Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
2Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
3Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов
ТенисСенатори бараат од Бајден да му дозволи влез на Ѓоковиќ во САД Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вложил жалба на одлуката на администрацијата на САД за забрана за влез во земјата и бара да му биде дозволен влез во Америка.Жалбата на Ѓоковиќ е одбиена и во моментов има многу мали шанси најдобриот тенисер на светот да настапи на престојниот АТП Мастерс во Мајами. На оваа одлука на американската администрација реагирале двајца сенатори Рик Скот и Марко Рубио кои испратиле писмо на адресата на претседателот Бајден. - Почитуван претседателе Бајден, нам ни беше доставено дека нашата администрација го одби барањето за откажување од моментално задолжителната вакцинација на странски туристи за влез во САД, што го поднесе најдоброрангираниот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ. Ви пишуваме со намера да дозволиме неговото ослободување, кое е неопходно за г-дин Ѓоковиќ да се натпреварува на Мастерсот во Мајами, кој ќе се одржи во Флорида на 19 март 2023 година. Во септември 2022 година, во 60 минути и објавивте на целата земја дека пандемијата на коронавирус е завршена, а претходно оваа година, д-р Ентони Фаучи објави научен напис кој покажува дека вакцините покажуваат ограничена ефикасност во заштитата од респираторни патогени, како што е овој нов вирус . Во светлината на овие променети околности што ги признавате вие и вашата администрација, сегашните ограничувања за странските патници кои влегуваат во САД изгледаат застарени и подготвени да бидат повлечени. Г-дин Ѓоковиќ е спортист од светска класа, е во врвна физичка кондиција и не е изложен на висок ризик од сериозни компликации од вирусот. Се чини нелогично и неконзистентно со размислувањето на вашата администрација дека не треба да му се дозволи да влезе во САД и да се натпреварува на професионален турнир. Недостатокот на ризик по јавното здравје, заедно со чистите придобивки од неговото учество на турнирот, би биле одличен двигател за нашата локална економија и треба да се донесе одлука која ќе направи преседан за останатите на таа позиција. Се надеваме дека ќе има целосно повлекување на задолжителните вакцини за странските туристи кои сакаат легално да влезат во нашата голема земја. Ве повикуваме веднаш да му дозволите на г-дин Ѓоковиќ ослободување од задолжителната вакцинација за странските патници, за да може да се натпреварува на Мастерсот во Мајами. Со почит, Рик Скот и Марко Рубио – се вели во писмото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕпидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртвиДемократска Република Конго регистрираше повеќе од 11.000 случаи на ебола во текот на изминатите шест месеци, при што речиси половина од заразените починале, објави денеска германската новинска агенција ДПА.Реалниот број на смртни случаи би можел да биде и поголем. Експертите предупредуваат дека вирусот можеби се ширел незабележано уште од февруари – неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај. Еболата е тешка заразна болест предизвикана од група вируси. Таа може брзо да доведе до губење течности, воспалителни реакции, нарушувања во згрутчувањето на крвта и, на крајот, до откажување на органите. Колку подоцна ќе започне третманот на симптомите, толку е поголем ризикот од смртен исход. За овој сој не постои одобрена вакцина или третман Раните симптоми на еболата можат да наликуваат на оние кај други болести, како што е маларијата, што во одредени случаи доведува до доцнење во изолирањето и лекувањето на пациентите. Сузбивањето на тековната епидемија е особено предизвикувачко бидејќи не постои одобрена вакцина или специфичен третман за сојот на вирусот познат како „Бундибугио“. Досега, еболата се прошири во осум покраини во ДР Конго, а ги премина и границите на земјата. Случаи се пријавени во Кенија, Нигерија и Уганда. Според здравствените власти, децата се најтешко погодени. Тие сочинуваат значителен дел од потврдените случаи, а истовремено се соочуваат и со поголем ризик од смртен исход. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит ловНа 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко. Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: ловечко оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook