Северина во изолација почна со проектот СеВеТеВе (ВИДЕО)

Северина Којиќ во изолација се сврте кон новиот проект што го нарече SeVeTeVe.

Така нејзините обожаватели можат да видат какви вести гледала, како ја исчистила куќата на нејзиниот свекор, Драган Којиќ Кеба, но и како изгледа нејзиниот тренинг. Како што се затворија спортските сали, така и Северина се префрли на вежбање дома, во дневната соба и во големиот двор.

„Луѓе мои , во оваа карантина времето навистина брзо минува. Вчера беше пролет, а денес е зима“, рече таа пред да сними снег.

Таа, исто така, подготвува октопод со нејзината свекрва Оља.

притисни ентер