Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници
2Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници
3Силвестер Сталоне за децениската кавга со Арнолд Шварценегер, со кого сега се побратими: Јас сум идиот
СветСенката на можна трговска војна се надвиснува над односите ЕУ-САД Трамп неделава ги повтори своите закани дека ќе воведе царини за увозот на стоки од Европската Унија во САД. Американскиот претседател Доналд Трамп неделава ги повтори своите закани дека ќе воведе царини за увозот на стоки од Европската Унија во САД, најави кои предизвикаат вознемиреност во ЕУ, иако европските лидери се обидуваат да манифестираат смиреност и подготвеност за разговори и компромиси за надминување на разликите. Трамп во петокот од Белата куќа порача дека „апсолутно“ ќе воведе царини за увоз на европските производи на американскиот пазар, обвинувајќи ја Унијата за нефер трговски практики и за „ужасен“ третман на САД. Според него, европскиот пазар главно е затворен за пласман на американски производи, што го докажува и големиот дефицит на САД во трговската размена со ЕУ. Ваквите закани Трамп ги кажа и при видео-обраќањето на Светскиот економски форум во Давос минатата недела, истакнувајќи дека ја сака Европа, но дека ЕУ се однесува „многу, многу неправедно“ кон САД со својот висок корпоративен данок, со казните за американските информатичко-технолошки компании и со нејзиниот суфицит во меѓусебната трговска размена. - Од гледна точка на Америка, ЕУ се однесува кон нас многу, многу неправедно, многу лошо. Тие не ги земаат нашите земјоделски производи и не ги земаат нашите автомобили, но сепак ни испраќаат автомобили со милиони, рече Трамп, порачувајќи дека е „дојдено време за наплата“. Според статистичките податоци на ЕУ, блокот во 2023 година остварил трговски суфицит во размената на стоки со САД од 156,6 милијарди евра, но и дефицит од 104 милијарди евра во размената на услуги. Во врска со неговите предизборни најави за воведување на „универзален данок“ од 10 до 20 отсто за сиот увоз во САД, Трамп од Давос порача дека оние што „не произведуваат во Америка, многу едноставно ќе треба да платат данок“ за своите производи. Новиот американски секретар за финансии Скот Бесент по обраќањето на Трамп во Давос се обиде да „ја спушти топката“, порачувајќи дека ваквите пораки на претседателот на САД „не се закана“, туку став од „пошироката преговарачка стратегија насочена кон зајакнување на американската индустрија“. Сепак, закана или не, најавите на Трамп предизвикаа горчлив круг и вознемиреност во ЕУ, која се обидува да промовира мерки за поттик на нејзината забавена економија, чиј раст значително заостанува зад оној на економиите на САД и Кина. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, исто така, од Давос повика на уривање на бариерите и најави подготвеност за „прагматичност“ во трговските односи со САД, но и одбрана на интересите на ЕУ, додека шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард апелираше на поедноставување на процедурите и отстранување на бариерите во трговијата. Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас порача дека Унијата е секогаш подготвена да соработува со секоја Американска администрација и очекувам многу добра соработка со новите власти во САД. - Се разбира, стилот на различни администрации е различен и ние треба да ги прилагодиме нашите методи на работа со тоа, порача Калас. Таа додаде дека политиката на Вашингтон има „големи импликации“ врз ЕУ и неговиот нов пристап бара збивање на редовите, бидејќи ЕУ и САД се посилни само кога се обединети. - Европа е економски играч од тешка категорија и доверлив партнер, а САД се нашиот најблизок сојузник. Нашите противници соработуваат многу тесно, па затоа треба и ние. Само заедно Европа и Северна Америка ќе бидат посилни и побезбедни, додаде Калас. Главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо пак порача дека ЕУ нема сознанија за воведување какви било дополнителни царини за европските производи, додавајќи дека царините „создаваат непотребно економско нарушување“. - Нашите трговски и инвестициски односи со САД се најголеми на глобално ниво. Отворените пазари и почитувањето на меѓународните трговски правила се од суштинско значење за силен и одржлив економски раст, изјави Пињо. И покрај ваквите помирувачки пораки кон Белата куќа, во ЕУ постои стравување дека со поддршка на магнатите од информатичко-технолошката индустрија, Трамп би можел „да ја подели Европа“, воспоставувајќи поблиски односи и трговски врски со некои од земјите членки, како Италија или Унгарија. - Постои реална опасност одделни земји членки да се обидат да добијат отстапки од Трамп за сметка на ослабување на единствената европска преговарачка позиција, смета политичкиот аналитичар во берлинскиот Центар „Жак Делор“, Артур Лајхтхамер. Токму, американските компании од ИТ индустрија, како „Мета“, „Епл“ и „Икс“, се на удар на Европската комисија која покрена истраги за усогласеност на нивните онлајн платформи и социјални мрежи со одредбите на Законот за дигитални услуги на ЕУ и за ширење дезинформации и говор на омраза. ЕУ особено „го фати на заб“ првиот човек на „Икс“, Илон Маск по неговите јавни критики на сметка на неколкумина европски лидери и поддршката на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) на претстојните германски предвремени парламентарни избори, што во блокот беше оценето како негово „мешање во европската политика“. Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс се закани со преиспитување на американската поддршка за Европа, доколку ЕК преземе санкции против „Икс“ и Маск, кој на претседателските избори во САД во ноември минатата година го поддржа Трамп и учествуваше во неговата кампања. Дополнително, покрај најавите за царини за увозот на европскиот увоз и заканите за „контра-мерки“ во случај на санкционирање на американските ИТ гиганти, Белата куќа бара и ЕУ да купува повеќе енергенси со САД. На ваквата порака на Трамп, портпаролката на Европската комисија за клима, енергија, домување, животна средина и оданочување Ана-Кајза Итконен одговори дека ЕУ е подготвена да разговара со Вашингтон околу барањата за набавка на поголеми количества нафта и гас од САД. - Приоритет е да имаме разговори, да разговараме за заедничките интереси и да бидеме подготвени да преговараме, рече Итконен, потенцирајќи дека иако самата Европска комисија не купува или продава течен природен гас (ЛНГ) или кој било друг енергенс, сепак е подготвена да разговара со американските претставници за ова прашање. Идејата за набавка поголеми количества на горива од САД, во неколку наврати ја поддржаа и Европската комисија и Фон дер Лајен, како еден од начините за прекин на зависноста на ЕУ од руските енергенси. Како резултат на одлуката на ЕУ за намалување на енергетската зависност од Русија по нејзината инвазија врз Украина, САД станаа најголем снабдувач на ЛНГ и втор по големина добавувач на гас на Унијата. Од почетокот на годинава над половина од увезениот ЛНГ во земјите членки на ЕУ потекнува од САД, со што, според економски експерти, блокот се доведува во позиција досегашната руска енергетска зависност да ја замени со американска и тоа по повисока цена. Универзитетскиот професор од Виенскиот институт Бранимир Јовановиќ, во изјава за МИА, посочи дека доколку Трамп ги оствари најавите за увоз на царини за увозот од Кина и Европа, тоа ќе значи почеток на трговска војна бидејќи веројатно и Пекинг и Брисел ќе одговорат со слични мерки, што ќе резултира со повисоки цени на увозните производи, помал увоз и извоз, повисока инфлација и пониска економска активност. - Во колкава мера, ќе зависи од тоа до каде ќе одат работите, ама во некое благо сценарио, моделите покажуваат дека глобалниот раст би забавил за околу 0,3 процентни поени, а во полош случај, за цел поен. Со оглед на тоа што светскиот БДП е околу 110 трилиони долари, тоа значи дека цената на трговската војна би била помеѓу 350 и 1100 милијарди долари годишно, вели Јовановиќ. Според него, се чини дека Трамп ќе ги користи царините како средство за остварување други цели. - Конкретно, ќе бара ЕУ да купува повеќе оружје, нафта и гас од Америка и ќе уценува дека ќе воведе царини доколку не дојде до тоа. Според досегашните изјави на европските политичари, се чини дека повеќето од нив се согласни да го направат тоа, што е своевидно клекнување на колена пред Трамп, ама веројатно би ја спасило ЕУ од царини, барем на некое време, вели Јовановиќ. Сепак, според него тоа ќе биде решение на краток рок, затоа што Трамп веројатно постојано ќе има нови барања, што луѓето во Европа нема да можат да го поднесат. - Затоа сметам дека е само прашање на време кога ќе бидат воведени царините, смета Јовановиќ. Извршниот директор на бриселскиот Центар за европски политички студии, Карел Лано, пак, смета дека примарниот стратешки фокус на Вашингтон е насочен кон Пекинг, а не кон Брисел. - Нивната опсесија е Кина, смета Лано. Според него, американските официјални претставници Европа ја сметаат за слаба и така и се однесуваат кон неа. - Тие дејствуваат врз основа на премисата дека каква и да е политиката што Вашингтон ќе одлучи да ја води, Европа ќе продолжи да го следи затоа што и е потребно блиско партнерство со САД за НАТО и за одбранбените цели, вели Лано. Тој смета дека Трамп „веројатно ќе биде доволно паметен“ да ги спротивстави земјите членки на ЕУ една против друга и дека ќе ја користи големата безбедносна зависност на Европа од САД за притисок врз Унијата за време на преговорите за трговските прашања. ЕУ веќе има искуства со трговски спорови со Администрацијата на Трамп за време на неговиот претходен претседателски мандат, кога во 2018 година САД воведоа царини за увоз на челик и алуминиум од земјите членки на ЕУ. На ваквата мерка на Вашингтон, ЕУ одговори со воведување царини за некои американски производи, како бурбонот, мотоциклите „Харли-Дејвидсон“ и фармерките. Сепак, економската состојба во ЕУ сега е значително полоша отколку пред седум години, како последица на Ковид-пандемијата, енергетската криза и зголемените трошоци поврзани со руската агресија врз Украина. Доколку ЕУ во очекуваните претстојни трговски преговори со САД прифати некои од барањата на Трамп, тоа би резултирало со дополнителни трошоци, за што не е едноставно да се обезбедат средства особено во услови кога „не цветаат рози“ во најголеми европски економии - Германија трета година по ред се соочува со рецесија, Франција забележа раст на БДП од само 0,1 отсто, а состојба не ништо подобра ниту во Италија. Пратеникот во германскиот Бундестаг од редовите на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД), Нилс Шмид, смета дека Европа овој пат е многу подобро подготвена за вториот претседателски мандат на Трамп, отколку за првиот, но ваквиот негов оптимизам не го споделуваат повеќето европски дипломати. Еден од нив, во изјава за бриселскиот портал „Еурактив“, оцени дека вториот мандат на Трамп ќе биде „многу полош од првиот“, потенцирајќи дека клучно прашање во дипломатските кругови е дали Трамп ќе ги исполни сите закани што ги упати во периодот пред неговата инаугурација. - Со други зборови, прашање на годината е дали навистина е толку луд, колку што звучи?, изјави тој. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамПретставен е првиот сериски автомобил што официјално ја проби границата од 500км/час (ВИДЕО)Додека култните брендови Ferrari и Lamborghini објавија дека повеќе немаат намера да се натпреваруваат во максимална брзина, кинеските производители не покажуваат знаци на забавување. Електричниот хиперавтомобил Yangwang U9 Xtreme достигна брзина од 503,17 км/ч и со тоа постави нов светски рекорд за сериски автомобили. Овој резултат е важен не само затоа што U9X сега е најбрзиот автомобил во светот. Јангванг сè уште го држеше рекордот, кој го постави во 2025 година со брзина од 496,22 км/ч. Потоа го надмина Bugatti Chiron Super Sport 300+, чија максимална брзина беше 490,48 км/ч. Новиот потфат е особено значаен затоа што U9X е првиот сериски автомобил во историјата што официјално ја сруши границата од 500 км/ч. Достигнувањето е уште поголемо затоа што е постигнато на јавен пат. Рекордно возењето беше извршено на затворен дел од автопатот E11 во Абу Даби, со германскиот тркачки возач Марк Басенг зад воланот. BYD обезбеди ексклузивен пристап до делница од патот долга 10 километри за таа пригода. Од нив, седум километри беа погодни за обидот за рекорд, а работниците темелно го проверуваа секој сантиметар од асфалтот за да ги отстранат сите остатоци и пустинскиот песок. Yangwang е луксузен бренд на компанијата BYD, а моделот U9 Xtreme ја црпи својата енергија од четири електрични мотори кои заедно развиваат 3019 КС. Верзијата Xtreme користи електричен систем од 1200 волти, за разлика од стандардниот модел U9 кој работи на 800 волти. Исто така е опремена со прилагодена верзија на батеријата Blade на BYD. Подготовки за рекордот и уништениот прототип Тимот на Yangwang не успеа веднаш да достигне 503 км/ч. Денот претходно, тие направија две возења во кои U9 достигна брзина од 490 км/ч. Инженерите потоа работеа цела ноќ за да ја доведат батеријата и моторите до оптимална температура и да го фино подесат аголот на задниот спојлер. Тие исто така го прилагодија амортизирањето на суспензијата за подобро справување со нерамнините на патот и го прилагодија притисокот во гумите за максимална стабилност. Модификациите се исплатија следниот ден. U9X стана првиот сериски автомобил кој доби сертификат за брзина од над 500 км/ч, подвиг кој беше потврден и од судија на Гинисовата книга на рекорди. Тоа беше и првпат да се постави рекорд за брзина на јавен пат од 2017 година, кога Koenigsegg Agera RS достигна 446,97 км/ч на дел од државниот автопат во Невада. Јангванг освои уште три рекорди: за најбрз електричен сериски автомобил, најбрза гума за електрично возило и најбрза гума за пат. U9X користи специјални „полу-слик“ гуми развиени од компанијата Giti Tire со седиште во Сингапур. Сепак, во периодот помеѓу постигнувањето на рекордот и официјалното објавување, од Кина протекоа снимки од друг модел на U9 Xtreme. Автомобилот целосно се распадна додека се обидуваше да достигне максимална брзина на тест патека во Кина. BYD не кажа колку брзо се движело возилото кога ја изгубило контролата или што точно ја предизвикало несреќата. Силата на ударот во заштитната ограда го уништи хиперавтомобилот, оставајќи го недопрен само централниот монокок од јаглеродни влакна во кој се наоѓаше возачот. Возачот не беше сериозно повреден во несреќата.Тагови: автомобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаПоповиќ: Мицкоски е во паника, клопчето за Алта банка се одмотува, следува одговорностМицкоски е уплашен и во паника затоа што вистината за Алта банка излегува на виделина. Клопчето се одмотува, а тој се плаши од одговорноста.Затоа се заканува на СДСМ. Затоа од владина говорница му нарачува на Обвинителството кого да гони и за кое дело. Тоа е начинот на кој функционира организираната криминална група ВМРО. Ја обвинува СДСМ за ширење паника. Како шириме паника кога уште пред една година алармиравме да не се дозволи ова со банката? Шириме паника и во Европа, во Црна Гора и во Србија каде се постапува против оваа банка и се спречува? Или всушност во паника е Мицкоски затоа што знае дека ќе одговара затоа што ја донесе Вучиќевата пералница на пари во Македонија. Кога веќе се повикува на Кривичниот законик, го потсетуваме Мицкоски на членот 368-а, кој се однесува на „попречување на правдата“. Ставот 5 предвидува затвор од една до десет години за влијание со сила, сериозна закана или корист врз обвинител, судија или друго наведено лице, за постапување спротивно на неговите должности и овластувања, или за спречување во вршењето на тие дејствија. Тоа го прави Мицкоски со наредбите на обивнителство и заканите кон опозицијата. Ја попречува правдата. Исто како неговиот ментор - Вучуиќ. Се е копи-пасте. Видовме во Србија како се руши сега како кула од карти, како се апси, се поднесуваат кривични пријави. Од вистината нема бегање. Во последниот Извештај на Европската комисија јасно е нотиран политичкиот притисок врз правосудството. Извештајот на ЕК има директна врска со Савески. За почеток, ако сака да го поправи, мора да престане да му крева на Мицкоски на телефон, да престане да прима нарачки од Собранието и од телевизиските настапи и да почне да си ја работи работата за која положи заклетва оред народот, а не пред ВМРО. Не одредува Мицкоски каде смее, а каде не смее да истражува обвинителството во врска со Алта банка. Има закон, има обвинителство и суд. Тие мора да одлучуваат, да делуваат, да обезбедат правда. За Алта банка мора да има независна истрага и одговорност за сите за кои ќе се утврди дека го прекршиле законот. Почнувајќи од Мицкоски, Славевски и Кочовска па потоа сите по ред. Дадовте заклетва пред граѓаните!, рече Наташа Поповиќ, членка на Извршен одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитнициИако СДС е познат по лаги и местенки, овој пат го допре дното.Бетон Герасимовски, исклучително поради лични интереси и себепромоција, во целост ја засрами Општина Центар и доделувањето на јубилејните награди „Феникс“. Веројатно со намера да доделува престижни награди, онака како што самиот проценил дека треба, Бетон Герасимовски им доделува награди на луѓе кои не ја добиле довербата од комисијата, која пак, е формирана токму со таа цел - да избере кој ќе добие награда. Герасимовски и СДС одлучуваат „од ракав“ , и тоа на начин познат само за нив, правејќи го тоа на штета на имиџот на сите инволвирани, но и на грбот на двајца млади луѓе. На Ана Петковска Николовска, избрана поради достигнувања во воспитувањето и образованието, како и на Марин Поповски, избран за достигнувањата во спортот, градоначалникот Герасимовски не им додели награди, иако комисијата ги избрала за добитници. Ама затоа му додели награда на Тодор Тасевски, кој со 4 гласа од комисијата, за жал, не го достигнал прагот од најмалку 5 гласа. Дека се ова е вистина ќе ви ја покажам сликата која истото го докажува, од гласањето на комисијата за доделување на наградата Феникс. Бетон Герасимовски, во обид да се испере од некомпетентните и неуспешните обиди за себепромоција, потона уште подлабоко. Па така, наместо јубилејна награда „Феникс“, на социјалните мрежи се предомисли и го преименуваше наградите во „50 години Општина Центар“, иако евидентно доделуваше статуетки во форма на феникс. Почитувани, Бетон Герасимовски не само што се посрамоти себеси и Општина Центар, туку и ги посрамоти и кандидатите, но и добитниците на оваа награда. Го посрамоти секој еден што учествуваше на церемонијата за доделување на наградите, затоа што одлуката воопшто не е одобрена од Советот. Поради некомпетентност, брзоплетост и очаен обид за себепромоција, им го наруши угледот на угледни луѓе од Општината. Прашање е како сега Герасимовски ќе му објасни на Тодор Тасевски зошто му доделил статуетка кога неговото име воопшто не е наведено во предлог-одлуката, која пак допрва треба да се најде пред Советот на Општина Центар. Секој има право да биде избран за оваа престижна награда, но на начин кој му доликува на Центар, легален и достоинствен, рече Сузан Хасан, член на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook