Сенатор Марфи: НАТО ќе биде загрижен ако нема уставни измени

Тука сум за да се осигуриме дека САД праќаат навистина силна порака до нашите партнери и до вашите партнери во Собранието, пратениците, како и до луѓето во Македонија.

Ние ја поддржуваме вашата одлука да се приклучите кон ЕУ и ве повикуваме да ги преземате потребните чекори за да го овозможите ова проширување. Ако Македонија тргне по друг пат, ако одлучи против овие уставни измени, тогаш ќе се тргне од патот кон ЕУ, а ќе биде и многу загрижувачки чекор за членките на НАТО, оние кои сакаме да ги браниме врз основа на нашите вредности.

Ова го истакна сенаторот Крис Марфи, член на Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат по средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата. Тој го потврди партнерството на двете земји во НАТО, за што сведочи, вели, обединетоста во врска со бруталната инвазија на Украина за која, како што наведе, Русија ќе плати за нарушувањето на мирот, но и за помошта од земјава „за да не оставиме ниту еден партнер сам во Авганистан заедно со нашите и трупите на НАТО“.

-Знам, навистина знам, дека долг беше патот кон ЕУ. Знам и дека за многумина поставуваат легитимни прашања за тоа дали ЕУ е вистинската можност. Тука сум да ви кажам дека е. Многу луѓе го кажуваа истото и за НАТО. Дека Македонија никогаш нема да добие покана од НАТО. Но вие ги презедовте потребните тешки чекори за да ја овозможите таа покана. Потпишавте историски договор, којшто ја овозможи таа покана, и денес Македонија е членка на НАТО Алијансата. И навистина посакувам тоа да добиеше повеќе внимание, се случи во време на ковид, и можеби не сите тука сфаќаат што значи тоа да се има безбедносна гаранција од САД, рече сенаторот Марфи.

Сега, додаде тој, има слични чекори коишто треба да бидат преземени со цел земјава да се приклучи кон ЕУ, но, потенцира, има и нова можност за ЕУ проширување.

-Војната во Украина е криза, но ја разбуди ЕУ. Ја освести за потребата да ги остави вратите отворени. Украина не може да влезе во ЕУ ако не влезат и земјите од Балканот. И затоа ова е нова реална можност за проширување, а Македонија не треба да ја пропушти оваа прилика. Овие уставни измени, технички измени на Уставот, се јасна можност за Македонија да може да се приклучи кон ЕУ. Ова е нова можност која што се укажува за проширување, вели Марфи, кој е добар познавач на регионот.

Приклучувањето кон ЕУ, посочи амариканскиот сенатор, значи брз економски раст, високи плати, повеќе американски компании коишто ќе доаѓаат во Северна Македонија, наведувајќи при тоа што би значело доколу не бидат донесени уставните измени

-Сакам да бидам јасен и за влијанието што тоа ќе го има врз односите со САД ако Македонија тргне по друг пат, ако одлучи против овие уставни измени, тогаш ќе се тргне од патот кон ЕУ, а ќе биде и многу загрижувачки чекор за членките на НАТО, оние кои сакаме да ги браниме врз основа на нашите вредности. Ние сме пријатели, никогаш нема да престанеме да бидеме пријатели и партнери, но луѓето во САД, лидерите во САД ги набљудуваат изборите што ќе бидат направени тука во следниве неколку месеци. И сите тие се надеваат дека вашата одлука ќе биде усогласена со нашите безбедносни мерки преку НАТО, и ќе биде усогласена со слична одлука да се остане на патот на ЕУ, барем во поглед на економските прашања, вели Марфи.

Според него, ни претстои важен избор.

-Треба да се направат избори, Русија е сериозна закана на Алијансата, на светските демократии. Ова е моментот за демократиите, демократиите во Европа да се обединат, да ги донесат тешките одлуки, за да возвратат на оваа агресија. Вашата посета на Вашингтон беше од витално значење, и се надевам дека од Скопје ќе слушнеме добри вести набрзо во врска со уставните измени и патот кон ЕУ. Ние остануваме со вас за да се осигуриме како што се приклучивте кон НАТО, така ќе се приклучите и кон ЕУ, порача сенаторот Марфи.

Тој како и премиерот Ковачевски, посочи и на цврстото економско партнерство меѓу двете земји и дека се повеќе американски компании тука работат споредено со минатото, но и дека нашата безбедност не доаѓа само преку војската, туку и преку економијата.

-Иднината на овој свет ќе биде во тоа кој ќе произведува клучни и критични технологии. Ние сакаме да се осигуриме дека се нашите партнери тука во Европа. Затоа ја споменавме и инвестицијата за компјутерските чипови. Тоа е навистина е убаво да се слушне затоа што така ние сме побезбедни, подвлече сенаторот Крис Марфи.

Преку беби монитор „ја уловил“ сопругата, па се шокирал кога видел со кого е во кревет (ВИДЕО)

Деклан Фулер, 22-годишен Велшанец, тврди дека на „бејби мониторот“ ја фатил сопругата во интимна врска со татко му, по што решил да се разведе.

Деклан бил во брак со Стефани (22) со која ја има двегодишната ќерка Вилоу. Минатиот септември парот му дозволил на таткото на Деклан, Дарен (44) да се пресели во нивниот дом во Велика Британија, каде што се случила наводната афера.

Овој Велшанец тврди дека бил на работа денот кога сопругата го изневерила и решил да го провери „бејби мониторот“ на својата ќерка на мобилниот телефон. На видеото видел како Стефани оди во спалната соба со својот свекор за да се препушти на попладневната забава.

- Болно е, не е нормално - како можеше татко ми да ми го направи ова?, праша вознемирениот Деклан.

Вели дека тоа целосно го откачило и дека едвај го задржал бесот.

- Да не се вразумев, не знам што ќе му направев на татко ми - рече тој.

Кога се соочија со инкриминирачки докази, Стефани и Дарен негираа дека направиле нешто погрешно. Наместо тоа, тие тврделе дека едноставно биле во спалната соба за заедно да ги гледаат Симпсонови.

Деклан не поверувал во тоа објаснување и веднаш раскинал со сопругата, а таа веднаш започнала романса со бившиот свекор.

- Не го изневерив Деклан. Дарен и јас почнавме врска една недела откако Деклан ме отфрли, тврди Стефани.

Во неверојатен пресврт, Стефани сега е бремена со близнаци, чиј татко е нејзиниот поранешен свекор.

- Жал ми е за тие деца; тие доаѓаат во многу скршено семејство, рече Деклан, додавајќи дека неговата ќерка ќе биде и полусестра и братучетка на близнаците што наскоро ќе се родат.

И покрај неговото скршено срце, Деклан вели дека успева да ги игнорира семејните расправии.

- Се чувствувам изневерено, но подобро ми е без нив двајца, рече тој.

МААЕ предупредува: Украинската нуклеарка Запорожје три месеци е без резервно напојување

Украинската нуклеарна централа Запорожје три месеци е без надворешно резервно напојување, поради што е исклучително ранлива, предупреди шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

Постројката се потпира на еден преостанат оперативен далновод од 750 киловолти (kV) за надворешна електрична енергија потребна за ладење на реакторот и другите основни нуклеарни и безбедносни функции, соопшти МААЕ. Пред конфликтот, електраната имаше на располагање четири такви далноводи. Општата ситуација на електраната останува многу неизвесна и потенцијално опасна, рече Гроси.

Кревката ситуација со електрична енергија на централата останува извор на длабока загриженост и, како што покажуваат новоформираните принципи на МААЕ, има потреба од зголемени напори за да се обезбеди постабилно и попредвидливо надворешно снабдување со електрична енергија, додаде шефот на МААЕ. Електраната со шест реактори беше окупирана од руските сили во март минатата година.

Се шират гласини дека бракот на Натали Портман е во криза- сопругот ја измамил со 25 годишна

Натали Портман и нејзиниот сопруг, француски балетан Бенџамин Милепид наводно се во брачна криза откако се дознало дека ја изневерил со 25-годишна Французинка, изјавија извори за Page Six.

Изворот тврди дека парот минатата година одлучил да живее одвоено, но дека се уште се трудат да го спасат бракот, а на крајот на мај биле снимени како уживаат на концертот на Бијонсе.

Нивниот брак наводно е на работ на колапс откако францускиот магазин Voici објави фотографии од 45-годишниот поранешен балетан како се дружи со 25-годишната активистка за клима, Камил Етјен, пријателка на Грета Тунберг.

"Тие не раскинаа и се обидуваат да ги средат работите. Бен прави сѐ за да ја натера Натали да му прости. Тој ги сака неа и нивното семејство", тврди изворот, додавајќи дека актерката е позната по тоа што ја чува приватноста и дека сега најважно и е да ги заштити своите деца.

Американските медиуми пишуваат дека проблемите во бракот биле јавна тајна за време на снимањето на нејзиниот нов филм, кој се снимаше во ноември минатата година, а на промоцијата на филмот во Кан дошла без сопругот.

Да потсетиме дека Портман и Милепид се запознаа во 2009 година на снимањето на филмот Black Swan, за кој тој ја направи кореографијата. Тие се венчаа во 2012 година и имаат две деца, 12-годишниот син Алеф и 6-годишната ќерка Амалија.

притисни ентер