БалканСерија експлозии рано утрово во фабриката за оружје ,,Слобода“ во ЧачакСилна детонација по полноќ ги разбуди граѓаните на Чачак, мештаните сведочат дека неколку последователни експлозии во фабриката „Слобода“ биле пострашни и од НАТО-бомбардирањето во деведесетите. Жителите велат единствено засолниште во тие моменти им биле подрумите, дел од нив стравувале за членови од семејствата кои во моментите на хаосот биле токму на работа во фабриката која што горела.. -Сред ноќ се разбудивме, брат ми работеше во трета смена, јас за него најмногу се исплашив, дали ќе стигне да излезе. Одма слеговме во подрум, каде би оделе, немаме каде, од страв се исплашивме било каде да тргнеме. -Децата се исплашија и ние, јас само гледав дали ќе остане нешто живо утринава, колку беше тоа страшно./ Не беше воопшто пријатно, навистина сме блиску, децата се засолнаа, ние бевме дома и така. Во фабриката се произведуваат пиротехнички средства, меѓу кои се прават и гранати, па градоначалникот Милан Тодоровиќ вели дека е среќа што експлозиите се случиле во делот за изработка на запалки а не во тој каде се наогале гранатите, со што ситуацијата би можела да биде и трагична.. 60-те работници од нокната семна по хаосот останале неповредени. -Јаки детонации имаше, а подоцна и пожар, што е најбитно 60те вработени кои што работат во трета смена и го одржуваат континуитетот на производството и се секогаш таму во трета смена се безбедно евакуирани.изјава Милан Тодоровиќ – Градоначалник на Чачак. Влезот во фабриката и почетокот на истрагата ќе почека 24 часа од последната експлозија, како што налага протоколот, вели министерот за одбрана Небојша Стефановиќ. Најбитно е што никој не страдаше и сите животи се сочувани, очекувам после анализите кои што ќе бидат во наредните недели и истрагата која што ќе ја спроведуваат надлежните органи да дојдеме до сите податоци кои што ќе кажат како е предизвикана штетата. Фабриката „Слобода“ имала неколку слични ситуации во изминативе години, а последната се случила во 2010 година. Во фабриката работат 2000 луѓе и е една од најголемите во Чачак и дистриктот Моравица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
ЕкономијаДиректорката на ММФ со предупредување до светот: Не можеме повеќе да одложувамеДиректорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека земјите ширум светот треба побрзо да го намалат јавниот долг и да одговорат на зголемената нееднаквост .Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека земјите ширум светот треба побрзо да го намалат јавниот долг и да одговорат на зголемената нееднаквост бидејќи се соочуваат со последиците од ширењето на вештачката интелигенција, високите долгови и војните на Блискиот Исток и Украина. - Не можеме повеќе да ги одложуваме неопходните мерки - ги имате алатките, сега покажете мудрост да ги користите - рече Георгиева во говорот во Сингапур, во пресрет на есенските состаноци на ММФ и Светската банка во Бангкок следната недела, пренесе АП. Таа предупреди дека прекумерниот долг е се поголем товар и за богатите и за земјите со ниски приходи, кои треба да изберат помеѓу инвестирање во јавната благосостојба и отплата на долгот во услови со високи каматни стапки. Георгиева укажа и на ризиците поврзани со брзиот раст на инвестициите во вештачката интелигенција (АИ) и изградбата на центри за податоци. Според неа, инвестициите во вештачката интелигенција би можеле да го надминат релативниот обем на трошоци за железници, електрични мрежи и телекомуникациски системи. Георгиева ги повика земјите да влијаат на јавната потрошувачка и, доколку е потребно, да ги зголемат трошоците за задолжување за да ја контролираат инфлацијата, притоа да ги заштитат најранливите. Таа укажа и на потребата од регулирање на вештачката интелигенција, обука на работници, пофлексибилен пазар на трудот, поттикнување на претприемништвото и зајакнување на енергетската безбедност. Според неа, брзиот развој на вештачката интелигенција особено им користи на земјите со силни технолошки сектори, притоа заобиколувајќи многу други земји и со тоа дополнително ја продлабочува економската нееднаквост.Тагови: ММФ директорката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗоран Доревски во „Само интервју“Почитувани, утре во Само Интервју гостува д-р Зоран Доревски, автор на книгата "Скопски атентат".31 година од неуспешното убиство на Претседателот Глигоров, зошто по 3 децении не е обелоденета целосната вистина? Книгата дава индиции и анализа на податоци - се знаат ли мотивите, нарачателот и извршителите? Можеа ли службите да го превенираат настанот? Што се случува во пост-атентаторска Македонија? Утре интригантно Само Интервју со Гоце Михајлоски и Зоран Доревски веднаш по централните вести. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
ТехнологијаНеверојатна фотографија од Марс- роверот на НАСА го сними моментот на изгрејсонце НАСА објави прекрасна слика од зората на Марс направена од нејзиниот ровер „Кјуриосити“. Прекрасната слика од Црвената планета покажува сончева светлина што ги осветлува карпестите врвови формирани пред милијарди години, додека роверот со големина на автомобил продолжува со своето истражување на Марс, објави Psych.org. Роверот „Кјуриосити“ слета на Марс во 2012 година во кратерот Гејл во близина на екваторот на Марс и се искачува на планината Шарп, планина висока 3,1 милји (5 км) што се издига од дното на кратерот, од 2014 година, објави Ројтерс. Сликата е направена околу еден час по изгрејсонцето со неговата камера „Масткам“ и прикажува карпи и гребени разнесени од ветерот во далечината. - Светлите карпести врвови во далечината се од карпест слој што изгледа сосема поинаку од кој било друг слој низ кој роверот некогаш поминал. „Мислиме дека некогаш бил составен од седимент донесен од ветерот, можеби песок, или дури и пепел што бил фрлен во кратерот од блиската вулканска активност“, рече Ашвин Васавада, научник во Лабораторијата за млазен погон (JPL) на НАСА, кој е одговорен за мисијата Кјуриосити. Откако седиментот се претворил во карпа, ветерот во текот на милиони години го обликувал површинскиот слој во гребени познати како јарданзи. Се смета дека овој слој се формирал пред околу три милијарди години и се протега околу 16 километри по северозападната страна на планината Шарп. Васавада рече дека слојот веројатно не е дел од континуирана серија слоеви што го сочинуваат планината Шарп, туку се формирал подоцна, над геолошки дисконтинуитет, период во кој претходните слоеви еродирале пред да се наталожат нови врз нив. Роверот се искачил повеќе од еден километар (3,2 милји) во висина за време на постепеното искачување, највисоката надморска височина што некогаш ја достигнал ровер на Марс, соопшти НАСА. Планината Шарп е составена од слоеви карпи што зачувуваат траги од различни периоди во геолошката историја на Марс. Со проучување на овие слоеви, научниците дознале повеќе за езерата и потоците што некогаш го покривале овој дел од планетата, кога Марс бил потопол и повлажен отколку што е денес. НАСА се надева дека ќе стигне до слојот Јарданза во 2027 или 2028 година, кога нејзините инструменти детално ќе го проучат неговиот геолошки состав. Роверот „Кјуриосити“ ја проучува геологијата и климата на Марс и се обидува да утврди дали планетата некогаш имала услови погодни за микроорганизми. Тој е еден од двата ровери на НАСА што моментално го истражуваат Марс, додека роверот „Персеверанс“ се движи по работ на кратерот на езерото на северната хемисфера. Васавада го опиша новиот материјал како глетка што го потсети на патување низ Долината на спомениците во американската држава Аризона, но истакна дека портокаловото небо и синкавите нијанси на изгрејсонцето јасно укажуваат дека тоа е Марс.Тагови: марс НАСА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08