Засилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возење
1Засилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возење
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
ТехнологијаСеверна Кореја ги попречува GPS сигналите во Јужна Кореја Северна Кореја од вчера спроведува кампања за блокирање на ГПС сигналите што погоди неколку бродови и десетици цивилни авиони во Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската војска.„Северна Кореја вчера и денеска изведува провокативно попречување на ГПС сигналите“, се наведува во соопштението на Здружениот генералштаб на јужнокорејската војска, додавајќи дека бродовите и десетици цивилни авиони претрпеле „одредени оперативни прекини“. Војската ги повика на внимателност јужнокорејските цивилни бродови и авиони што патуваат во и над Жолтото Море, меѓу Кина и Корејскиот Полуостров. „Ја повикуваме Северна Кореја веднаш да престане со провокациите со ГПС и ја предупредуваме дека ќе биде одговорна за сите проблеми што ќе се појават“, додаде јужнокорејската војска. ГПС пречките се состојат од емитување непознати сигнали кои ги заситуваат ГПС приемниците и ги прават неупотребливи за навигација. Јужна Кореја во последните неколку години постојано ја обвини Северна Кореја дека спроведува ваков тип на попречување од нејзина територија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаЗасилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возењеСо учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштат.Во периодот од 3 до 9 август 2026 година, сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи спроведе засилени акциски контроли на територијата на државата, насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците поврзани со пречекорување на дозволената брзина. Контролите беа реализирани во рамки на ROADPOL Operation Speed, паневропска координирана оперативна активност на сообраќајните полициски служби на земјите членки на ROADPOL. Во текот на акцијата, полициските службеници континуирано ја следеа и мереа брзината на движење на возилата, со посебен фокус на патните правци и локации каде што, согласно сообраќајно-безбедносните анализи, постои зголемен ризик од сообраќајни незгоди предизвикани од несоодветна и неприлагодена брзина. При контролите беа констатирани 1.576 прекршоци поврзани со пречекорување на дозволената брзина. Со учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштата, превенција на сообраќајните незгоди и зајакнување на меѓународната полициска соработка во рамки на ROADPOL. Овие активности се дел од континуираните напори на Министерството за внатрешни работи за намалување на бројот и последиците од сообраќајните незгоди, зголемување на дисциплината во сообраќајот и создавање побезбедни услови за сите учесници во патниот сообраќај.Тагови: ROADPOL Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочесна артилериска стрелба по повод Денот на АрмијатаНа 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата. Претходно, истиот ден, во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија. Тагови: артилериска стрелба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно без снимка за „разговорите под радарот“ на министерот МуцунскиСДС денес одржа цела прес-конференција за да докаже нешто што можеше да го докаже за 30 секунди.Вчера ги повикавме да ја објават снимката на која министерот Муцунски вели дека се водат разговори „под радарот“. Денес излегоа пред камерите. Покажаа медиумски наслови. Кажаа многу зборови. Само едно нешто повторно не покажаа: снимката. Затоа уште еднаш, сосема едноставно: СДС, најдете ја и објавете ја изјавата на Муцунски во која тој ги изговара зборовите „разговори под радарот“. Не наслов. Не интерпретација. Изјавата. Додека ја бараат, можеби ќе сфатат зошто сериозна политичка партија прво ги проверува фактите, па потоа свикува прес-конференции. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook