Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
ЖивотСемејство од САД тужи болница,зашто сакаат да им го исклучат бебето од апаратиСоветот во Тексас наскоро треба да одлучи дали десетмесечното бебе ќе остане на апарати во болницата, изјави адвокатот на семејството на детето за Си-Ен-Ен.Марио и Ана Патриша Торес ја тужеле детската болница во Тексас минатиот месец затоа што сакале да го остават детето на апарати, тврдејќи дека е живо, додека медицинскиот персонал го прогласил за мртво (прекин на мозочната активност), според нивната жалба од 30 септември. Родителите бараат забрана за исклучување од уредот, како и компензација од над милион долари. Во тужбата се вели дека болницата „побрзала да донесе одлука“ и не сакала да му даде шанса на бебето да се опорави. Родителите изјавиле дека од болницата сакале да го отстранат бебето од уредот само неколку дена откако било пронајдено во када во бесознание. Од болницата одговориле дека смртта на детето е „неоспорен медицински факт“ и дека телото на бебето „покажува знаци на смрт“. Соопштиле и дека детето има „прогресивни знаци на откажување на органите, вклучително и срцева слабост“. Според судските документи, малиот Ник завршил на интензивна нега на 24 септември, откако бил пронајден онесвестен во када. По шест дена, се наведува во тужбата, вработените во болницата им рекле на родителите на Ник дека детето мора да биде исклучено од системот за одржување во живот, бидејќи тој не покажувал знаци на активност на мозокот и дека тоа е доволно за да се прогласи за мртов. Таткото и мајката изјавиле дека срцето на бебето чука самостојно, што им дава надеж дека Ник сепак може да преживее. Педијатарот Метју Мусик, од одделот за детска интензивна нега, изјавил дека момчето го прогласил за мртво на 30 септември и дека неговото тело има знаци на „посмртно распаѓање“. „Тековната состојба и физиолошките промени на детето немаат никаква врска со помошта на респиратор“. „Респиратор или кој било друг уред не може да ги запре или забави овие промени“, изјавил лекарот. Како одговор на барањето на семејството за забрана за исклучување од уредот, од болницата соопштиле дека „се усогласени со сите применливи законски стандарди во давањето услуги“. Одлуката на судечкиот совет се очекува во текот на наредните денови. „Ако оваа болница не сака да му даде шанса на моето дете, дозволете ми да го однесам дома, па нека одлучи Бог, а не човек“, изјави Ана Патриша Торес. "Семејството верува дека детето може да се опорави. Ако бебето не може да биде пренесено во друга болница, тогаш родителите сакаат да го однесат дома", изјави адвокатот на семејството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Супа од тикваВо понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.Состојки за денешниот рецепт: 1 помека тиква 2 главици кромид 2 моркови 4 чешниња лук 1 парче сирење 400 гр. шманд или кисела павлака 100 гр. печени семки 100 мл. маслиново масло 2 големи лажици сув зачин 2 големи лажици куркума Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook