Сали во Бундестагот: Постепената интеграција треба да донесе придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
1Сали во Бундестагот: Постепената интеграција треба да донесе придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
3Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
2Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
ТенисСемејството Ѓоковиќ се огласи по одлуката на Федералниот суд на Австралија, разочарани но гордиНовак Ѓоковиќ го напушти Мелбурн и се упати кон Дубаи по одлуката на австралиските власти да му ја укинат визата и учеството на Австралија опен каде требаше да ја брани титулата.Поради оваа одлука на судот се оглази семејството на најдобриот тенисер во светот преку официјално соопштение. - Многу сме разочарани од одлуката на Федералниот суд и фактот дека Новак мора да ја напушти Австралија. Не се работеше само за спорт и играње на првиот Грен слем сезонава во кој Новак доминира цела деценија, туку и за политиката и сите интереси кои преовладуваа во овој случај. - И покрај скандалозното однесување кон Новак, верувавме дека спортот ќе победи. Верувавме дека ќе се почитува фактот потврден од судот - дека Новак има важечка виза, дека правдата ќе биде задоволена и дека ниту еден „јавен интерес“ нема да биде оправдување за одлуката што е донесена. - Ова се тешки времиња, особено за Новак, но она што треба да го направиме сите, пред се, како негово семејство, е да го поддржиме повеќе од кога било досега. Ќе бидеме таму да ги споделиме ударите што ги доби, да му помогнеме да си ја врати енергијата, вербата во овој спорт, пред се во фер-плејот, кој овде целосно отсуствуваше. - Горди сме на него и на силата што ја покажа и на борбата што достојно ја водеше. - Веруваме дека од оваа ситуација ќе излезе посилен и дека времето ќе го покаже она што неспорно секогаш го потврдувал досега, а тоа е дека е голем шампион и човек, стои во соопштението од Семејството Ѓоковиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаСали во Бундестагот: Постепената интеграција треба да донесе придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУВо рамки на работната посета на Берлин, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Петер Бајер.Во рамки на работната посета на Берлин, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Петер Бајер, на која се разговараше за европската перспектива на Македонија, најновите случувања во политиката на проширување на Европската Унија и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Во фокусот на разговорите беше постепената интеграција во единствениот европски пазар, како механизам што овозможува конкретни придобивки за граѓаните и компаниите паралелно со спроведувањето на реформите и напредувањето кон полноправно членство. Министерот Сали го истакна значењето на новиот пристап на Европската комисија за подготовка на поширока Европска Унија, нагласувајќи ја потребата процесот на проширување да биде подинамичен, попредвидлив и заснован на заслуги. „Европската интеграција не треба да започне дури на денот на пристапувањето. Нашите граѓани и компании треба да ги почувствуваат придобивките од приближувањето кон Европската Унија уште сега. Постепената интеграција е можност европската перспектива да ја претвориме во конкретни резултати, додека продолжуваме со реформите неопходни за полноправно членство“, истакна Сали. Како конкретен пример беше посочено вклучувањето на Македонија во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), што овозможи намалување на трошоците за прекугранични трансакции и проценети заштеди од над пет милиони евра. Се разговараше и за напредокот во преговорите за роаминг со ЕУ, подобрувањето на регионалната поврзаност и олеснувањето на протокот на стоки. Внимание беше посветено и на предизвиците со кои се соочуваат превозниците од Македонија во контекст на правилата за престој во Шенген-зоната, како и на потребата од разгледување практични решенија што ќе го зачуваат функционирањето на синџирите на снабдување и економските врски со европскиот пазар. На средбата се разговараше и за спроведувањето на Реформската агенда во рамки на Планот за раст за Западен Балкан, со акцент на владеењето на правото, јавната администрација, дигиталната трансформација и економската конкурентност. Министерот Сали ја потврди посветеноста на Македонија на реформите и на праведен, кредибилен и објективно заснован процес на пристапување, нагласувајќи го значењето на дијалогот со Германија и нејзината улога во регионалната соработка и процесот на проширување на ЕУ. Кабинет на министерот за европски прашањаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзраелските доктори ќе продолжат да ги лекуваат повредените во катастрофалниот пожар во Кочани Тим хирурзи од израелскиот медицински центар „Шеба“ (Sheba Medical Center) повторно пристигна во Македонија за да продолжи со специјалистичкото лекување на повредените во трагичниот пожар во „Пулс“ во Кочани од16 март 2025 година. Како што соопштија од медицинскиот центар преку својот официјален Instagram-профил, израелските специјалисти повторно ќе работат со македонските медицински тимови, при што се предвидени дополнителни прегледи и хируршки интервенции во Кочани и Скопје. Во тимот се д-р Моти Харац, директор на Националниот центар за изгореници при „Шеба“, д-р Матан Шерф, раководител на Одделението за микрохирургија во рамките на Одделот за хирургија на рака, и д-р Тал Канфино Кац, ортопедски и реконструктивен хирург, специјализиран за зачувување на екстремитетите. Д-р Харац и д-р Канфино Кац беа дел и од медицинскиот тим на „Шеба“ што пристигна во земјата непосредно по трагедијата, кога заедно со домашните лекари учествуваа во згрижувањето и лекувањето на повредените. Нивната повторна посета е насочена кон продолжување на третманите и дополнителните хируршки процедури кај пациентите на кои им е потребна понатамошна специјализирана медицинска грижа. Во објавата, медицинскиот центар сподели и фотографии од хируршкиот тим за време на интервенциите. „Во Шеба веруваме во надеж без граници“, порачаа од израелскиот медицински центар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Гласот на секое населено место е важен! Продолжуваме со средбите во населените места на општина Кавадарци.Вечерва во фокусот беа Глишиќ, Марена и Сопот, каде остваривме директни средби со жителите и разговаравме за нивните потреби, предлози и идеи за идниот развој на населените места. Размената на мислења и конкретните иницијативи се важен дел од подготовката на Програмата за работа за 2027 година, со цел да се утврдат приоритетите и активностите што ќе одговорат на барањата на граѓаните. Гласот на секое населено место е важен!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00