Левица. И ЕВН мора да одговара кога од нејзината мрежа тргнуваат пожари - монопол не значи недопирливост
1Левица. И ЕВН мора да одговара кога од нејзината мрежа тргнуваат пожари - монопол не значи недопирливост
ТенисСерена Вилијамс објасни зошто нема да игра на Австралија ОпенАмериканската тенисерка Серена Вилијамс, која има 23 грен слем титули, ќе го пропушти првиот Грен слем во 2022 година поради советите на нејзиниот лекарски тим, објавено е на порталот на Австралија Опен."Иако тоа е тешка одлука, не сум физички подготвена да се натпреварувам. Врз основа на советите на мојот лекарски тим, решив да се повлечам од Австралија Опен. Мелбурн е еден од моите омилени градови и уживав играјќи на Австралија Опен секоја година. Ќе ми недостигаат навивачите, но возбудена сум што се враќам и играм на највисоко ниво“, изјавила 40-годишната Серена, која освоила седум титули на Австралија Опен и последен пат славеше во 2017 година. Таа има сезона одбележана со повреди и нема играно од првото коло на Вимблдон, кога ја повреди задната ложа. Списокот на учесници на Австралија опен беше изненадувачки бидејќи на него е Новак Ѓоковиќ и покрај обврската да се вакцинираат сите учесници, но не и Серена, па се појавија теории дека не е вакциниран ниту најголемиот тенисер на сите времиња. Дополнително, организаторот на Австралија опен, Крег Тајли, минатиот месец изјави дека Вилијамс, на која и` недостига уште една грен слем титула за да го израмни рекордот на Маргарет Корт, ќе настапи во Мелбурн парк, но ова објаснување стави крај на сите шпекулации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛевица. И ЕВН мора да одговара кога од нејзината мрежа тргнуваат пожари - монопол не значи недопирливостКога некој ќе фрли догорче, ќе запали стрниште или намерно ќе подметне пожар, треба да се бара истрага, санкција и одговорност. Но, што кога пожарот не го предизвикал подметнувач, туку електричен вод? Истиот принцип мора да важи и кога огнот тргнува од електроенергетската инфраструктура. Пожарот кај Рамни Габер во Студеничани го отвора ова прашање. Според првичните информации изнесени од надлежните, пожарот бил предизвикан од искра од кабел на дистрибутивната мрежа. Доколку се потврди, тогаш истрагата не смее да заврши со утврдување на причината. Мора да се понесе и одговорност, бидејќи пожарот можел да биде спречен и воопшто да не се случи. Мрежните правила наложуваат операторот да има организирано одржување на системот, а за надземните водови изречно предвидуваат прегледи, контроли, испитувања и ревизии, како и поправки, отстранување недостатоци и отклонување дефекти. Меѓудругото, на граѓаните и тоа им се фактурира. Значи, каблите не се оставаат да висат над Македонија, туку нивната состојба треба да се следи и ризиците да се отстрануваат пред искрата да стане пожар. Особено во лето, кога високите температури влијаат врз провисот на надземните проводници, контролата на критичните распони, растојанијата, вегетацијата и механичката состојба на мрежата е основна превенција. ЕВН е дел од австриска енергетска групација со седиште во Австрија. Во Македонија со години работи во ултрапривилегирана положба на дистрибутивниот пазар, а граѓаните многу добро ја знаат нејзината ефикасност од аспект на коректноста, кога треба да се наплати долг, да се пресмета камата, да се исклучи корисник и слично. Редно е да ја видиме истата ефикасност и кога треба да се отвори нивното досие за одржување. Не може државата и органите на прогон да се помрднат само при можност за подметнат пожар, а за моќен енергетски субјект иста таква искра да биде заведена како временска неприлика и сите да си одат дома. Левица бара за секој пожар за кој постојат индиции дека потекнува од електродистрибутивната мрежа да биде предмет на темелна техничка и правна истрага, да се утврдат точниот вод, сопственоста, техничката состојба, датумите и записниците од последните контроли, пријавените дефекти и преземените интервенции. Ако се утврди дека пожар настанал поради пропуштено одржување, ненавремено отстранет дефект или друг пропуст – мора да се испита и кривичната и материјалната одговорност. ЕВН не смее да биде над законите! Доста е со третманот на недопирливост. Кој наплаќа за мрежата - мора да одговара и за мрежата. Кој го зема профитот - мора да го сноси и ризикот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАХарден останува во Кливленд – „Кавс“ подготвуваат нов договорНБА ѕвездата Џејмс Харден сè уште нема договор, но сè укажува на тоа дека ќе ја продолжи соработката со Кливленд Кавалирс.Според информациите на новинарот на „ESPN“, Шемс Чаранија, Кливленд е во постојан контакт со Харден и неговите претставници и преговара за нов договор. Двете страни разговараат за договор со времетраење од две или три години. Истовремено, Кливленд се обидува да ангажира двајца квалитетни крилни играчи кои во моментов се меѓу најбараните слободни агенти – Пејтон Вотсон и Џонатан Камингс. „Кавалирс“ дополнително ја зголемија својата финансиска флексибилност во петокот, кога ги испратија Денис Шрудер и парични средства во Шарлот Хорнетс во замена за Тре Ман. Тој потег би можел да биде од големо значење за продолжувањето на преговорите со Харден, кој практично му остави на Кливленд отворени опции во текот на летото. Претходно ова лето, Харден ја одби опцијата во договорот вредна 42,3 милиони долари за сезоната 2026/27, додека двете страни се обидуваа да најдат начин за склучување нов повеќегодишен договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски се врати од научно-хибридната екскурзијаЗаврши научно-образовната екскурзија на премиерот Христијан Мицкоски.Мислевме дека е стручна. Сепак, Мицкоски оди чекор подалеку. Тој е најдобар во сè: економија, туризам, авиосообраќај, технологија, образование и ИТ. Нема област во која овој научник не е прв. Сепак е научна. Првиот ден - милион теми. Мора да го надомести пропуштеното време во медиумите. Вели дека чистел цевки во Гостивар. Четири недели чистење. Никогаш немало подобро чистење, па како поинаку од научник. 1.200 проекти и образование. Ни помалку, ни повеќе, точно 1.200. Македонската православна црква ја прескокна. Не го интересира, бидејќи не може да ги коментира изјавите на својот шеф Вучиќ. Вели дека не може да зборува за историја. Нормално. Тој е човек на иднината, како и сите негови ветувања од кампањата. Не може тоа веднаш, ама ќе биде… во иднина, некогаш, никој не знае кога. Потоа класика: Обвинувања кон опозицијата и земјоделците. Опозицијата е „безидејна“, создава паника и хистерија додека е на одмор. Знаеле ден порано за „хибридниот напад“ врз водата во Скопје. А зошто ништо не направија кога знаеле? И повторно закани со Обвинителство и полиција. Зошто повторно е виновна опозицијата за објавите на социјалните мрежи кога ги имаат имињата? А секако виновни се Заев и Филипче. За сè. Земјоделците ги обвини за протест. Земјоделците не протестираа кај откупувачите, туку кај државата. Дали субвенциите, откупот и ИПАРД фондот се обврска на откупувачите, а не на државата? Тоа зборува Мицкоски? Според Мицкоски и земјоделците се дел од хибридниот напад. Кажа дека на екскурзијата имал средби со инвеститори. Три нови инвестиции. Сите три „во фаза на реализација, се пеглаат последните детали“. Една германска, една американска, а третата… „не може да каже“. Под радар. Веројатно проширување на медиумската мрежа - на постоечките 40 % Орбанови медиуми, сега да стигнат и 40 % од медиумите на Вучиќ. Како и секогаш - не може да каже кои се. Исто како после Давос, кога беше во туристичка посета. Каде се тие инвеститори што ги најави? Наскоро, некогаш, никој не знае… На крај - порача дека бил со семејството на научна екскурзија и дека таму научил оти 4+4 не е 8 дена, туку 7 дена. За да ни каже колку малку бил на одмор. Само не ни кажа една работа: Кога ќе појде во Гостивар на една здравица со гостиварска вода? СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook