Голем интерес за гласање кај српските државјани во Македонија, пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и Куманово
1Голем интерес за гласање кај српските државјани во Македонија, пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и Куманово
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ФудбалСемејствата на англиските фудбалери се сместија на луксузен крузер- алкохолот не е забранетФудбалерите на Англија се погрижија на нивните поубави половини во Катар да не им недостига ништо и ги сместија на луксузниот крузер MSC World Europa закотвен во Доха.Сопругите, девојките, децата и другите членови на фудбалските семејства на англиските фудбалери се сместени на луксузен брод за крстарење вреден милијарда фунти, што го нарекуваат „пловечка палата“, каде што ќе престојуваат за време на Светското првенство. Крузерот не само што ќе биде домаќин на семејствата на англиските фудбалери, туку меѓу 7.000 гости ќе бидат и навивачите кои можат да си дозволат такво сместување во една од 2633-те кабини на бродот. Собите се распослани на 21 палуба и нудат основно сместување, но за оние кои ќе посегнат подлабоко во џебот, секако има невиден луксуз. Најлуксузната кабина на величествениот брод за крстарење е апартманот за сопственици на MSC Yacht Club, кој исто така има голем балкон, панорамски прозорци од подот до таванот, посебни области за јадење и живеење и приватно џакузи. Освен суперлуксузните кабини, има дури 33 ресторани и барови, од медитерански рибни ресторани до азиски скара и суши барови до американски стекови и ресторани кои нудат улична храна од Латинска Америка. Интересно е што храната во рестораните се служи 24 часа на ден, исто како на една од трите шведски маси, со цел да се задоволат сите потреби на нивните гости. Сопругите и девојките на фудбалерите на социјалните мрежи веќе се пофалија со нивното сместување на бродот за крстарење каде за разлика од стадионите во Катар, алкохолот не е забранет. Освен во баровите, рестораните и луксузните кабини, гостите можат да поминуваат време и во ексклузивниот простор на Јахт клубот, познат како „брод во брод“. Јахт клубот се состои од 152 апартмани, приватна тераса за сончање на две палуби, базен и ресторан, а каков луксуз е тоа доволно зборува и фактот дека гостите се спуштаат и се качуваат по стаклените скали обложени со илјадници кристали Сваровски. За потребите на гостите има батлер, кој е достапен дури 24 часа, спа центар, шест базени, 14 џакузи со поглед на океанот, ролер диско, како и бројни дизајнерски продавници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГолем интерес за гласање кај српските државјани во Македонија, пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и КумановоЗначително поголем интерес за гласање од вообичаеното има и кај српските државјани во Македонија, кои гласаат во Скопје и Куманово... 1.438 српски државјани во Македонија излегоа да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен број на граѓани кои гласаа во српската амбасада во Скопје и почесниот конзулат во Куманово. И почесниот конзул на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид Михајло Филев гласаше за него е важна добрата соработка меѓу двете земји и добриот соживот. Граѓаните веруваат дека гласале за добра иднина на Србија, веруваат дека изборите ќе поминат во демократска атмосфера. Српски државјани кои живеат на повеќе континенти поминале илјадници километри за да го остварат своето гласачко право. „Прелетав девет илјади километри од Виетнам до Србија да гласам, бидејќи верувам во промена и правда.“ „Живеам на Бали, ќе патувам илјада километри само за да гласам. Летам две илјади километри до Џакарта со карта од Виетнам.“ „Секој глас треба да се слушне. Секој глас е важен без разлика каде живеете.“ Овие избори покажаа масовна излезност во сите гласачки места низ светот. Долги редици на гласачи во Чикаго, Љубљана, Загреб, Франкфурт и Штутград, на сите гласачки места скоро тројно бил зголемен интересот за гласање. На овие избори биле регистрирани 102. 147 гласачи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканРама најави казни од 5.500 евра за насилните демонстранти (ВИДЕО)Албанскиот премиер Еди Рама денес презентираше нов пакет мерки против „насилството и урбаната анархија“, кој вклучува казни до 5.500 евра за лица кои оштетуваат туѓ имот за време на демонстрациите.Рама на прес-конференција рече дека штетата треба да ја плати лицето кое ја предизвикало и дека мерките не се насочени кон мирни демонстранти, објави албанскиот „Еуроњуз“. „Нормативниот акт за итна компензација за штета на малите бизниси претставува финансиска поддршка за погодените од кражби, грабежи и пожари. Со овој закон, државата ќе покрие од 70 до 100 проценти од штетата на бизнисмените чиј имот е оштетен“, рече албанскиот премиер. Тој додаде дека пакетот мерки вклучува и посебен закон за санирање на штети, измени на законот за собири, посебен електронски регистар за урбани прекршители, измени на етичкиот кодекс за наставници и предлог за измени на Кривичниот законик. Тој рече дека законот се однесува на сите собири на јавни места, без разлика дали се најавени, забранети или спонтани. „Никој не плаќа штета затоа што протестирал или бил присутен на собир од каков било вид. Оваа одговорност за надомест на предизвиканата штета произлегува исклучиво од личното однесување на лицето и овој закон не ја ограничува слободата на собирање и изразување“, тврдеше Рама. Според него, секое лице кое учествува во насилно собирање и не си оди откако ќе биде предупредено од полицијата да си замине, ќе биде финансиски одговорно. „Секој што ќе одлучи да остане во толпа или група што каменува, гори, крши и уништува, ќе биде одговорен“, рече Рама. Додаде дека новинарите, лекарите, набљудувачите, вработените на должност или случајните минувачи ќе бидат ослободени од правилото. Тој нагласи дека мерките се развиени во соработка со европски експерти и италијански и француски партнери. Според него, секоја предложена мерка е во согласност со член 47 од Уставот на Албанија, член 11 од Европската конвенција за човекови права, јуриспруденцијата на Судот во Стразбур, Венецијанската комисија и упатствата на ОДИХР за слобода на мирно собирање. Тој рече дека родителите ќе платат казна ако се покаже дека нивните деца под 14 години предизвикале штета. Рама изјави дека е подготвен да ги сослуша граѓаните кои имаат забелешки кон владата, но изјави дека барањето за негова оставка „не може да се наметне со сила“. „Кој и да бара моја оставка греши ако мисли дека може да се наметне со сила или со која било друга форма на насилство. Јас имам должност да ја заштитам земјата и народот од каков било обид да се врати Албанија назад“, рече премиерот. Тој изјави дека државата има должност да го казни секој што крева рака врз јавниот и приватниот имот и што го загрозува редот и безбедноста.Тагови: Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПолициски кучиња избегале од домот на својот тренер и повредија маж и жена (ВИДЕО) Две лица се сериозно повредени откако две полициски кучиња избегале од дворот на домот на нивниот тренер во Сајлеби.Две лица се сериозно повредени откако две полициски кучиња избегале од дворот на домот на нивниот тренер во Сајлеби, Лестершир, објави „Мирор“. Полицијата потврди дека е започната истрага. Едно куче моментално е на активна должност, додека другото е „пензионирано“. На снимката се гледаат две кучиња, за кои се верува дека се германски овчари, како лаат на улицата и се приближуваат кон жена. Маж во возило застанал да ѝ помогне и очигледно бил каснат од едно од кучињата. @perry_news_hq Breaking news. TWO INJURED AFTER POLICE DOGS ESCAPE HANDLER'S HOME. Sileby police dogs escape garden and injure two people. Two hurt after operational dog bites man in Leicestershire. On Tuesday the twentieth of October in Sileby near Loughborough an operational police dog and a retired one escaped the garden of their handler’s home. The dogs which appear to be German shepherds barked in the street and approached a woman before the operational dog bit a man on the ankle as he stopped to help. His work boots limited the injury to minor cuts. Leicestershire Police called it an isolated incident after a thorough investigation, spoke to the handler about the gate, ordered a safety assessment and apologised to those involved. This is breaking news and a UK news update on the local incident. Sileby police dogs escape Two people suffer minor injuries Operational dog bites ankle Isolated incident police confirm Force apologises to public THIS IS A BREAKING NEWS STORY. DETAILS MAY CHANGE AS MORE INFORMATION COMES IN. SOME THINGS MAY NOT BE MENTIONED IN THIS NEWS STORY BECAUSE DETAILS HAVE CHANGED. THIS REPORT IS BASED ON THE LATEST INFORMATION AVAILABLE AT THE TIME OF PUBLISHING. #breakingnews #news #Leicestershire #PoliceDogs #CapCut ♬ original sound - DR-PERRY-🟦🟩🟥🟪-NEWS-HQ Полицијата соопшти дека станува збор за изолиран инцидент, но потврди дека ќе истражат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38