,“ истакна Шахпаска .

Таа посочи дека секој момент треба да се искористи и да се зборува отворено за ракот како болест на денешницата и упати поздрав за секоја иницијатива за подигање на јавната свест по ова прашање. Но, упати и на важноста на поддршката која жените си ја даваат меѓусебно при соочување со овој предизвик.

Министерката ги истакна како особено значајни превенцијата, раното откривање и раниот третман како важен фактор во за зачувување на здравствената состојба на секоја жена.

Во однос на пристапот на лекови, таа посочи дека во нашата земја, жените имаат пристап до современи лекови кои ги пратат светските трендови ,што е голем исчекор напред во борбата со оваа болест.

Министерката Шахпаска зборуваше и за вклученоста на Министерството во финансиската поддршка која ја добиваат жените за време на терапија која се движи од 6- 12 месеци, врз основа на степенот и видот на карциномот и паричен додаток за телесна оштетеност.

„Како Министерството за труд и социјална политика ги поддржуваме овие политики, остануваме партнери во подигнувањето на јавната свест преку разни облици на комуникација. Само заеднички можеме полесно да ги пребродиме сите предизвици , воведување на нови современи третмани и приближување на европската пракса, но пред се она што значи женска солидарност, поддршка и заедничка борба со оваа најчеста малигна болест,“истакна Шахпаска, соопшти МТСП.

Американска туристка по 3 години го вратила парчето мермер кое го земала од Рим

Туристка од САД го вратила во Рим со писмено извинување древно парче мермер украдено за време на нејзината посета на вечниот град во 2017 година.

Мермерот бил испратен до Националниот музеј во Рим, парчето древен камен било обележано со ознаката „За Сем со љубов, од Џес, Рим 2017“, пренесува ББЦ.

Пристигна парче камен со порака во која турист моли за прошка за „несовесно однесување и непочитување“.

„Се чувствувам навистина ужасно не само поради тоа што го земав парчето мермер, туку и затоа што пишував по него“, се вели во писмото.

Личноста, за која официјалните лица веруваат дека е жена по име Џес, вели дека таа неуспешно „со часови го гребела и миела мермерот“ во обид да го тргне маркерот од каменот.

Штефан Вергер, директор на музејот, за италијанскиот весник „Ил Месаџеро“ изјави дека вратениот камен не е особено вреден и дека најверојатно е однесен од место како Римскиот форум, кое некогаш било центар на антички Рим.

Тој истакна дека станува збор за млада девојка која пристигнала во Рим во 2017 година и го однела каменот дома како подарок на своето момче.

Фото: Меси во дресот на Марадона се прости од својот идол

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона во дуелот од 11 коло во Примера убедливо со 4-0 ја совлада Осасуна.

Мечот на Ноу Камп го одбележа капитенот на Барса, аргентинскиот волшебник Лионел Меси.

Меси го постигна последниот гол за Барселона во 73 минута и голот го прослави во дресот на својот идол Марадона.

Меси го соблече дресот на Барселона и во дресот на Њуелс првиот клуб на Диего Армандо Марадона со број 10 се прости од својот починат идол.

Светскиот шампион Хамилтон најбрз на „огненото“ Гран при во Бахреин

Возачот на Мерцедес Луис Хаилтон е победник на Големата награда на Бахреин од шампионатот во Формула 1.

Трката во Бахреин мина во знакот на инцидентот во кои експлодира болидот на Себастијан Грожан, кој за среќа остана скоро неповреден излегувајќи од запаленото возило.

Актуелниот шампион Хамилтон продолжува со доминацијата во Ф1 циркусот и сигурно чекори кон петтата последователна титула во шампионатот.

Хамитон стигна до 95 победа во кариерата со која ја зголемува предноста од легендарниот Михаел Шумахер, кој застана на 91 триумф.

На победничкиот подиум во Бахреин покрај победникот Луис Хамилтон се искачија и возачите на Ред Бул Макс Верстапен и Александер Албон.

притисни ентер